Во претходните анализи на Ромалитико визната либерализација е разгледана од меѓународен политички и економски аспект. Во неколку наврати е напоменато дека слободното движење на луѓе и капитал во време на финансиска криза е пропратено со зголемен прилив на баратели на азил во економски побогатите членки на Европска Унија.Очигледно е дека ваквиот тренд резултира во ревидирање на правилата за патување и можно поставување на нови мерки околу визниот режим. Сепак, мора да потсетиме дека миграциите и барањето на азил не се нов и непознат феномен за Македонија и за останатите држави во регионот. Миграциите (и во поново време барањето азил) се познати како една од можностите за излез од немаштијата и бедата, односно наоѓање на подобри животни услови и прилагодување кон истите (економски, социјално и политички).Бидејќи потрагата за излез од немаштија и беда луѓето ги  присилува да мигрираат, слично како постапките кои ги прават од Блискиот исток, Африка и Азија.

Миграциите постојат од кога и човекот постои, бидејќи во историјата на човештвото познато е дека луѓето патувале ден и ноќ во долги временски периоди трагајќи по подобри и побезбедни животни услови. Сепак мигрирањето од Македонија се бележи уште од почетокот на 20-от век поради разни причини. На пример: за време на Отоманската империја миграциите беа поттикнати од  политичките немири и потрага по богаство во Новиот Свет. Исто така по Втората Светска Војна, потрагата за вработување, политички опозициската положба со Југословенскиот комунизам и катастрофалниот земјотрес во 1963 предизвикаа иселување на населението во неколку наврати.[1]

Различни економски и безбедносни шокови предизвикаа миграции како во минатото така и денес, при што мигрирањето продолжува кон Европските земји или кон земјите каде што има подобри услови за безбеден живот, социјална и економска благосостојба и правда. Според извештајот на Европската Комисија (Април,2012), по визната либерализација, бројот на баратели за азил во 44 индустријализирани земји во 2009 година се зголеми за 6.351 лица од кои 5.773 барања беа поднесени во ЕУ27.

Како резултат на визната либерализација која беше овозможена од 2009 година, од земјите на Западен балкан кон земјите на ЕУ се случи масовна миграција на луѓе кои по потрага за подобар живот стабилни социо-економски услови за живот се почесто бараа и азил како решение подучени од примерите на лицата кои доаѓаа од Блискиот исток, Африка, Азија каде што имаше и недостаток на елементарна демократија и безбеден живот.

Оваа анализа ги анализира придобивките и трошоците (губитокот) на државата преку илустрирање одредени претпоставки и калкулации кои даваат подлога да се креира COST-BENEFIT анализа за овој феномен на подолг план. Ќе ги анализираме различните групи кои ја напуштија Македонија во последните две децении.

Економска состојба на Република Македонија

Република Македонија континуирано се соочува со истите економски проблеми, односно високи стапки на невработеност и сиромаштија. Во периодот кога Македонија беше дел од Југославија стапката на невработеност пристигна до 26.7% која што ја позиционираше Македонија како најсиромашна република на Југославија. Еден од показателите на макроекономската состојба на Република Македонија е реалната стапка на раст на Бруто Домашниот Производ кој што по осамостувањето на земјата од 1991-1995 резултираше со негативен раст.

Ваквиот пад беше нормален и очекуван за една млада економија која се соочуваше со тешкотии уште пред осамостојувањето.Осамостојувањето резултираше неминовен премин кон нов економски, политички и социјален систем кој, според многу истражувања и студии на релевантни институции и истражувачи се карактеризира со неподготвеност и криминалната транзиција кои придонесоа до негативни ефекти во целиот систем на државата. Во периодот на транзиција голем број на претпријатија беа криминално приватизирани, одеа под претходно смислен стечај или пак беа потполно исклучени од пазарот. Во тој период стапките на невработеност нагло се зголемија и останаа високи се до првиот квартал на 2013 година. Тие во приодот 1995 – 2013 се движеа во границите од 32% до 40%.

Со новиот извештај на Заводот на Статистика во вториот квартал од 2013 година стапката на невработеност во Република Македонија изнесува 28.8%. Ако правиме споредба на стапките на невработеност на Република Македонија денес со периодот во Југославија можеме да забележиме дека стапката која што била највисока во цела Југославија била 26.7% . Во изминатиот период се до денес Македонија не може да ја достигне оваа стапка на невработеност.

Ваквата ситуација на државата е еден од показателите за нестабилна економија која доведува до зголемена и длабока сиромаштија кај граѓаните на Република Македонија. Временски гледано поголем дел од ромската популација живее во хронична сиромаштија така да многуте истражувања ги повторуваат истите констатации без притоа да дадат одговор како нашата популација се справува со последиците на лошите економски перформанси во државата.

Сите овие најразлични негативни економски, политички и други показитали и активности на државата се доволни причини за барање излез и барање за миграција а многу почесто и барање на азил од истите во другите држави.Одливот на кадри и граѓани од среден слој од државата се доказ за неуспешно применетите политики и стратегии за подобрување на економската состојба. Затоа последните резултатиза стапката на невработеност објавена од страна на Заводот на Статистика предизвикуваат сомнежи. Тука се поставува прашањето како успеавме нагло да ја намалиме стапката на невработеност во Македонија? Дали миграциите имаат ефект врз намалувањето на стапката на невработеност или пак станува збор за зголемено вработување, иако е јасно дека освен вработувањата во државна админстрација во приватниот сектор нема значајни промени околу побарувачката на работна сила.

Анализа

Во овој дел ќе се обидам да анализирам неколку показатели за миграциите од кои ќе следат одредени калкулации и илустрации.

Во неколку наврати споменав дека миграциите се пропознатлива навикана граѓаните на Македонија кои се иселуваат од земјата во повеќе бранови во последните 100 години. Затоа денес не постои точна и дефинирана бројка околу државјанитесо Македонско потекло. Различните извори имаат различни бројки, како на пример; според проценките на Светската Банка (World Bank, 2011, 2011a) стапката на мигрирање од Р. Македонија изнесува 21,8 % што значи дека значителен дел од вкупното население живее во странство. Додека пак, ако се земат во предвид податоците на Еуростат тогаш стапката на емиграција изнесува 26 % која што претежно се смета за точно проценет индикаторза сегашната големина на македонската дијаспора.

Chart 1: Број на граѓани на Република Македонија кои се државјани во одделни земји на Европа во период од 1996-2010 Switzerland Migration Office data for 2008, 2009 and 2010 Source: Eurostat (2011): Population by sex, age and citizenship (migr_pop1ctz). in: http://epp.eurostat.ec.europa.eu; Council of Europe, Recent Demographic Developments in Europe; Switzerland Migration Office

Според податоците на Еуростат можеме да забележиме дека миграциите имаат нагорен кумулативен тренд со текот на времето. За ралика од другите години,од 2005 година е забележителен висок одлив на мигранти кои легално ја напуштаат државата. Оваа бројка во 2005 година кумулативно изнесуваше 251.247 додека пак во 2010 година се намали на 240.052 лица.

Ако во оваа пресметка ги вклучиме и нелегалните миграции тогаш вкупната бројка уште повеќе ќе порасне. Но поради факот дека нема точна информација околу нелегалните миграции пресметките ќе бидат базирани на оваа бројка од 2010 година.

COST-BENEFIT ANALYSIS - Трошоци (губиток) на државата

Со оглед на тоа дека вкупниот број на мигранти кои добиле државјанство или престој надвор од Македонија изнесува нешто повеќе од 10 проценти од вкупната популација потребно е да ги пресметаме губитоците на државниот буџет.

Под предпоставка дека 50% од вкупниот број на емигрирани државјани од Република Македонија или 120.026 лица претставуваат активно население, 10% стари лица и 40% деца, ученици и студенти губитоците на државата се:

1. Државниот буџет трпи губиток во даноците- данок на доход, даноци за осигурување, данок на додадена вредност, данок на имот и други даноци. Буџетот на Република Македонија се состои од вкупни приходи и расходи. Во категоријата на вкупни приходи спаѓаат: даночни приходи и придонеси, неданочни приходи, капитални приходи и донации. Вкупните буџетски приходи во 2012 година изнесуваа 2,883милијарди долари[2]. Ако оваа бројка ја поделиме со вкупната популација од 2.030.000 жители произлегува дека приливот на буџетот на Р.Македонија по глава на жител изнесува 1.420долари. Доколку овој износ го множиме со вкупниот број на мигранти ($1.420 *240.052 мигранти) произлегува дека државата губи околу 341.205.180 долари. Ова значи дека наместо 2,883 милијарди долари вкупните приходи би изнесувале околу 3,224 милијарди долари ( 2,883 милијарди долари + 341.205.180 долари).

