ОПШТИНА ТЕТОВО - ПРЕДИЗВИЦИ И МОЖНИ РЕШЕНИЈА ЗА ПРОБЛЕМИТЕ СО КОИ СЕ СООЧУВААТ РОМИТЕ

Мултиетничкиот соживот во градот придонесува за меѓусебна соработка и користење на повеќе јазици на локално ниво. Зависно од местото на живеење голем дел од Ромите освен ромскиот јазик го користат Албанскиот и Турскиот како мајчин јазик. Ромите од Тетово живеат главно во урбано населени и мешани места, како Поток, Центар, Горна Чаршија, Теќе итн. Населбата Красниќи е единствената населба во Тетово каде што Ромите живеат во бедни услови без водоводна и канализациска инфраструктура. Според последните податоци, Тетово е рангиран како град со највисока стапка на невработеност во земјата. Над 8 илјади граѓани се регистрирани како активни баратели на работа. 1 Според податоците на Министерство на Труд и Социјална Политика, во центарот за вработување вкупно 13 917 граѓани се регистрирани како невработени во 2017-та, од кои 3 186 или 22.8% се Македонци, 10 247 или 73.6% Албанци, 286 или 2% Роми, 104 или 0.74% Турци, 29 или 0.2% Срби, и 63 или 0.4% Други. Во последните 5 години (од 2013-та до 2017-та) забележителен е фактот дека стапката за невработеност меѓу ромската етничка заедница е зголемена за 100%, од 143 невработени Роми во 2013-та на 286 невработени во 2017-та. Ваквиот тренд кај ромските семејства најчесто резултира со заминување во странство за печалба во потрага на подобри услови на живот надвор од границите на Македонија. Месечните приходи на едно просечно четиричлено ромско семејство од Тетово се околу 150-250 евра, во зависност од занимањето и бројот на вработени во семејството. Доколку целото семејство е невработено тогаш во поголем број од случаевите семејството зависи од месечните примања на своите роднини од странство или пак од социјалната помош која тешко ги покрива најосновни трошоци за живот. ...  

Partners and Supporters

     

Find Us

Contact us

Dimitrie Cuposki 25/1
1000 Skopje, North Macedonia

[email protected]