Средба на Ромалитико со Британската Амбасада

Денес тимот на Ромалитико имаше средба со Џилиан Смит, втор секретар за политика и Кренар Абази, политички советник и раководител на проекти од Британска Амбасада. На средбата Ромалитико ја сподели својата работа на темите: правична застапеност во државна и јавна администрација, етничка припадност во лични карти, урбанизација и легализација на ромски населби, попис и една изборна единица.
Општина Струмица издвои буџет за барањата на ромската заедница

Ромалитико како дел од Аваја во текот на ноември 2020 година заедно со тим лидерите, Еркан Демиров и Кемал Сулејман и нивниот тим во пресрет на носењето на буџетот до општина Струмица поднесоа барања во вид на петиција за бетонирање на улици, градење потпорни ѕидови и други инфраструктурни активности.
Нашиот програм менаџер Дениз Селмани успешно ја заврши програмата за лидери на Обама Фондацијата

Со гордост објавуваме дека нашиот програм менаџер Дениз Селмани успешно ја заврши програмата за лидери на Обама Фондацијата. Дениз е сега дел од мрежата на Обама Европски Лидери која претставува мрежа на Европски активисти и лидери.
Ромалитико испрати писмо за загриженост до амбасадите, европарламентарците и други претставници на меѓународната заедница

Ја информираме јавноста дека денес Ромалитико испрати писмо за загриженост до амбасадите на следните држави: Соединети Американски Држави, Велика Британија, СР Германија, Кралството Холандија, Европската делегација во РСМ, Швајцарската амбасада како и до претседателот на Европскиот Парламент г-дин Давид Сасоли и други Европарламентарци и претставници на меѓународната заедница.
За нас

Тимот на Ромалитико се состои од студенти и алумни на Централно Европскиот Универзитет од Унгарија. Експертизата и посветеноста за Ромското прашање се клучна мотивација за иднината на постоењето на Ромалитико.
Фотогалерија
Ромалитико е официјално регистриран како невладин и непрофитен “Институт за Истражување и Анализа на Политики – Ромалитико” регистриран според Законот за здруженија и фондации во Република Северна Македонија. Ромалитико делува во три програми, Политика, Економија и Право и фокусира на истражувања базирани на докази, застапување, мониторинг и евалуација.
Мисијата на Ромалитико е да промовира динамично отворено општество преку анализи, истражувања базирани на докази и застапување за влијание врз јавните политики, односот на моќта и распределбата на ресурсите за Ромите во Република Македонија и Европа.
Визијата на Ромалитико е да се стреми да ја предизвика статус-кво состојбата и да ја унапреди положбата на Ромите во Европа.