2. Вкупната популација на Република Македонија изнесува 2.087.171. Збирот на вкупната популација во Република Македонија и вкупниот број иселени граѓани изнесува 2.327.223. Ова би значело природен раст на вкупната популација без дополнитални трошоци и проекти за зголемување на наталитетот. Тука е опортунитетниот трошок на државниот буџет кој што се троши за социјални трансфери на семејствата со трето дете се со цел за зголемување на наталитетот. Доколку државата би имала природен раст на наталитетот средствата наместо социјални трансфери би можела да ги насочи во ивестиции кои би придонеле за креирање на нови работни места и зголемена економска активност која понатаму би покажала поуспешни макроекономски резултати.

3.Вкупниот Бруто Домашен Производ – Во 2012 година вкупниот Бруто Домашен Производ изнесуваше 9,6 милијарди долари. Ако го поделиме овој износ со вкупниот број на жители од 2.030.000 (9,6 милијарди долари/ 2. 030.000 број на жители) го добиваме износот по глава на жител 4.729 долари.Со вкупна популација од 2.327.223 оваа бројка би изнесувала околу 11милијарди долари (4.729 долари * 2.327.223 вкупна популација). Што значи дека вкупниот Бруто Домашен Производ губи околу 1,5 милијарди долари од 240.052 македонски мигранти.

Придобивки (бенефити) на државата

Освен губитоци и опортунитетни трошоци државата има и придобивки од миграциите. Придобивките најчесто се од аспект на олеснување на трошоците од државниот буџет бидејќи најголемиот број иселеници се економски ранливи групи, односно корисници на социјална помош. Претежно Ромите спаѓаат во оваа група бидејќи според проценките 95% од ромската популација живее во приградски области во многу лоши животни услови.[3] Исто така стапките за невработеност на Ромите се највисоки во државата.

Според извештајот на УНДП во 2005 година стапката на невработеност на ромската популација достигна до 79% во компарација со нациналниот просек од 37.2% (UNDP, 2006, p. 11). Високата стапка на невработеност значи и висока стапка на сиромаштија. Според извештаите стапката на сиромаштија меѓу ромската популација во 2008 година изнесуваше скоро три пати повеќе од националниот просек: 88% во однос на 30% во Р.Македонија (LBI, 2008, p. 168).

Како резултат на високите стапки на невработеност и сиромаштија нормално е голем дел од ромската популација да биде зависник на социјална парична помош. Според истражувањата на ISPR (2004) 44% од Ромите се зависни од социјалните трансфери.

Сите горенаведени факти се причини и одредено оправдување дека најчесто Ромите мигрираат надвор од земјата и бараат излез во другите држави. Од ваквите миграции државата има придобивки во:

1. Намалување на трошоците во државниот буџет- вкупните трошоци на буџетот на Република Македонија се состојат од: расходи за плати и надоместоци, расходи за стоки и услуги, трансфери до ЕЛС, субвенции и трансфери, социјални трансфери, каматни плаќања и капитални расходи.

Според Заводот за Статистика во 2012 година повеќе од 50.000 лица биле корисници на социјална помош. Нагорниот тренд на мигранти го олеснува товарот на државниот буџет со самиот акт на напуштање на државата.

Табела 1: Баратели на азил по возрасни групи во вториот квартал од 2011 прикажани во проценти

Ако ги земеме бројките од табеларниот приказ за Македонија во 2011 година и истите помножиме со 1.800 МКД (социјална месечна помош по лице), тогаш добиената сума покажува за колку се намалуваат расходите на државниот буџет за социјална помош (околу 650.000 Евра годишно). За дваесет години тоа е сума од околу 13 милиони Евра помалку за социјални парични трансфери за заминатата сиромашна популација. Ова е релативно мала заштеда на буџетски расходи во однос на сумата на приходи кои може да ги генерираат лицата во случај кога би работеле и трошеле во Македонија.

Под претпоставка дека сите кои заминале се ниско образуван кадар во кој државата потрошила најмалку осум години за нивното образование заштедените расходи од 13 милиони Евра се скоро безначајни. За жал бројот на високо образувани кадри е многу голем и без точна евиденција а од друга страна нивното заминување останува во сенка поради критиките кои ги добиваме за иселувањето на сиромаштијата. Така се доаѓа до ситуација на парадокс во кој сето општествено и институционално внимание е насочено кон задржување на сиромашните слоеви во земјата и безгрижно пуштање на образовните профили во кои сите ние инвестиравме од државниот буџет преку финансирањето на јавните образовни институции. Хипокризијата е дотолку поголема што ЕУ членките имаат позитивна регулатива за протокот на високо образовната работна сила додека за сиромаштијата се повеќе се поставуваат рестриктивни мерки за патување низ континентот. По правило секоја рестриктивна мерка предизвикува нови аномалии во општеството, особено во доменот на ограничување на движењето на луѓе и стока па најчесто се јавуваат организирани групи кои ја корумпираатграничната полиција и царина, повторно финансиски ги исцрпуваат токму сиромашните граѓани кои немаат друг избор во својата матична држава. Од друга страна медиумите и политичарите јавно ги критикуваат ранливите групи за нивната наводна злоупотреба на безвизниот режим иако сите знаеме кој и како манипулира со информациите и убедувањата дека на Запад има подобри услови за живот. На крај, вниманието на целата јавност е погрешно насочена кон обичниот граѓанин, наместо кон селективноста на мерките и однесувањето на ЕУ институциите искажан преку притисок кон нашите домашни институции. Радикалните групи се јавуваат како „заштитници„ на државниот интерес во однос на задржувањето на безвизниот режим што дополнително носи негативни поени за нашата демократија и слабост на институциите. Ова е типичен пример како повторно ЕУ и нејзините недоречени мерки негативно се одразуваат врз правата на сиромашните граѓани.

На крајот, целата ситуација произведува системски и финансиски аномалии затоа што освен време и труд, голем дел од средствата завршуваат во рацете на сомнителни структури или корупција додека сиромашниот граѓанин станува се посиромашен. Членките на ЕУ и сегашните земји кандидати не ги научија лекциите од последните две проширувања, ниту пак покажуваат желба нешто да променат во своето однесување и проценување на состојбите, туку едноставно најлесно решение бараат во политичко кокетирање со својот електорат дека со новите механизми на визниот режим ќе ги заштитат интересите на своите граѓани.

2. Намалување на стапката на невработеност – Заводот за Вработување на Р.Македонија од неодамна невработените лица ги има поделено на активни и пасивни баратели на работа. За активно население се сметаат вработените и лицата кои што не се вработени но редовно бараат работа; додека под пасивно население се подразбираат невработени лица кои подолг временски период не аплицирале за работа.

Ако ги земеме во предвид мигрираните граѓани на Република Македонија кои си заминале од државата тогаш тие би спаѓале во групата на пасивни баратели на работа поради тоа што подолг временски период се наоѓаат надвор од државата и не се во можност да аплицираат за работа.

3. Приливи на депозити – еден од важните бенефити на имање мигранти надвор од државата е приливот на девизни валути во државата. Ваквиот прилив има значајна улога за државата бидејќи ја обезбедува со странски депозити без приота да се задолжи кон странски инвеститори.

Интерни миграции

Во Република Македонија освен зголемениот број на миграции надвор од државата зголемен е и бројот на внатрешни миграции. Ова е резултат на демографската и економска развиеност на државата. Во зависност на регионот на живеење државата е поделена на два дела: исток и запад. Источниот дел од државата не е развиен како западниот дел бидејќи концентрацијата за развој е насочен кон поголемите градови (вообичаено на запад) од државата.

Претежно сиромашните слоеви страдаат најмногу бидејќи постојано се потиснувани надвор од централните делови на градовите и на тој начин формираат сиромашни гета или населби. Затоа и постои така наречен ‘‘ Македонски феномен‘‘ за интерни миграции кон западните делови од државата. Долунаведените податоци ги потврдуваат  интерните миграции во различните региони низ државата.

Табела 2: Интерни миграции на регионално ниво во Република Македонија, 2006-2010
Извор: State Statistical Office of the Republic of Macedonia, Migrations, Statistical Review: 2.4.8.08 (2007); 2.4.10.07 660 (2010)

Забележителна е бројката на интерни миграции во регионот на Скопје кој што изнесува 5.565 од вкупната бројка 15.247. Ова значи дека побогатите слоеви на граѓани мигрирале внатре во државата додека пак сиромашните слоеви не можејќи да одговорат на развојните инфраструктурни промени  останале во сиромашните гета… се до моментот кога ќе одлучат да јанапуштат земјата за подобра иднина.

