ОПШТИНА ВИНИЦА - ПРЕДИЗВИЦИ И МОЖНИ РЕШЕНИЈА ЗА ПРОБЛЕМИТЕ СО КОИ СЕ СООЧУВААТ РОМИТЕ

Главен проблем во општината е големата невработеност која изнесува дури 46% од работоспособното население и заради тоа се потребни интензивни активности да се подобрат условите за нови вработувања 1 . Кај ромската заедница според податоците за невработеност во текот на 2017та година регистрирани се вкупно 144 невработени Роми од кои 35 се жени Ромки. Споредбено со 2003та кога биле регистрирани 452 Роми како невработени, може да се заклучи дека невработеноста кај ромската заедница во оваа општина е драстично намалена. На оваа бројка свое влијание има и миграцијата како и поделбата на активни и пасивни баратели на работа што не носи до заклучок дека сепак ова не е реалната состојба на вработеноста на ромската заедница во Виница.. Според податоците на Центарот за социјални работи во Виница во 2017 година најголем број од примателите на социјална помош се Ромите со вкупно 101, а потоа следуваат Македонците со 75 приматели на ваква помош. Поради ваквата лоша финансиска состојба голем број на ромски семејства бараат подобри можности во западно европските држави. ...  

Partners and Supporters

     

Find Us

Contact us

Dimitrie Cuposki 25/1
1000 Skopje, North Macedonia

[email protected]