Ромалитико е официјално регистриран како невладин и непрофитен “Институт за Истражување и Анализа на Политики – Ромалитико” регистриран според Законот за здруженија и фондации во Република Северна Македонија. Ромалитико делува во три програми, Политика, Економија и Право и фокусира на истражувања базирани на докази, застапување, мониторинг и евалуација

МИСИЈА

Мисијата на Ромалитико е да промовира динамично отворено општество преку анализи, истражувања базирани на докази и застапување за влијание врз јавните политики, односот на моќта и распределбата на ресурсите за Ромите во Република Македонија и Европа.

ВИЗИЈА

Визијата на Ромалитико е да се стреми да ја предизвика статус-кво состојбата и да ја унапреди положбата на Ромите во Европа.

Организациска Структура

Управен одбор

Елвис Шаќири

Извршен директор, Ромалитико

Образование

Правен факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа, Магистерски студии во Будимпешта – Унгарија на Централно Европскиот Универзитет на програмата човекови права.

Силхан Саитов

Програмски менаџер – Здружение на граѓани Ромаверзитас, Скопје

Образование

Дипломиран доктор по медицина на Медицинскиот факултет при УКИМ – Скопје Магистерски студии во тек – Јавно здравје и здравствен менаџмент

Марија Сулејманова

Програмски Менаџер – Право, Ромалитико

Образование

Дипломиран правник при Факултетот за правни науки – Јустинијан Први во Скопје и магистер по човекови права при Централно Европскиот Универзитет – ЦЕУ во Будимпешта.

Собрание

Акиф Кариман

Работен стипендист на ФОО – Канцеларија за Ромски Иницијативи како дел од меѓународниот тим за поддршка на групите за организирање на заедницата.

Образование

Доктор на медицина при Медицински Факултет Скопје

Завршени програми

Водење промени, лидерство, организирање и акција – Harvard Kennedy School од САД Организирање и водење политички кампањи – Hertie School of Governance- Berlin

Мирсада Шабани

Помлад соработник во одделението за согласности за систематизации за институции од дејностите и јавните претпријатија, Сектор за поддрска на институции во јавниот сектор

Образование

Дипломиран правник на Државниот универзитет – Тетово

Асиб Зекир

Програмски менаџер во Иницијатива за Економски Развој на Ромите – РЕДИ Скопје

Управител на социјално претпријатие REDI Recycling

Образование

Апсолвент на УКИМ Економски Факултет, департман Финансиски Менаџмент

Суад Скендери

Програмски Менаџер – Политика, Ромалитико

Образование

Дипломирал политички науки, меѓународни односи и новинарство на универзитетот ФОН, Mагистерски студии на Централноевропскиот универзитет за политички науки со специјализација методологија на истражување.

Аријета Тахири

Медицинска сестра во приватна стоматолошка ординација „Д-р Екрем“

Образование

Студентка на Медицински факултет (општа Медицина) при УКИМ

Елсон Иљаз

Економист за платен промет во земјата во Комерцијална банка АД Скопје

Образование

Дипломиран менаџер по бизнис администрација магистерски студии во тек – Факултет за економски науки при ЕУРМ

Салије Ибраими

Министерство за Правда – сектор за бесплатна правна помош и политички систем

Образование

Дипломиран Правник при Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово

Надире Реџепи

Оперативен директор, РЕДИ

Образование

Магистер по економска политика на глобалните пазари од Централноевропскиот универзитет, Будимпешта.

Алберт Мемети

Програмски Менаџер – Економија, Ромалитико

Образование

Има магистрирано на програмата Економија на светски пазари при Централно Европскиот Универзитет.

Дениз Селмани

Контакт точка на РОМАКТЕД II програмата

Образование

Дипломирал на студиската програма по јавна администрација на Југоисточниот Универзитет во Тетово

Советодавен одбор

Ебен Фридман

Во моментот е ангажиран како Шеф на набљудувачката мисија во ОБСЕ. Претходно има работено на неколку клучни позиции како консултант за ЕУ проекти, РЕФ, ЕЦМИ, УНДП како и многу други ангажмани на меѓународно и национално ниво поврзани со ромското прашање. Фридман докторирал на Универзитетот Сан Диего во Калифорнија, САД.