Ваквата миграција доведува до нерамномерен развој на Единиците на локална самоуправа и појава на развиени и големи општини и рурални и неразвиени општини. Нормално повторно причина за интерна миграција.

Заклучок

Целокупната анализа покажува дека Република Македонија се уште продолжува да се соочува со истите аномалии и проблеми. Со цел намалување или подобрување на состојбата во Македонија ќе наведам неколку кратки препораки:

Намалување на политичкиот притисок врз работните места – немањето редовен работен однос ги прави луѓето несреќни и посиромашни. За да се зголеми благосостојбата и квалитетот на живот владеачката политичка партија не треба да одлучува за работните позиции туку да креира хармонија и еднаков третман кон граѓаните на Република Македонија. Бидејќи преку почитување на правила и процедури се креираат квалитетни кадри кои би придонеле со значителни промени во државата.

Зголемени инвестиции во едукација на млади – инвестициите во едукацијата се најсигурни и најисплатливи. Меѓутоа креирањето едукативни програми, проекти и стипендии не се доволни за совршен едукативен систем. Потребно е и овозможување на работни позиции за младите генерации се со цел да се стекнат со практични знаења и вештини.

Отворање на приватните образовни институции- се со цел креирање на поквалитетни едукативни кадри, државните институции треба да соработуваат заедно со приватните институции. Заедничката соработка освен креирање на квалитет придонесува и со зголемени приходи во буџетот на државата.

Инфраструктурни проекти и инвестиции насочени кон рурални области- развојната концентрција насочена кон централните градови ги запоставува сиромашните делови од државата. Со цел намалување на нееднаквоста меѓу граѓаните потребни се инвестици во рурални области кои би им овозможиле еднакви и подобри услови за сиромашните слоеви

 

Анализата подлежи на авторски права и забрањето е неовластено објавување, превземање на делови од текстот, репродуцирање и дистрибуција без претходна согласност на авторот.

 

[1]http://www.migrationinformation.org/Profiles/display.cfm?ID=608

[2]https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/mk.html

[3](Lakinska, 2000).   Empirical research targeting 3,122 Roma households in the largest Roma settlement in Macedonia ShutoOrizari

Врската меѓу парите и политиката е неизбежна, широко распространета и веројатно неуништлива. Во тој однос ваквата врска е разбирлива со оглед на фактот дека политичките партии имаат потреба од пари за учество во политичкиот натпревар и одржување кохезија меѓу членството на партијата. Сепак, позицијата на одржувањето на моќта во општеството која е дадена на политичките партии, исто така, бара одреден степен на одговорност и отчетност кон своите избирачи (Carey & Reynolds, 2007). Поради тоа, начинот на кој политичките партии се финансирани влијаат на односите на политичките партии и нивните членови, гласачите и општата јавност кои се важни  за квалитетот на демократијата во едно општество (Burnell, 1998). Во тој контекст, партиските финансии придонесуваат за да се одржи и зајакне политичката дебата, како и да влијае врз внатрешната демократија на политичките партии. 

Во поглед на Македонија, политичките партии го следат познатиoт модел меѓу парите и политиката - пристапот до политички партии го олеснува пристапот до пари, и пристап до пари купува политичко влијание. Во оваа рамка, владеачките партии партии ги користат државните ресурси и фондовите за да ги "наградат нивните сојузници" и "казнат" оние кои се критички настроени кон нив. Политичката битка во Македонија се води меѓу двете најголеми македонски и албански партии, додека другите мали партии (вклучувајќи ги и Ромските се "минорни играчи", кои вообичаено се приклучуваат во рамките на коалициската влада. Оддтука произлегува дека малите политички партии се само илустративни марионети на поголемите партии, иако тие можат да влијаат за време на изборите (особено на локалните и претседателските избори). Иако малите политички партии манифестираат монополска моќ во партијата (моќ е концентриана во рацете на лидер), тие не знаат да ја  практикуваат нивната моќ во рамките на коалициската влада.

Имајќи ја во предвид улогата и одговорноста на ромските партии во досегашните владини коалиции, оваа анализа укажува на намерните и ненамерните пропусти во досегашното манифестирање на политичка култура која засега произведува дисбаланс меѓу практикувањето на политичката моќ со дадените финансиски можности. Поинаку кажано, во пракса ова значи дека ромските политички партии го црпат легитимитетот од ромскиот електорат додека улогата и одговорноста им е делегирана од страна на коалиционите партии во власта. Така испаѓа дека „поголемата одговорност„ на ромските политички партии и слабата финансиска моќ резултираат во намален кредибилитет кај ромската заедница. Во случај на ромските политички партии, ветувањата се делегирани од страна на главните коалициски партнери и им служина нивните интереси. Ова укажува дека ромските политички партии имаат пост - изборнии договори за размена нафинансиската "колач" по изборите. Меѓутоа, обично позицијата на политичките партии се определува од логиката натрошоци и придобивки, при што ги калкулираат иднините бенефиции (моќ, власт, позиции во јавната администрација,јавните политики) со нивните трошоци (администрација, политичките кампањи и сл.) 

Оваа анализа има за цел да укаже на какон начинот на финансирање на политичките партиите влије врз кврз внатрешната демократизација на  ромсктеи политичките партии и придонесува за подобра практика на нивната моќ во коалициската влада. Покрај тоа, оваа анализа обезбедува  аналитичка рамка преку која може да се анализират партиските финансии  и предлага стратегии за финансирање на раомските политичките партии.

Аналитичка рамка

Неодамнешната случувања на политичката сцена во Европа го потврдијаа "демократското незадоволство" на граѓаните кое се карактеризира со зголемена недоверба во политичките институции, пад на традиционалните форми на политичка партиципација (гласање,членство) и поголема дистанца меѓу политичките лидери и граѓаните (Hopkin, 2004). Во последните пет години гласачите се сведоци на низа корупциски а скандали поврзани со партиското финансирање на Балканот, но и во "западните" демократии вклучувајќи ги и Грција, Италија, Шпанија, Ирска, Франција и Белгија. Овиескандали потврдуваат дека темата на финансирање на политичките партии е од суштинско значење за придобивање на довербата на гласачите, која е една од основните столбови на демократијата. 

Политиколозите, честопати утврдуваат дека полето на финансирање на политичките партии е малку истражувано и укажуваат на недостаток од емпириски истражувања кои ќе ги поткрепат досегашните теории. Пионре во оваа област е Хопкинс (2004), кој обезбеди рамка за анализирање на партиските финансии врз основа на типологија на партиите - мас-партии, клиентни партии; елитни и картел партии. Според тоа, врз основа на типологијата на партијата може да се изведат различни стратегии (модели) на финансирање. Следната шема овозможува да се анализираат на карактеристиките на различни видови на политичка партии и нивниот модел на финансирање.

Сепак, политичките партии во практичен аспект не може секогаш јасно да се категоризираат во една од горенаведените видови. Дополнителен фактор кој придонесува за тоа е исто така се погоглемата литература за виовите на политичките партии, при што речиси не евозможно една политичка партија  да биде во рамките на една категорија. Покрај оваа лимитациаја, оваа рамка придонесува да се разберат карактеристиките на политичките партии и нивните  стратегии за финансирање.

Во политички контекст на Македонија, партиите користат микс стратегија на финансирање, кои во голема мера се потпираат на државните ресурси. Следниод дел ги евлуира начините на финансирање на политиките партии во Македонија со посебен фокус на Ромсктие политичкие партии. 

Финансирање на политичките партии

Според Законот за финансирање на политичките партии, изворите на финансирање се делат на јавни и приватни. Јавните извори на политичките партии генерално произлегуваат од буџетот на државата, додека, приватните извори на финансирање произлегуваат од членарина, донации, подароци, прилози, спонзорства, продажба на промотивен и пропаганден материјал.[3] Од тука следи констатацијата дека поголемите политички партии се и поголеми корисници на буџетските средства, бидејќи парите се распределуваат согласно со процентот на освоени гласови и бројот на пратенички места (види шема). Јавните извори се константна категорија во буџетите на партиите, каде што поголем дел одат кај најголемите политички партии (ВМРО, СДСМ, ДУИ и ДПА) кое им дозволува да имаат големи и скапи и зборни кампањи. Од друга страна, останатите помали политички партии, вклучувајќи ги меѓу нив и ромските, најчесто одат во коалиција со горенаведените партии така што добиениот процент од јавните извори е занемарувачки многу мал.

