Овој проект е финансиран од страна на ЕИДХР (Европски Инструмент за Демократија и Човекови Права) Унија, во рамките на програмата поддршка на цивилниот сектор преку грантови шеми. Вооедно, проектот е ко-финансиран од ИНСОК – Иницијатива за Социјални Промени, Скопје.
Главни цели на проектот „ Јавно и политичко учество на жените Ромки“ се:
- Подобрување на статусот на жените Ромки, преку нивна поголема вклученост во јавниот и политичкиот живот во државата, јакнење и поддршка на жените
- Создавање на поволна средина во политичките партии
- Зголемување на свеста кај општата популација, институциите и бизнис секторот за надминување на бариерите, со цел поголема инклузија на жените Ромки
Проектот е имплементиран од страна на Здружение „Ромска организација на жени од Македонија - РОЖМ ДАЈА“ – Куманово, како носител на проектот и НВО Кхам од Делчево
Ова истражување е спроведено од страна на Институтот за Истражување и Анализи на Политики - Ромалитико.
За целосен интерактивен преглед на истражувањето кликнете тука
За целосен преглед превземете го истражувањето во .pdf формат тука