Компаративна анализа - Применливоста на националните политики за Роми на локално ниво

Процесот на креирање на јавни политики за Роми во Република Македонија (РМ) започнува во 2004 година со подготовката на Стратегијата за Роми. Креирањето на јавни политики за Роми во Република Македонија како процес е наметнат од меѓународната заедница, а ромското граѓанско општество прво се приклучи кон оваа иницијатива. Клучна година и почеток на имплементација на јавни политики наменети кон Ромската заедница може да се смета 2005 со носењето на двата клучни документи Стратегија за Роми, усвоена од Владата на Република Македонија и приклучувањето кон регионалната иницијатива за вклучување на Ромите во општеството “Декада за вклучување на Ромите 2005-2015“ со потпишување на Декларацијата во Софија. Прв чекор кој беше преземен од страна на државата беше развивањето на Националната Стратегија за Роми 2005 – 2015, при што следеше и потпишувањето на меѓународната декларација “Декада за вклучување на Ромите 2005 - 2015“, каде земјите потписнички се обврзаа дека ќе работат на намалување на јазот помеѓу Ромите и не-Ромите во четирите приоритетни области и тоа: вработување, домување, образование, здравство и со посебен фокус на родовото прашање, дискриминацијата и сиромаштија. Врз основа на двата документи беа развиени Национални Акциони Планови (НАП) и Локални Акциони Планови (ЛАП). Целите и активностите на двата национални документи во периодот на имплементација се одвиваа испреплетено иако беа насочени кон интеграција на ромската заедница. Ваквиот процес воглавно се должи на лошата институционална поставеност која требаше да ги имплементира, мониторира и евалуира јавните политики за Роми. Во секој случај и двата документи кои беа усвоени спаѓаат во рамките на така нареченото меко законодавство кои немаат правно обврзувачко дејство и зависат пред се од добрата волја на Владата....  

Partners and Supporters

     

Find Us

Contact us

Dimitrie Cuposki 25/1
1000 Skopje, North Macedonia

[email protected]