Графиконот подолу ја потврдува истата “шема“ и во рамките на приватните извори на финансирање. Големите политички партии кои се активни веќе 20 години во политичката арена се главни актери во креирање на политиката и имаат развиена мрежа на финансирање која се потпира на донации, членарина, спонзорства и услуги. Доколку се анлизираат во наведената аналитичка рамка, тие имаат примеси на клиентни и елитни партии. Клиентни примеси - поради потчинетоста на гласачкото тело преку каналите на јавна администрација и дистрибуција на јавните добра. И елитни поради блиските односи со бизнисот (стопански комори), медиуми и богати поединци. 

Наспроти нив малите политички партии сосем малку се потпираат на приватните извори на финансирање (услуги и спонзорства). Од графиконот може да се забележи дека малите политички партии немаат финансиски извори од членарини и донации. Од анализата на годишните извештаи  следи дека ромските политички партии најчесто се потпираат на услугите добиени од страна на ромските телевизии БТР (“наклонети“ кон партијата на Сојуз на Ромите) и Шутел (сопственост на Неждет Мустафа); како и ситни спонзорства добиени од страна на локални бизнисмени.

Графикон 1: Извори на финансирање на политичките партии според големината на политичките партии

 

Наведената структура укажува дека ромските политички партии, кои спаѓаат во категоријата на мали партии, немаат развиено мрежа на финансирање затоа што “не знаат“ или “не сакаат“ да ги искористат можностите кои им се нудат. Една од ТЕЗИТЕ за објаснување на ваквата позиција е дека ромските партии не ги познаваат можностите за финансирање. Доколку ја застапуваме оваа теза и ја адаптираме на ромската политичка сцена, ова значи дека политичките лидери не знаат и немаат капацитет/ вештини за привлекување на финансии. Како резултат на оваа партиите се потпираат на алтернативни начини: преку лични средства добиени од партиските лидери, “кредити“ од банки, или преку т.н. “Банка на услуги“ каде што се тргува услуга за услуга “вработување во државна администрација“ со “паричен надоместок за потребите на партијата или лидерот“. Во овие рамки, ромските политички партии имаат примеси на клиентни партии која се должи на односо патрон - клиент, кој се базира на материјална размена. Овој модел овозможува голема моќ на лидерот на партијата и партиска послушност на останатите членови во партијата. 

Втората теза е дека ромските политички партии “не сакаат“ да ги искористат финансиските можности кои им се нудат. Според Jonathan Hopkin, професор на Универзитетот за Бизнис во Лондон, диверзифицираноста на изворите на финансирање придонесува за демократско владеење преку поголема транспарентност и одговорност на членовите на партијата; помала зависност од партискиот лидер, особено во помалите политичките партии како и помала можност за “манипулација“ со гласовите.[4] Имено доколку ромските партии се финансираат во поголем дел од приватни извори значително би се сменила структурата на партијата, би се подобрила внатрешната демократија и ромските граѓани не би биле заложници на ромсите лидери на партиите. Очигледно, ова им одговара на политичките партии и оди во спротивност на интересите на ромските лидери кои не сакаат да ја изгубат нивната моќ и контрола врз партиското членство. Оваа хипотеза покажува дека прогресивни промени не се добредојдени поради фактот дека поголемаеманципација на изборното тело ќе доведе до промени на нивните  политички преференци.

И двете тези укажуваат на слаба финансиска моќ на ромските политички партии кои го диктираат нивното работење и развој. Како резултат на ваквото “незнаење или “не сакање“ да се искористат можностите за финансирање, ромските политички партии преферираат да се борат за личните и во рамките на дадените можностите од коалиционите партнери за колективните интереси на партијата. Овие интереси ги детерминираат превземените одговорности кон ромската популација и тие се главна причина за коалицирање со политичките партии. Ваквите коалиции на големи и мали партии налага помала преговарачка моќ и партиска послушност. Доколку ромските политички партии не коалицираат со големите политички партии,треба самостојно да настапат на изборите што е поврзано со повисоки трошоци за администрирање во партијата, повисоки трошоци за изборна кампања и несигурност за добивање партиски фотелји. Очигледно во сето ова интересите на ромските граѓани се фокусирани некаде “таму“ – во владините позиции добиени на нашите ромски лидери или во фиоките на коалиционите партнери (ВМРО/СДСМ).

 

Заклучок и препораки

Ургентноста од развивање на стратегија за финансирање на ромските политички партии е неопходна за натамошен напредок на истите и остварување на јавните политики поврзани со ромската заедница. Потенцијалната моќ на ромските политички партии е голема и неопходна за придонес на општа демократизација, транспарентност, отчетност и одговорност на политичките партии. Сепак, речиси сите политички партии во Македонија имаат пропусти во нивното функционирање (корупциски скандали, репресија, слаба внатрешна демократија и слично) дури и повеќе од ромските политички партии. Во оваа смисла, ромските партии треба да покажат единство, поголема демократска зрелост иполитичка култура поради постоечката стигма во општеството. 

Од тука произлегуваат следните препораки кои се однесуваат на ромските политички партии, ромската елита и ромската заедница:

Единство на политичките партии во еден / два блока - Во моментов има шест ромските политички партии коифункционираат во Македонија, што би можело да се смета за добар показател за политичката партиципација . Иакоова може да биде добро за политичката конкуренција и развој на партиите, покажува дека не е корисно, бидејќиромските политички партии имаат помалку моќ за преговарање во рамките на коалицијата. Поради тоа, ромските политички партии треба да се обединат во еден / два идеолошки блока (кои тесно ќе соработуваат во интерес на Ромите). Како резултат на ова, трошоците за партиска администрација ќе бидат пониски и ќе им се обезбеди просторза фокусирање на привлекувањето на приватни извори. Покрај тоа, исто ќе се придонесе за оптимално искористување на веќе развиена мрежа на членство од различните партии

Развивање на стратегија за приватно финансирање - Од анализата, очигледно е дека најголем предизвик за ромските политички партии е отсуството на ресурси за финансирање на нивните политички активности. Поради ова, партиите се  фокусираат на добивање "канцалариски места" во преговорите во коалицијата, и поради тоа се потпираат на алтернативни стратегии. Политичките партии треба да го зголемат нивното членство и обезбедат прилив средства во партијата преку месечни членарина, доброволни прилози и сл. Сепак, предуслов е да се создаде партиска идеологија со јасни цели трансформирани во политички програми и планови,  со кое што ќе се зголеми довербата кај ромската заедница. 

Соработка со бизнис секторот - ромските политички партии треба да се воспостават тесна соработка со бизнис секторот поради взаемниот интерес за заштита на капиталот на Ромите. Од една страна, ромските политички партии треба да лобираат за ромските бизнис и да придонесат преку законски измени и зголемување на можностите преку државните програми. Од друга страна, бизнис секторот треба да ги поддржи политичките партии на отворен и транспарентен начин.

Горенаведените препораки ќе ги зајакнат врските меѓу политичките партии, ромската заедница и бизнис сектороти ќе обезбедат поголема контрола и баланс во партијата. Во овој поглед, финансирањето на партиите може да придонесе за поголема внатрешна демократија и поголема моќ во преговорите со коалициониот партнер. Напоредно, поголемата моќ може да придонесе за имплементацијата на јавните политики за Роми (Стратегијата за Роми) и поголема еманципација на Ромската заедница.

 

Анализата подлежи на авторски права и забрањето е неовластено објавување, превземање на делови од текстот, репродуцирање и дистрибуција без претходна согласност на авторот.

 

[1] Ingrid van Biezen, Прирачни за финансирање на политичките партии, Издавач: Совет на Европа , Предговор Walter Schwimmer

[2] Carey, J., & Reynolds, A. (2007). Политички партти и одгворност на владите во новите демократии, Издавач: Party Politics.

[3] Burnell, Peter (1998) ‘Вовед: Парите и Политиката во новите демократии , pp. 3–21. Manchester: Manchester University Press.

[4] За потребата на оваа анлизара направена е поделба на политичките партии на големи, средни и мали кое се базира на нивната релативна големина.  Во категоријата на големи партии спаѓаат најголемите македонски и албански партии (ВМРО, СДСМ, ДУИ, ДПА); средни (ЛДП; НСДП; Гром), и мали (останатите етнички партии - Ромски, Турски, Бошњачки и сл.)

[5] Закон за финансирање на политичките партии, Службен Весник на Република Македонија бр. 76/2004, 161/2008, 96/2009

[6] Jonathan Hopking (2004),  Проблеми со партиските финансии: Теоретски перспективи за начините на финансирање на политичките партии Издавач: Party Politics

 

Живееме во време на глобализација која во последните неколку години навлезе во длабока финансиска криза. Во светот секој петти човек, а во Македонија секој трет граѓанин е сиромашен. Гледано од историски аспект, сиромаштијата е феномен кој одсекогаш постоел во општествата поради аномалиите во системот на организирање на државата. За разлика од минатото денес сиромаштијата е неприфатлива и претставува постојан предизвик за нејзино отстранување и искоренување. Сиромаштијата по својата природа е оспоруван концепт. Сепак научниците, креаторите на политики, дури и политичарите се согласуваат околу една работа – дека сиромаштијата е проблем. Каква и да е дефиницијата или описот на сиромаштијата главната или основната порака е дека сиромаштијата не е само состојба туку е и неприфатлива состојба.