Маргарета Матаче

Маргарета Матаче е Ромска активистка за човекови права, директор на Ромската програма во Харвард ФХБ и воедно инструктор на Харвард. Последната нејзина книга „Реализирање на правата на Ромите“ издадена во 2017 го истражува Анти-Циганизмот и го документира растечкото политичко движење предводено од Ромите во градењето инклузивна и праведна Европа Маргарета докторирала на Универзитетот во Букурешт, додека пост-докторски студии завршува на Харвард.

Диана Јулијана Пирјол

М-р Дијана Пирјол, има над пет години работно искуство на повеќе работни места – Вашингтон, Брисел, Амстердам, Кембриџ и Букурешт. Таа се здоби со практично искуство во обезбедување аналитичка, проектно управување, настава и поддршка на застапување на теми поврзани со здравствените / животните науки и економското зајакнување. Диана е добитник на стипендијата од Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, додека нејзините истражувања/ евалуации се презентирани во публикации на Светска Банка.

Себијан Фејзула

Себијан Фејзула е една од основачките на Ромалитико со значителен придонес во истражувањата поврзани со жената Ромка. Во моментов е помлад истражувач на проектот Антирасизам во Европа и Латинска Америка – Справување во секојдневниот расизам: одговори на полициската практика и расистички репрезентации/ говор на мас медиумите. Себијан во моментот е студент на докторски студии на програмата за човекови права во современото општество на Универзитетот во Коимбра.

Исмаил Кортез

Исмаил Кортез завршил пост-докторски студии на Централно Европскиот Универзитет во Будимпешта, додека докторирал на програмата на УНЕСКО. За време на својата академска кариера, Исмаил бил истражувач на Школата за критичка теорија на Нотингем, Институтот за проучување на мирот и конфликтите во Меѓународниот универзитет во Андалузија и Институтот за човекови права во Мадрид. Тој работел како аналитичар за програмата на Фондацијата Отворено Општество од 2016 до 2018 година, во Будимпешта и Брисел. Во Мај 2019, избран е за Пратеник во Шпанскиот парламент.

Ромалитико тим

Елвис Шаќири

Извршен Директор

Елвис Шаќири е основач на Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико и извршен директор. Во 2010-та година дипломира на правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа, а подоцна ги продолжува своите магистерски студии во Будимпешта – Унгарија на Централно Европскиот Универзитет на програмата човекови права.

По завршувањето на магистерските студии, Шаќири е ангажиран со работна стипендија во Институтот за истражувања на политики Political Capital во Будимпешта. Во периодот на ангажманот Шаќири работи во делот на изборни модели и политички кампања. Пред основањето на Институтот, Шаќири работи во неколку невладини организации, како правен советник и координатор на неколку проекти. Во текот на својата работа, Шаќири како автор има допринос во голем дел на истражувања и анализи кои се спроведуваат од страна на Институтот.

СУАД СКЕНДЕРИ

Програмски Менаџер – Политика

Суад Скендери е еден од основачите на Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико и менаџер на програмата за Политика. Дипломирал политички науки, меѓународни односи и новинарство на универзитетот ФОН, а подоцна се стекнал со магистерски студии на Централноевропскиот универзитет за политички науки со специјализација методологија на истражување.

По завршувањето на студиите, бил истражувач во ThinkYoung во Брисел и Roma Integration 2020 во Белград, Суад Скендери е координатор на Европскиот ромски институт за уметност и култура за Македонија. Пред основањето на институтот работел во Хуманитарното и добротворно здружение на Ромите – „Месечина“ – Гостивар како асистент во секторот за човекови права и меѓуетнички односи, а потоа како координатор за младински иницијативи. Неговиот труд е забележан во многу научни списанија, истражувања, книги, оп -еди и други трудови.

АЛБЕРТ МЕМЕТИ

Програмски Менаџер – Економија

Алберт Мемети е еден од основачите на Ромалитико, и воедно Менаџер на Прогрaмата за Економски Развој. Неговиот интерест е во обемот на вработување, мониторинг на буџетот, локални финансии и претприемништво, формализација на неформалнаат економија. Алберт има магистрирано на програмата Економија на светски пазари при Централно Европскиот Универзитет. Исто така, во моментот тој е запишат и на извршниот курс за менаџмент на ризи во Школата за Бизнис и Менаџмент во Франкфурт, Германија.

