ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ - ПРЕДИЗВИЦИ И МОЖНИ РЕШЕНИЈА ЗА ПРОБЛЕМИТЕ СО КОИ СЕ СООЧУВААТ РОМИТЕ

Во отсуство на соодветен буџет на општината Шуто Оризари, унапредувањето на позицијата на Ромската заедница претставува сериозен предизвик поради неможноста на локалните власти да привлечат средства за реализација на проекти и активности. Општина Шуто Оризари во изминатиот период имаше Локален Економски План 2014 -2020, меѓутоа политичката криза и другите приоритети придонесе процесот на усвојување на новите ЛАП да биде позабавено. Шуто Оризари е единствената ромска општината каде што е сконцентрирано 50% од вкупното ромско население. Генерално околу 80% од населението е претприемачки ориентирано и функционира во т.н. сив сектор, при што голем број од нив се и корисници на социјална помош. Во однос на проблемите со кои Ромската заедница се соочува, во рамки на работилницата 1 со локалните претставници, реконструкцијата и санацијата на улици, патишта, атмосферска и фекална канализација, како и развој на локалната економија се идентификувани како клучни приоритети на кои треба да работи општината. Покрај тоа што локалната самоуправа на Општина Шуто Оризари во своето досегашно работење имаше преземено одредени инфраструктурни проекти од доменот на водоснабдување и асфалтирање на одредени споредни улици, сеуште одредени делови од ромските населби не се поврзани со водовод и канализација. Во изминатиот период, голем број Роми имаат побарано азил во земјите од Западна Европа и се почесто младите Роми излезот го гледаат на овој начин. Поради големиот наплив на азиланти од Македонија, голем број Роми се вратени и истите се надвор од системот на социјална заштита, образование, вработување поради тоа што изгубиле дел од своите права. Невработеноста е исто така голем проблем како и функционирањето во сивиот сектор, при што истото се јавува како проблем за генерирање на приходи од страна на општинските власти. Целта на овој документ за јавни политики е да ги идентификува приоритетните проблеми со кои се соочува Ромската заедница во Шуто Оризари и да даде препораки за надминување на истите со цел вклучување на Ромите на локално ниво...  

Partners and Supporters

     

Find Us

Contact us

Dimitrie Cuposki 25/1
1000 Skopje, North Macedonia

[email protected]