После Втората Светска војна владите превзедоа поголема одговорност и решителност за елиминирање на сиромаштијата така што поставија заедничка платформа за обнова на Европа преку Маршаловиот план а од неодамна се поставени Милениумските Развојни Цели 2000-2015.

Во светот над 80% од луѓето живеат со помалку од 10 долари на ден, 25 илјади деца умираат секојдневно поради сиромаштија, 12,3 милиони луѓе се жртви на присилна работа, 186 милиони се невработени. Македонија е исто така опфатена со овие трендови, па така, според податоците на ОН (Обединети Нации), кај нас 50% од населението живее во некаков вид сиромаштија, а покрај оваа поразителна бројка, се смета дека одредени социјални групи се особено изложени на сиромаштија во споредба со останатите. [1]

Република Македонија е неизбежно дел од овие процеси и поради тоа има своја Стратегија за Намалување на Сиромаштијата. Сепак и покрај усвоената стратегија нагорниот тренд на сиромаштијата од 4% во 1990 стигна на 30,4% во 2011 година што укажува на потребата за прилагодување на начинот на живеење на населението според минималните услови. Одвикнувањето или учењето на нов начин на живеење со помали можности и ограничувања е тежок и болен процес за поединецот и семејството. Сепак, дел од македонските граѓани долго време живеат и скоро да се “навикнати” на живот во сиромашни услови. Станува збор за ромската популација, која е синоним за успешно опстанување во сиромашни субстандардни услови на живеење. Затоа со оглед на растечките трендови на сиромаштијата во светот и во Р.Македонија, време е да се постави обратна теза, односно дека во услови на зголемена сиромаштија нема потреба за интегрирање (навикнување) на ромската заедница во сегашните општествени текови туку обратно, новата генерација на сиромашни граѓани треба да се интегрира и учи од примерот на ромската заедница. Во оваа кратка анализа ќе наведам неколку примери како новата сиромаштија во Р.Македонија може да се прилагоди односно интегрира кон стилот на живеење на ромската заедница.

Политики и легислатива во Македонија

Како и секоја друга држава, Република Македонија има своја дефиниција со која одредува дали и во која категорија на сиромаштија припаѓа одредена група или поединец. Како сиромашни се сметаат лица, семејства и групи на луѓе чии ресурси (материјални, културни и социјални) се на такво ниво кои ги исклучуваат од минимално прифатливиот начин на живеење во земјата во која што живеат.[2] Под сиромаштија се подразбира состојба во која основните потреби се поголеми од можностите за нивно задоволување[3].

Според Уставот, Македонија е социјална држава која гарантира минимум стандарди на права за достоен и пристоен живот. Сепак во досегашниот период владите на Македонија не успеваат да се справат со овој феномен односно да воведат политики кои ќе ја подобрат економската активности и стандард на живеење. Секако, владините политики не се единствениот фактор кој влијае на економските перформанси и дека во голема мера ситуацијата е зависна од макроекономските прилики во регионот и пошироко.

Законот за Социјална Заштита ја дефинира паричната помош за невработените и социјално загрозените семејства. Така според законот[4], едночлено семејство според пресметките добива социјална помош од 2.174 денари, двочлено семејејство прима 2.979 денари, а семејство со три члена има социјалната помош од 3.784 денари. Четиричлено семејство добива 4.558 денари, додека петчлено семејство месечно прима  5.393 денари социјална помош. Овие износи на социјална помош ги добиваат само лицата кои за првпат поднесуваат барање за користење парична помош. Граѓаните кои повеќе од три години користат социјална помош добиваат за 50 отсто, односно за половина помал износ. Законот исто така дава можност за дополнителна финансиска помош на вработените чиишто месечни приходи се помали по глава на член од семејството во однос на месечната потрошувачка кошничка за едно 4 члено семејство.

Покрај позитивните законски прописи и обврски на институциите одговорни за обезбедување на социјална заштита на населението истите не ги ажурираат редовно податоците за бројот на корисници на социјална помош. Така на интернет страната на Министерството за Труд и Социјална Политика нема информации за бројот на корисници на социјална помош додека Заводот за Статистика има објавено податоци за корисниците во 2010 и 2011 година. Многу е тешко да се споредуваат податоците по години за да се види каков е трендот и дали превземените мерки на институциите даваат конкретни резултати во однос на социјално исклучените и невработените лица. Генерално во досегашниот период државата обезбедуваше социјална поддршка на 35.000 – 49.000 семејства во разни категории.

Фактори кои произведуваат сиромаштија

Во последните 30-40 години сиромаштијата низ светот се зголеми за два пати повеќе. Како резултат на зголемување на бројот на сиромашни лица, двојно се зголеми и бројот на сиромашни држави. Несомнено Р.Македонија спаѓа во групата на сиромашни држави во развој каде што според  Заводот за Статистика живеат 30.4% сиромашни лица. Постојат попвеќе фактори кои го произведуваат овој растечки тренд на сиромаштијата:

Фактори од општествен контекст:

Класното објаснување – сиромаштијата е резултат на маргинализација на група луѓе кои се исклучуваат од производните процеси поради што се ограничуваат нивните животни избори;

Административното објаснување – сиромаштијата се препишува на грешките и на неефикасноста на државните служби (пр., неспособност на политичките лидери, бирократија и сл.)

Нееднаквоста – сиромаштијата е продукт на нееднаквоста во општествената структура што имплицира демантирање на сите можности (пр., расна и полова нееднаквост).

Патолошките објаснувања сирмаштијата ја препишуваат на карактерот и поведението на сиромашните луѓе. Тука се вклучени:

Индивиндуалистичкото објаснување – сиромашните се навикнати да бидат неадекватни, да прават лоши избори во животот, а со тоа и самите да си го креираат својот животен стил;

Фамилијарното објаснување – верување дека сиромаштијата владее со едно семејство и таквото сиромашно објаснување се одржува со генерации;

Супкултурното објаснување – “културата на сиромашните” ги учи сиромашните да бидат поинакви и да се адаптираат на сиромаштијата заедно со елиминирање на секаква амбициозност и верба.[5]

Очигледно дел од сиромаштијата се невработените лица кои подолго време немаат работа или пак се исклучени од пазарот на трудот поради нивната возраст. Трендот на невработеност во Македонија константно се движи помеѓу 35 и 40 %, што е од голем товар за нашата мала неразвиена економија. Иако дел од невработените се активни во сивата економија, која изнесува 45% од вкупната економија, тоа е суштински проблем кој ниту една од владите не успеа да го искорени и најде системско решение.

Во одредени периоди институциите превзедоа мерки за прочистување на бројот на невработените што вештачки придонесе да се намали бројот на евидентирани баратели на работа, кој во суштина не ја промени ситуацијата. Во ваквите бирократски мерки најчесто ромското население беше одстранувано од евиденицијата за да по одредено време на чекање повторно се регистрира во евиденцијата на невработени или баратели на социјална помош. Така овој феномен наместо да има системско решение стана дел од дневното политизирање на властите пред и после изборните циклуси со цел да се контролира зависноста на електоратот.

Како да се живее според Заводот за Статистика

Потрошувачката кошничка во Р.Македонија од година во година се повеќе поскапува поради инфлацијата односно порастот на цените што не значи дека се зголемува куповната моќ на граѓаните. Класично, кошничката вклучува производи од жито, месо, риба, млеко, млечни производи, јајца, масло и маснотии, овошје, зеленчук, шеќер, чоколадо и кондиторски производи, други прехранбени производи,  безалкохолни и алкохолни пијалоци. Почнувајќи од 2011 година, Државниот завод за статистика престана да ја пресметува потрошувачката кошничка според досегашните критериуми со цел да ги следи препораките на ЕУ во насока на хармонизирање на нашиот статистички систем со оној на земјите од ЕУ. За таа цел, Државниот завод за статистика во 2010 година за првпат ја спроведе Анкетата за приходи и услови за живеење, која во целост е хармонизирана според препораките на Еуростат. Оваа Анкета, меѓу другото, ќе биде и извор за пресметка на меѓународно споредливи податоци за животниот стандард во Република Македонија.[6] Последната проценка за висината на потрошувачката кошничка е направена за месец декември 2010 година во која просечната нето-плата по работник изнесуваше 21 454 денари. Вкупните трошоци за исхрана и пијалаци изнесуваа 12 342 денари и беа пониски од просечната нето-плата за 9 112 денари, односно за 42.5%. Ако се земе предвид фактот дека потрошувачката кошничка, која притоа содржи само храна и пијалаци, зафаќа 57,5% од просечната плата во земјава, излегува дека повеќе од половина плата граѓаните ја трошат за увозни производи.