Пред да се приклучи во Ромалитико, Алберт беше Координатор во РЕДИ одговорен за менаџирање на тим од бизнис фасцилитатори, воспоставување на врски со микро-кредитни институции. Дополнително, во текот на 2014 – 2015, беше ангажиран и како аналитичар за проценка на ризик во Инвестицискиот Фонд – Коопест од Брисел, кој што обезбдува финансирање на микрокредитни институции, кооперативни банки, земјоделски кооперативи, фондации. Во текот на работењето во Коопест, има учествувано во неколку работни мисии и тоа – Бугарија, Арменија, Молдавија и Босна и Херцеговина. Во перидот 2016 – 2019, исто така беше и проектен менаџер на европскиот проект “ Подобрување на Вработувањето на Ромите преку обука и образование“, имплементиран од Ромскиот образовен фонд. Алберт е посветен на застапување за унапредување на положбата на Ромите и економското зајакнување на ромската заедница во Македонија и во ЕУ.

ДЕНИЗ СЕЛМАНИ

Контакт точка на РОМАКТЕД II програмата

Дениз Селмани е еден од основачите на Ромалитико и прв Извршен директор од 2016 до 2018 година. Селмани има дипломирано на студиската програма по јавна администрација на Југоисточниот Универзитет во Тетово. Го продолжува своето образование со тоа што запишува магистерски студии на истоимениот универзитет на студиската програма за дипломатија. Во 2017 година, Селмани за Центарот за Економски Анализи – ЦЕА изработи истражување за другоста и претприемништвото. Селмани има учествувано на школата за јавни политики “Мајка Тереза” која е поддржана од страна Советот на Европа.

Исто така, Селмани има земено учество во Првиот форум за јавни политики организиран од страна на Фондацијата Фридрих Еберт и Институтот Прогрес во 2017 година при што во соработка со група на млади истражувачи изработи студија за студентскиот стандард во Македонија. Исто така, Селмани како национален експерт на Мисијата на ОБСЕ во Скопје изработи компаративна анализа за спроведувањето на Конвенцијата за заштита на националните малцинства во Македонија, како и предлог методологија за идентификување лицата без документи. Негов истражувачки интерес претставуваат политичките партии, изборни модели, како и следење на спроведувањето на јавните политики насочени кон инклузија на ромската заедница.

МАРИЈА СУЛЕЈМАНОВА

Програмски Менаџер – Право

Марија Сулејманова е дипломиран правник при Факултетот за правни науки – Јустинијан Први во Скопје и магистер по човекови права при Централно Европскиот Универзитет – ЦЕУ во Будимпешта. Исто така, таа е алумна на ЦЕУ и РАП програмата во Будимпешта. Во текот на студиите Марија издвојува волонтерско искуство во различни институции и невладини организации, како Министерство за Правда, Апелационен Суд – Скопје, ЕЛСА, Ромаверзитас и МОФ.

По завршувањето на мастер студиите, таа беше практикант во Центарот за правата на Ромите во Будимпешта. Во текот на 2020 година Марија исто така беше и стажант во Европскиот Парламент во политичката група на социјал-демократите. Покрај фокусот на истражувања и застапување за промена на политики, Марија работи и на креирање на кампањи.

СИМОНА СИМОВА

Финансиски менаџер

Симона Симова е дипломиран маркетинг менаџер при Европскиот Универзитет – Скопје. Образованието го продолжува на Економскиот Институт Кирил и Методиј насока – финансиски менаџмент. Своето прво искуство во областа на маркетингот како практикант го стекнува во МПМ и Идеа Плус, каде работи претежно на маркетинг истражувања на македонскиот пазар.

Во јуни 2016 почнува како практикант во Кроација Осигурување – Живот за подоцна да напредува во Координатор за наплата. Своето искуство од областа на финансиите го продолжува во Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико, каде што во моментов ја има позицијата на финансиски асистент.

