Анализа - Проценка на главните политики за Роми

Поставувањето на Ромското прашање во дискурсот на јавните политики во Република Македонија е процес индуциран “од надвор“ на иницијатива на ромското цивилно општество и надворешните донатори. Досегашните набљудувања на односот на политичката гарнитура и институциите за поставување на ромските политики во рамките на нивните агенди укажуваат дека политиките се формално усвоени (window - dressing policy) како дел од агендата за приближување кон ЕУ. Сведоци сме на многу стратегии, програми, проекти и вклученост на различни актери како и издвојувања на финансиски ресурси за решавање на прашањето на Ромите. Иако интеграцијата на Ромите на Европско и национално доби голема важност во изминатата деценија со креирање на политики и мерки кои ќе помогнат во интеграцијата, сепак ефективните резултати на национално и локално ниво се далеку од очекуваното. Појдовна основа за анализа на јавните политики за Роми е потпишувањето на меѓународната декларација “Декада на Ромите 2005 - 2015“, каде земјите потписнички меѓу кои и Македонија се обврзаа дека ќе работат на намалување на јазот помеѓу Ромите и НеРомите во четирите приоритетни области вработување, домување, образование, здравство и со посебен фокус на родовото прашање, дискриминација и политичко учество. Како резултат на ова, Република Македонија донесе низа мерки во рамките на т.н. меко законодавство (soft-law) - програми и планови кои немаат правно обврзувачко дејство и кои зависеа пред се од добрата волја на политичките партии. Може да се напомене дека Декадата за Вклучување на Ромите ја зајакна соработката помеѓу меѓународните организации и Владите на државите потписнички, но сепак постои чувство дека Декадата произведе многу мал број на видливи резултати во смисла на имплементирање на ефективни акции во долните слоеви на општеството, и не успеа да допринесе за значајни резултати....  

Partners and Supporters

     

Find Us

Contact us

Dimitrie Cuposki 25/1
1000 Skopje, North Macedonia

[email protected]