Да го илустрираме ова со конкретен пример:

Да претпоставиме дека во едно 4 члено семејство едниот член е вработен и  месечно остварува приход од 21.454 мкд. Нешто  ппомалку од 60% од остварениот приход треба да го потроши на потрошувачка кошничка која изнесува 12.454 мкд од неговата плата. Од 21.454 мкд ќе му преостанат само 9.000 мкд. Каде ќе ги потроши овие пари? Допрва треба да плати расходи за електрична енергија, вода, кирија (доколку плаќа ), расходи за образование на децата, за облека, здравство итн.

Да анализираме едно 4 члено семејство колку реално би можело да ја искористи потрошувачката кошничка?

Производпретпоставка за потребни количини на месечно ниво

Вкупна месечна цена за производ

4 л. масло за јадење

400 мкд

62 леба

1550 мкд

5 кг. Брашно

250 мкд

30 л. Млеко

1500 мкд

6 кг. Месо

2400 мкд

15 кг. Зеленчук

1500 мкд

15 кг. Овошје

750 мкд

Хигиенски средства

2000 мкд

Пијалоци

2400 мкд

5 кг. Шеќер

250 мкд

2 кг. Сол

100 мкд

Кафе, чај, цигари

2000 мкд

Вкупно

15.100 мкд

Според пресметките од горенаведената табела произлегува дека просечната кошничка е поскапа за 2.646 мкд од утврдената без притоа да се калкулираат трошоците за сувомеснати, млечни и кондиторски производи.  Одлуката од каде ќе се троши за овие потреби е на секое семејство при што најчесто се скратува од прехранбените артиклите или пак се одложува плаќањето на сметките за електрична енергија, греење, вода итн. Да потсетиме дека просечната кошничка е пресеметана според висината на просечната плата во државата. Како и дали е можно да се обезбедат овие артикли со социјална помош од околу 5000 мкд. Одговорот е многу јасен и едноставен, не е можно да се прехрани семејството со подршката која ја дава државата. Доколку државата дава само околу 5000 мкд а семејството неизбежно троши минимум 15.000 мкд се поставува прашањето за даноците кои државата ги добива при купувањето на секој производ. Секој производ е најмалку 4 пати оданочен додека стигне во рацете на потрошувачот. Производителот плаќа данок за суровините и за работна сила за производство, следно се плаќа данок за транспортирање на производот, се оданочува трговијата на продавачите на големо и на мало, и на крајот купувачот плаќа 5% или 18%  данок на додадена вредност. Ако сумата од 15.000 мкд ја оданочиме 5 пати по 5 % (минимално) тоа изнесува вкупно 25% добивка на секој артикл за државата, односно 3.750 мкд. Ако оваа сума ја одземеме од дадените 4.558 мкд за 4 члено семејство излегува дека државата плаќа само 808 мкд месечна социјална помош. Тоа се 13 евра месечна помош по семејство односно вкупно 156 евра за цела година. На крајот пресметката покажува дека државата троши 7.6 милиони евра буџетски средства кои се неповратно дадени на 49.000 семејства –корисници на социјална помош.

Како се живее во ромска сиромаштија

Од наведените пресметки произлегува дека секое семејство и поединец мора да се снајде како знае и умее за да обезбеди донекаде достојна исхрана на сите членови на семејството. Ова Ромите го прават со векови наназад, при тоа често угнетувани и обесправувани од институциите на системот и поедини групации. Обичниот граѓанин кој е дел од новата сиромаштија е во предност кон Ромите затоа што неговиот социјален статус и третман од страна на институциите е далеку подобар, што автоматски значи дека полесно ќе се справува со сиромаштијата.

Следниве препораки се дадени со намера да се укаже на одредени потреби за привикнување или одвикнување на начинот на исхрана, размислување, делување и однесување во сиромашни околности, со јасна дистинкција за разликите со ромската заедница:

 

1.Користете го максимално претходниот социјален капитал (протекционизам)

Ромите немаат социјален капитал како мнозинската заедница, што значи дека немаат роднини и пријатели кои се вработени во институциите или во приватните компании за да им помогнат во ургентни ситуации. Новата сиромаштија во Македонија секогаш може да наиде на поддршка во рамките на системот и приватниот бизнис по фамилијарни или пријателски линии, солидаризирање по етничка и верска припадност. Ова за Ромите не важи, па затоа главата горе, ќе ви биде полесно да се справувате со сиромаштија отколку на обичниот Ром.

 

2. Јадете помалку

Доколку успеете да го навикнете семејството да јаде еден оброк во текот на денот, по можност некоја поефтина храна без месо, млеко, овошје и десерти, тогаш ќе успеете во уметноста на излегување на крај на месецот со социјалната парична помош на државата. Да не спомнам дека алкохолот, цигарите и патување на одмори се измислени идеали во ваква ситуација.

 

3. Купувајте облека само еднаш во неколку години

Облеката и обувките кои ги поседувате треба максимално да ги износите, што поретко перете за да не се искинат, а доколку се искинат да ги крпите се додека материјалот може да издржи. Крпењето на обувки чини пари па затоа почнете да вежбате сами да го правите тоа на некои постари и некорисни чевли.

 

4. Воспитување и школување на децата по секоја цена

Навикнете ги децата да учат од стари книги и одат на училиште со стари и поефтини ташни, со искрпена облека и чевли, без ниеден оброк на училиште односно само еден оброк дома. Доколку некој сака повеќе да му даде на своето дете или деца тогаш треба да најде начин како да заработува дополнително, односно излезе од  дома наутро, работи цел ден за некоја мала дневница (200-300 денари) и навечер донесе дома нешто за јадење. Во меѓувреме на малите деца кои не се на школска возраст треба да внимава највозрасниот од нив. Ако некое од децата е помалку успешно или незаинтересирано за учење штом ќе наполни 10 години земи го со себе да работи за дополнителна дневница или припомош. Ако е заинтересирано и има успех тогаш остави го сам да се справува со тоа затоа што немаш време, а можеби и знаење да му помогнеш. Ако се жали дека наставниците или другарите го малтретираат, даваат помали оценки или го сместуваат на последната клупа, или повеќето од одделението не се дружат со него затоа што е сиромашен, ќе му кажеш дека мора да издржи и успее да добие диплома и секако работа. Ако е веќе дипломиран а неможе да најде работа поради тоа што нема врски, не е политички подобен, нема пари да купи работно место пак понуди му да бара тезга на црно за да заработи нешто.

 

5. Штедење и само штедење

Мора постојано да наоѓате нови начини за штедење на останатите животни трошоци, кои не се храна. Преку зима може и мора порано да се легнува, а подоцна да се станува за да се заштеди огревот за дрва, да се навикнете на живеење без струја која е исклучена поради неплатени сметки, да се биде чист со помалку топла вода и скоро без хигиенски препарати,  да одиш на лекар само во крајно лоша здравствена ситуација. Да се навикнете на затворени врати и шалтерско одбивање ако се обратите до некоја институција или јавен сервис, а ако е многу ургентно да најдете пари за да ја купите услугата.

 

6. Не одбивајте чесна заработувачка иако е смешно мала

Во недостиг на стабилно вработување мора да се навикнете да работите се и сешто а да не биде против законот. Државата толерира дневна работа во сивата економија така да најчесто може да понудите физичка работна сила за чистење, носење, копање, ситна трговија на позајмени производи итн. Треба да бидете спремни дека на крајот на денот нема да добиете пари во рака туку ќе ви се понуди некој производ како компензација или пак едноставно ќе ви кажат да дојдете друг ден по дневницата. Добро е што има да земете а не да должите некому па така излегува дека сте во позитива.

 

7. Во крајно лоши ситуации јавните депонии и контејнери се извор на приходи, каде што освен храна може да најдете старо железо, пластика, хартија и други вредни работи, кои со мало дотерување или поправка може да бидат повторно корисни за вас или за продажба. Сепак за некоја подолгорочна работа со секундардни суровини ќе треба да внимавате на законските обврски и да отворите жиро сметка за да ви се исплати она што го собравте наоколу. Ако ви се насоберат повеќе од 12000 мкд годишно на сметка тогаш чекајте власта да ви ја укине социјалната помош, според закон.

