ОПШТИНА ГОСТИВАР - ПРЕДИЗВИЦИ И МОЖНИ РЕШЕНИЈА ЗА ПРОБЛЕМИТЕ СО КОИ СЕ СООЧУВААТ РОМИТЕ

Легализацијата во општина Гостивар е старо нов проблем за кој се вложуваа напори од страна на граѓанскиот сектор во соработка со локалните власти и политичка волја на градоначалникот да се надмине истиот. Специфичноста на овој проблем е што фамилиите коишто живеат во неурбанизираната средина на периферијата од градот често се наоѓаат во проблематична ситуација затоа што неможат да го легализираат своето живеалиште затоа што не е регистрирано во деталниот урбанистички план како простор во кој веќе живеат луѓе. Како опција за овој проблем се предвидува забрзувањето на процесот на обнова на деталниот урбанистички план во кој ќе бидат внесени домовите на загрозените граѓани во градот вклучително и Ромите. Оваа процедура се покажува во пракса дека е долга и често локалната самоуправа нема голем интерес за креирање на нов урбанистички план. Сепак со регулирањето на деталниот урбанистички план ќе се решат постоечките проблеми со имотната документација не само на припадниците на Ромската заедница туку и на сите граѓаниЗа да се обезбеди одржлив и брз процес, овој проблем треба да биде фокус на посебна група или тим во секторот на урбанизам којшто ќе работи со посебен акцент на обнова и регистрирање на проблематичните зони од градот во урбанистичкиот план....  

Partners and Supporters

     

Find Us

Contact us

Dimitrie Cuposki 25/1
1000 Skopje, North Macedonia

[email protected]