ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО - ПРЕДИЗВИЦИ И МОЖНИ РЕШЕНИЈА ЗА ПРОБЛЕМИТЕ СО КОИ СЕ СООЧУВААТ РОМИТЕ

Општина Делчево се справува со генералните трендови од национално ниво. Покрај имиграцијата на младите а воедно и емигрирањето во Скопје како главен град со повеќе можности за вработување, младите исто така одлучуваат да имигрираат во западно Европските земји. Невработеноста кај Ромите во оваа општина често се поврзува и со дискриминацијата врз целокупната заедница. Покрај тоа што овој проблем е генерално забележителен на национално ниво а воедно и тесно поврзан со многу други аспекти и домени во општеството, Ромите се во ситуација да одлучат дали би заминале од државата или би останале во општината. Овој проблем е двостран, но сепак локалната самоуправа треба да се потруди да ја искористи стратешката геоположба за унапредување економскиот развиток. Од една страна граѓаните треба да се адаптираат и преквалификуваат според потребите на пазарот на трудот, иако веќе се здобиле со високо образование треба да го капитализираат своето знаење во инвестиции во општината. Од друга страна локалната самоуправа треба да ја искористи географската положба и да ги унапреди економските односи со соседна Република Бугарија. Општината треба да привлече странски инвестиции во дизајнирани ТИРЗ-ови, но исто така и да го поттикне отварањето на локални мали и средни бизниси со повеќе мерки Постојат повеќе мерки кои би биле од голема корист и олеснување доколку локалната власт одлучи да го искористи максимумот од општината. Меѓу повеќето од опциите локалната власт може да понуди обезбедување на опрема, мали кредити, субвенции, ослободување од данок во одреден период, неповратни средства и други иновативни мерки кои би биле стимулација на младите....  

Partners and Supporters

     

Find Us

Contact us

Dimitrie Cuposki 25/1
1000 Skopje, North Macedonia

[email protected]