 

8. Бидете иновативни и позитивни

Важно е да не ја губите надежта дека еден ден ќе најдете добро платена работа. Маката ве тера да размислувате и измислувате решенија, па ќе бидете со текот на времето иден иноватор за одредени проблеми и потреби. Не е страшно затоа што Ромите тоа го прават со векови, без институции, без држава, без протекции и без моќ. Едноставно живеат од денес за утре, од денес за денес и не им е мака. Маката може да ја споделите со сиромашните но исто така и веселите моменти. Не се откажувајте од голема веселба кога ќе имате прилика за тоа, сепак еднаш се живее.

 

9. Бидете земјоделец односно преселете се од град во село

Доколку имате некое парче земја кое е ваше или на некој ваш роднина, обично необработувано, тогаш не двоумете се да почнете да го обработувате. Влогот и ризиците се мали во споредба со она што можете да го добиете за исхранување на вашето семејство. Замислете се да немате земја и можност за бесплатно овошје и зеленчук па секој производ мора да го купувате. Ромите немаат земја ниту можност да обработуваат и одгледуваат нешто за своите семејства, па ете ги сеуште опстануваат и функционираат во секојдневието.

Се надевам дека препораките кои ги наведов ќе ви бидат корисни со тоа што полесно ќе знаете како да се соочите и да ја надминете сиромаштијата . Од анализата може да увидите дека постојат различни видови на сиромаштија кои имаат свои почетоци и краеви. Ромите секогаш биле жртви на овие почетоци и краеви на сиромаштијата, многу генерации го преживеале преку изнаоѓање на нови методи за опстанок и надминување на овој феномен.

 

Анализата подлежи на авторски права и забрањето е неовластено објавување, превземање на делови од текстот, репродуцирање и дистрибуција без претходна согласност на авторот.

 

[1] Дел од текстот „Сиромаштијата во Африка“ е преземен од весникот Слобода, бр. 5 (јули 2010), во издание на активистите на Анархистички фронт – Скопје; автор Freedom Fighter, стр. 8.

[2] Извештај за сиромаштија и за социјалната исклученост во Р.Македонија за 2010 година http://bim.lbg.ac.at/files/sites/bim/MPPS%20Izvestaj%20za%20siromastija%20vo%20RM%202010.pdf

[3] Национална Стратегија за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост во Р. Македонија 2010-2020

[4] Што превземаат граѓанските организации за намалување на сиромаштијата http://www.graganskisvet.org.mk/default.asp?ItemID=36CD15904DC03747838AC113C630290C

[5] Закон за социјална заштита Сл. Весник на Р. Македонија бр.79/09 од 24.06.2009 година

[6] Што превземаат граѓанските организации за намалување на сиромаштијата http://www.graganskisvet.org.mk/default.asp?ItemID=36CD15904DC03747838AC113C630290C

[7] http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=42

Визната либерализација донесе поволности но и многу критики за граѓаните на Република Македонија. Од една страна, поволности затоа што за прв пат граѓаните на РМ можат “слободно“ да патуваат во западноевропските земји, од друга страна критики – бидејќи се зголеми бројот на баратели на азил. Речиси три години после визнaта либерализација, Македонија се соочува со “закани“ за враќање на визниот режим и остри критики за “контролирање“ на одредена група граѓани. Македонската и европската јавност по однос на ова прашања единствената вина ја лоцираат кај Ромите без притоа да ги согледаат фактите за причините за азил како и бенефитите на долг рок кои може да произлезат.

Во таа насока, оваа анализа има за цел да ги согледа причините за азил од економска перспектива, како и да ги анализира трошоците и придобивките на еврoпските држави кои се приматели на најголем број на азиланти. Исто така оваа анализа го толкува т.н азилантско прашање од друг аспект кој е надвор од постоечката “рамка“ и дава аргументи зошто развиените земји треба да вложат во развојните политики во земјите – кандидати за ЕУ со цел да не се повтори сценариото на Бугарија и Романија каде што масовен број на граѓани почнаа да мигрираат.

Причини за азил

Интеграцијата кон еден глобален пазар, покрај економските придобивки предизвика и продлабочување на јазот помеѓу богатите и сиромашните во земјите на Европската Унија. Проширувањето на Унијата и приемот на новите членки во Шенгенскиот режим доведе многу луѓе да емигрираат од периферијата кон западно – европските земји. Со либерализирањето на визниот режим граѓаните од земјите на Западен Балкан ја искористија можноста да патуваат а воедно и да ја бараат својата посветла иднина надвор од државата.

Причините за барање азил во оваа насока, може да се бара во два типа на фактори: Првиот тип се фактори кои ги притискаат луѓето да ја напуштат државата (push фактори) ; додека вториот тип се фактори кои всушност ги мотивираат (pull фактори). Кога е во прашање Ромската заедница и двата типа на фактори подеднакво дејствуваат.

Како што може да се забележи факторите се претежно од социо – економски карактер, и во овој контекст се поставува тезата дека луѓето со понизок животен стандард , невработеност, лоши услови на домувањеи ниски плати се склони кон барање на нови можности и решенија, вклучувајќи го и напуштањето на својата држава. Во овој поглед, истражувањето на УНДП за ситуацијата на Ромите во 2011 , оди во прилог на тезата и укажува дека сосема е логично Ромите да го бараат својот излез во странство на ралични начини – азил, емиграција, бракови, и сл. токму поради лошата социо – економска ситуација. Индикаторите за образование, невработеност, здравствена состојба, од долунаведената табела, само го потврдуваат овој факт.

Извор: Истражување за вулнерабилност на Ромите, УНДП 2011[1]

Во околности каде што еден дел од вкупната популација се соочува со ваква ситуација, каде што имплементацијата на државните политики за Роми стагнира, одлуката на ромската заедница да бара азил со цел да си обезбеди подобра иднина е логична и рационална. Оваа теза важи не само за ромската, туку и за секој поединец и заедница која се соочува со ситуација на безперспективност за својот опстанок во општеството.

Се поставува прашањето кој ја сноси одговорноста за новонастанатата ситуација: Државата, ЕУ, или Ромите ?! Државата, поради фокусот кон останатите приоритети (Скопје 2014, ЕУ интеграција) и не – имплементација (занемарување) на Декадата и Стратегијата за Роми. ЕУ која не ги научи лекциите од минатото (Романија и Бугарија) и продолжува да го толерира прекршувањето на сопствените закони од страна на земјите кандидати. Ромската заедница, поради митот дека ЕУ дава азил по основ на сиромаштија; групации кои од профитерски интереси дезинформираат и манипулираат со сиромашните и на крај ромските политичари кои недоволно ги штитат интересите на својот електорат.

Се разбира дека одговорноста лежи во сите три засегнати страни, меѓутоа последиците различно се манифестираат:

Зголемување на трошоците на Европските држави поради големиот број на баратели на азил (глобално), Македонија поради опасност за враќање на визниот режим воведува рестриктивни и селективни мерки кон своите граѓани Ромите ставени во “домашен железен кафез“- со ограничување на правото за слободно движење. Во натамошниот дел, направена е анализа на трошоците на државите приматели на азил, како и бенефитите кои може да произлезат доколку овие држави ги интегрираат Ромските азиланти.

Колку изнесуваат трошоците на државите – приматели на азил

Државите на Европската Унија немаат еднаква дистрибуција на баратели на азил, токму поради немањето на заедничка политика за азил. Поради ова, најчесто се на мета оние држави кои имаат подолги процедури за процесирање на апликациите; оние кои се “дарежливи“ во материјалната подршка, и каде шансите за вработување се поголеми. Така на пример примарна “цел“ на барателите на азил се Германија, Белгија и Шведска, каде што се распределени околу 75% од вкупниот број на азиланти од Западен Балкан. [2]

Извор: Иницијатива за Европска Стабилност [3]

Напоредно на ова, трошоците поврзани за азил значително се разликуваат во рамките на земјите членки на унијата. Во оваа категорија трошоците се од типот на административни трошоци поврзани со процесирањето на апликацијата за азил и експлицитни трошоци за живеење (семеен надоместок, храна, сместување, напуштање на државата и сл.). Така на пример најчесто на лицата барате на азил, според законот им се обезбедува место на живеење во колективни центри, медицинска заштита, храна и месечен надоместок.

Табелата 2, ги сумира вкупните трошоци и нивниот удел (%) во расходната ставка на буџетите во 10 земји во Европа, каде што 90% од македонските граѓани имаат побарано азил во текот на 2012 година. Како што може да се забели од табелата годишните трошоци кои ги сносат овие 10 држави во Европа изнесуваат околу 24 милиони евра, што можеби на прв поглед се чини огромна сума која претставува всушност помалку од 0,1% од нивните буџети.

