Ромалитико во изминатиот период го застапуваше ставот пред македонската јавност и меѓународната заедница дека етничката графа треба да остане дел од пописот кој се предвидува во 2020 година.

Од идниот претседател на државата, пред се, очекуваме поголема сериозност во промоција и заштита на човековите права со посебен осврт на ромската заедница, бидејќи според сите анализи се покажува дека ромската заедница, се уште е една од најдискриминираните во македонското општество.

Аваја на доручекот со новинари ги презентираше импресиите од терен и објави дека собра повеќе од 10.000 потписи. На оваа средба со новинари Аваја го најави крајниот настан од кампањата Ние Гласаме Ние Одлучуваме, односно јавната средба на претседателските кандидати Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски.

„Учеството на ромската заедница на овие избори е можност за пренесување на ромските колективни интереси до кандидатите за претседател на државата. Од овие средби се подготви Манифест за ромската заедница со трите 3 конректни барања, кои ќе ги доставиме  до политичките партии, до невладините организации и до странските преставништа“, рече граѓанскиот активист Елвис Шаќири.

Според нив, легитимитетот на оваа иницијатава произлегува од претходните консултации со заедницата и поддршката со 10.000 потписи од ромската заедница.

Partners and Supporters

     

Find Us

Contact us

Dimitrie Cuposki 25/1
1000 Skopje, North Macedonia

[email protected]