МУХАМЕД АЈВАЗ

Проектен менаџер (Проект на УСАИД за инклузија на Ромите)

Мухамед Ајваз е роден во Скопје. Додипломските студии ги завршува на Институтот за психологија на Филозофскиот факултет во Скопје, а со постдипломски студии продолжува на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” – Скопје на програмата Политички науки и човекови права.

Во граѓанскиот сектор беше вклучен во Здружението ,,Романо Авази” како локален координатор за организирање на заедницата, во улога на истражувач и уредник на студентско списание во здружението ,,Ромаверзитас” и како обучувач и организатор на настани во здружението ,,Сумнал”. Од 2018 до август 2019 година работи во Граѓанската организација „ХЕРА” на програмата ромско здравје.

За време на студиите беше практикант во ОУ ,,Браќа Рамиз и Хамид” и во ЈЗУ Геронтолошки завод ,,13 Ноември”. Има освоено четврто место во дебата на балканско ниво на меѓународниот студентски летен камп „Филозофијада. Добитник е и на плакета за успешна промоција на Филозофскиот факултетот и прогласен е за најдобар студент од здружението ,,Ромаверзитас” за учебната година 2015/16.Главен фокус му се емпириски истражувања и унапредувањето на правата на маргинализираните заедници преку организирање, поддршка и јакнење на ромската заедница.

ШЕНАС ИМЕР

Проектен менаџер (Проект на УСАИД за инклузија на Ромите)

Шенас Имер, дипломиран историчар архивистичар на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје на Филозофскиот факултет. Смета дека волонтерството треба да биде одлика на секој млад човек, па во текот на нејзиното средно и високо образование се трудеше да биде активна како активист и волонтер во најразлични невладини организации. Најнапред долгогодишен волонтер, координатор социјално-хуманитарниот сектор како и лидер на самиот младински клуб на Шуто Оризари во склоп на „Црвениот Крст- Скопје“.

Подоцна и волонтер во НВО „Сумнал“ како и параправник/фасцилитатор во НВО „Романо Чачипе“. Исто така има работено во Здружението на граѓани „Ромаверзитас“ како административен асистент и воедно е ко-креатор на истражување поврзано со ромската заедница на тема „Проблемите и потребите на студентите Роми во почетокот од нивното студирање спроведено во рамки на истото здружение.

СЕМРАН СУЛЕЈМАН

Проектен менаџер (Проект на УСАИД за инклузија на Ромите)

Семран Сулејман е роден во Скопје, Македонија. Дипломиран правник при Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Низ годините на студии, тој се интересираше за различните перспективи на законите во државата, а потоа почна да се фокусира на меѓународното право. Семран активно учествува во невладиниот сектор. Од 2018 до 2019 година волонтираше во Ромаверзитас Македонија. Има остварено и практикантска работа во Основниот суд во Скопје. Беше и дел од RGPP- Roma Graduation Preparation Program на ЦЕУ во Будимпешта во периодот од 2019 /2020. Во 2021 во периодот од јули до октомври беше координатор за Северна Македонија во ERIAC – European Roma Institute for Arts and Culture. Од октомври 2022 до јуни Семран беше волонтер и во Phiren Amenca во Будимпешта преку European Solidarity Corps.

ВЕРИЦА БОЈКОВСКА

Проектен менаџер (Заедно за просперитетна заедница)

Верица Бојковска своето образовние од областа на Меѓународните односи го стекнува на Правниот Факултет при Универзитеот Св. Климент Охридски во Софија- Бугарија. Образованието понатаму го продолжува на постдипломски студии на Универзитетот ФОН, насока Меѓународна политика и дипломатија. Во текот на постдипломските студии посетува практикански стаж во Министерството за надворешни работи во Директорат за мултилатерални односи/ Сектор за Совет на Европа, ОБСЕ и ООН/.