Експлицинтри трошоци по азилант [4]

Заклучокот кој може да го изведеме од горенаведента табела е дека македонските азиланти[9] не претставуваат реална закана од финансиски аспект. Што всушност укажува ова ?! Ваквата ситуација всушност укажува дека идеалот за хомогенизирање на населението продолжува да функционира како основна демографска политика на државите од Европа. Скриената завеса од негативни ставови на населението во Европа го покажува менталниот склоп и размислувања кое преовладува во Европа особено после економската криза. Според истражувањата на Трансатлантик Трендс, 52% од луѓето во Европа имиграцијата ја гледаат како проблем а не можност, со највисок песимизам во Британија, 2011 година.[10]

 

Анализата на тршоците укажува дека државите приматели на азил можат да се соочат со три опции и тоа:

  • Враќање на азилантите – ова е најлесна опција за имплементација, и соодветствува со постоечката политика, која се применува со примеси на присилни и рестриктивни мерки кон цела ромска заедница. Измените како што се намалување на времетраењето на процесирање на апликациите; не – прифаќање на барања за азил од Западен балкан и сл, имаат за цел да го намалат приливот на азиланти. Ваквата политика на ЕУ всушност укажува дека државите сеуште не се спремни да се соочат со предизвиците за слободно движење на луѓе, капитал,пари и идеи. Притисокот што се врши од страна на европските држави врз Македонија укажува дека “властите во Македонија се приморани“ да водат селективна политика и да ги затвораат границите за Ромите.
  • Пренамена на трошоците за азил во инвестирање – Многу поефективна политика и поголем бенефит државите од Европа ќе имаат доколку истите средства што ги трошат за азилантите, истите ги инвестираат во Македонија. Инвестиција во човечки капитал, особено во подршка за отварање на мали бизниси и едукација, која од една страна ќе придонесе за материјална сигурност на луѓето и од друга страна воедно ќе придонесе и за намалување на бројот на апликацци за азил. Втора можност е да се даваат условни парични трансфери, за едукација и тренинг на “критичната група“. Која било опција да се имплементира од оваа група значително може да придонесе да се подобрат условите и состојбата на живеење. Сумата од 24 милиони евра потрошени за сите азиланти не е за занемарување, која во комбинација со државни средства и политики може да го зголеми пристапот до сите сервиси (образование, здравство, вработување, домување).
  • Интеграција на азилантите – Последната опција значи всушност отворање на вратите на европските држави и интеграција на истите во државата. Имајќи го предвид трендот на стареење на населението во Европа, државите во натамошните 10 до 20 години, ќе се соочат со значително намалување на работната сила. Интеграцијата на луѓето кои имаат или бараат азил во државите на ЕУ, пред се значи доделувње на право на работа за периодот во азил за да може едно семејство материјално да опстојува и не биде на трошок на државата. Ова е една од опциите кои што на долг рок може да придонесе корист на сите засегнати страни.

1. Државата примател на азил – плаќање на даноци кои ќе одат во буџетот на државата, зголемување на понудата на работна сила која индиректно може да придонесе за намалување на цената на производите, ефтина или дефицитарна работна сила која во тешки услови на стопанството може да помогне истото да се издигне; да се диверзифира и зголеми социјалната хармонија во општеството преку поголема подршка и разбирање од страна на “домашното“ население, кое ќе ги гледа овие луѓе како дел од нивното општество кое придонесува во државата.

2. Матичната држава на азилантите – бенефитот на матичната држава всушност се однесува на зголемување на дознаките од странство кои го подобруваат платниот биланс на државата и позитивно влијаат на девизните резерви. Исто така, многуте семејства кои што се успешно интегрирани во Европа, редовно праќаат пари назад за грижа на останатите членови на семејство, што индиректно придонесува за зголемувања на производството и побарувачката на домашни производи.

3. Барателите на Азил – Интеграцијата на барателите на азил може да се анализира од два аспекти: индивидуален и групен аспект. Од индивидуален аспект, интеграцијата на едно семејство ќе значи материјална сигурност, можност за квалитетен и достоен живот. Се разбира во овој поглед интеграција ќе значи и подобар пристап во уживање на јавните добра – здравсто, вработување, образование. Воедно интеграцијата ќе ги мотивира и поттикне да учествуваат во јавниот живот и носат сопствени одлуки за нивната иднина. Од групен аспект, на ниво на целата економија, интеграцијата на азилантите би значело и поголема конкуренција на пазарот на труд, но и зголемување на понудата на работна сила на неквалификуван кадар кој што може да придоенсе и за намалување на платите.

Заклучок

Барателите на азил од Република Македонија имаат минорен удел во вкупните трошоци на буџетите на државите од Европската Унија. Главната пречка и закана што се однесува на “азилантската политика“ е всушност сигналот кој им се праќа на останатите луѓе, кои се потенцијални баратели на азил или планираат да ја напуштат државата преку редовни процедури за вработување во странство. Одтука европските држави налагаат да се превземат стриктни мерки за контрола на населението од нашите домашни власти, и спречување на напливот на сиромашни граѓани од регионот. Се почесто се превземаат дискриминаторски мерки од страна на домашните власти, кои ја пречекоруваат нивната службена надлежност и превземаат мерки дури и кон граѓаните кои немаат ниту намера нити било каква врска со овие трендови на напуштање на државата.

Одтука, Македонија и европските држави наместо излезната стратегија да ја бараат во интеграција на азилантите во постоечките системи и превземање конкретни мерки за вклучување бо општеството, за жал се одлучуваат за стратегија на контролирање на движење на населението. Во многу држави, како Австралија, Америка, Канада, се докажа дека вклучувањето на азилантите на пазарот на труд на долг рок носи многу поголем бенефит, одколку трошоците кои ги вложува државата во сегашните мерки и постапки . Дали имплементација на азилантската политика во ЕУ се манифестира на правилото “силните го прават тоа што можат, додека слабите го прифаќаат тоа што мораат“ останува да се види. Сонот за Европска Унија, каде сите граѓани ќе можат слободно да се движат, каде што капиталот слободно може да се префрли од една во друга земја, каде што идеите циркулират и придонесуваат за напредок и развој, е многу далеку за одредена група на граѓани. Европските културни вредности заостануваат и многу тешко се отргнуваат од националистичките политики особено во периодот на економска криза.

Останува само опцијата масовно да се реагира пред лицето на неправдата! Кој знае, можеби Ромите ќе почнат да ги блокираат граничните премини во државата, па ЕУ и Македонија ќе се освестат и ќе почнат да работат на имплементцијата на стратегиите и политиките за Ромите.

Анализата подлежи на авторски права и забрањето е неовластено објавување, превземање на делови од текстот, репродуцирање и дистрибуција без претходна согласност на авторот.

 

____________________________

[1] Истражување за вулнерабилноста на Ромите, УНДП, 2011 година достапно на http://europeandcis.undp.org/data/show/D69F01FE-F203-1EE9-B45121B12A557E1B

[2] Истражување: Баратели на азил од Западен Балкан, Иницијатива за Европска Стабилност, Истражување 2013 година достапно на http://www.esiweb.org/pdf/ESI%20Statistical%20Update%20-%20Balkan%20asylum%20seekers%20-%2015%20Feb%202013.pdf

[3] IBID

[4] Податоците се превземени од УНХЦР, Тренд на азилантите во 2012, достапно на http://www.unhcr.org/5149b81e9.html

[5] Податоците се превземени од пресметката на основните трошоци – Европска компарација достапно на http://stillhumanstillhere.files.wordpress.com/2013/04/home-affairs-select-committee-evidence-from-shsh-20-april-2012.pdf . Трошоците за Данска, Италија и Австрија се пресметани според методот на интерполација на средната големина, бидејќи не се располага со соодветна статистика.

[6] Податоците се добиени со множење на експлицитните трошоци и бројот на недели во текот на годината

[7] Податоците се добиени како процент на годинишните трошоци за азил во вкупните трошоци на државите

[8] Од вкупно 7782 апликации за азил од страна на македонските граѓани во ЕУ во 2012 година

[9] Тука во предвид се имаат сите азиланти од Република Македонија, не само Ромите, туку и останатите заедници – Македонци,Албанци, Турци и др, кои излезот го бараат надвор.

[10] Извештај за Транснационални Трендови: Имиграцијата во 2011 година, Маршал Фонд, САД, достапно на http://trends.gmfus.org/immigration/key-findings/

Partners and Supporters

     

Find Us

Contact us

Dimitrie Cuposki 25/1
1000 Skopje, North Macedonia

[email protected]