Прирачникот има за цел на корисниците од ромската заедница да им даде преглед на информации за можностите на остварување на нивните права кои произлегуваат од сферата на вработување, правната и здравствената заштита и пристапот до домување. Во насока на забрзувањето на процесите на вклучување на Ромите во општеството овој прирачник е понуден како алатка со можност за информирање на темите кои се обработуваат. Темите кои се обработуваат, содржат посебен осврт на ромската популација и на жената Ромка. Прирачникот содржи четири теми, накратко е прикажана моменталната состојба на ромската заедница за наведените теми и се дадени одговири на најчестите прашања со кои се соочува ромската заедница. Прирачникот е во форма на „прашање – одговор“ (П - Прашање; О - Одговор) како практични примери, на јазик прилагоден и разбирлив за целната група за посебните теми. Прирачникот е наменет за ромската популација, со цел да се зголеми степенот на информираност и да обезбеди практични совети во надминување одредени проблеми во доменот на вработување, правната и здравствената заштита и пристапот до домување. Овој прирачник е подготвен во рамките на проектот „Зголемување на учеството на жените Ромки на пазарот на трудот“, финансиран од Европската Унија во рамките на Програмата ИПА за развој на човечките ресурси, а спроведуван од МРФП, во партнерство со организациите: НВО КХАМ – Делчево, Микрокредитна фондација Хоризонти и ХДЗР Месечина од Гостивар.... | ![]() |
- Hits: 2304