Вклучена е како дел од тимот на македонското претседателство со Советот на Европа а особен придонес има дадено во организирање на Националната конференција за човекови и малцински права. Своето професионално работно искуство од областа на заштитата и унапредување на човековите права го стекнува во повеќе национални и меѓународни организации, меѓу кои Балканска фондација за деца и млади, Национален Демократски Институт – НДИ – Скопје, Набљудувачките мисии на ОБСЕ/ОДИХР и Асоцијација иницијатива за социјална промена – ИнСоК – Скопје. Има работено на повеќе проекти за заштита и унапредување на положбата на Ромската заедница, меѓу кои Пристап на Ромите до фондови, Граѓанското општество во акција за еднаквост, Надвор од кругот – невидливи во општеството, Ромска Акција + Граѓански ангажман на локалната заедница и др. Ко-автор е на истражувањето “Предизвиците на Ромите повратници во Македонија” изработено во рамките на проектот „Поттикнување одржлива реинтеграција на Ромите – повратници во Македонија“, спроведуван од Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ).

СЕЛИКА АЉИЉИ

Проектен менаџер (Заедно за просперитетна заедница)

Селика Аљиљи е апсолвент на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, на насоката Финансиски менаџмент. Има претходно работно искуство како финансиски службеник во две невладини организации: „Романо Чачипе“ и „Ромаверзитас“. Претходно била волонтер во Црвениот крст на Северна Македонија како и други интернационални невладини организации. Селика има учествувано на разни обуки и работилници во текот на студирањето.

БЕКИМ МЕХМЕД

Проектен менаџер (Заедно за просперитетна заедница)

Беким Мехмед од Скопје, Дипломиран економист – финансиски менаџмент, дипломирал на Факултет за Бизнис Економија Скопје. Во моментот е студент на постдипломски студии насока финансиски менаџмент во Институт за Бизнис Економија во Скопје. Пред да биде ангажиран во Ромалитико, беше вработен во Министерство за труд и социјална политика, како помлад соработник на работните задачи во Одделението за имплементација на Стратегијата за Ромите, во Министерство за труд и социјална политика.

Како посебна работна задача на неговото претходно работно место се издвојува административна поддршка, следење и насока на ангажираните лица-информатори во Проектот Ромски Информативни Центри кој се спроведува во 8 (осум) општини со претежно ромско население. Согласно работното искуство, поседува вештини за планирање, организирање, координирање, контрола на активности, обработка на прибираните податоци и известување. Беким со своето искуство ќе помогне кон подобрување на вклученоста и унапредување на стандардот на животот на Ромите во Република Северна Македонија.

КРИСТИНА ИЛИЕВСКА

Административен соработник

Кристина Илиевска поседува повеќегодишно работно искуство во областа на канцелариското и архивско работење. Пред да се приклучи на тимот на Ромалитико, активно беше вклучена во невладиниот сектор, во рамки на повеќе проекти од областа на јавната администрација и социо-економскиот развој, претежно наменети за развој на институциите на јавната администрација и поддршка на реформите во насока на членство во ЕУ.

Учествувала во повеќе истражувања од областа на јавните услуги, отворени податоци и работата на јавните институции во земјата. Има посетено повеќе обуки од областа на канцелариско и архивско работење, како и курсeви за Social media и „Design Thinking“ методологијата.

МИЛИЦА ИЛИЕСКА

Финансиски менаџер

Милица Илиеска е долги години дел од невладиниот сектор. Пред да се вклучи во тимот на Ромалитико, има работено како финансиски асистент во РЕЦ Амбрела. Подоцна се вклучува во Здружението Иницијатива за социјална промена ИнСоК каде има работено на повеќе позиции меѓу кои како проектен асистент, а подоцна и како раководител на Здружението. Покрај работата на конкретни проекти од различни донатори, Милица Илиеска има работено на повеќе анализи и истражувања со обработка на податоци. Има учествувано на повеќе обуки и тренинзи од повеќе области.

КЕНАН ТАИР

Комуникациски офицер (Проект на УСАИД за инклузија на Ромите/ Заедно за просперитетна заедница)

Стекнато во Скопје, Македонија, образованието на Кенан Таир во доменот на компјутерските науки и инженерство се фокусира на софтверското инженерство и UX/ UI дизајнот. Во текот на своите студии, тој работеше на многу веб и мобилни апликации како практикант за неколку ИТ компании, нудејќи свежи и иновативни идеи во врска со подобри кориснички искуства и дизајнирање на интерфејси кои се лесни и интуитивни за користење. Во неговите проекти, тој комбинира многу области, како што се образование, е-трговија, здравство, претприемништво, маркетинг и графички дизајн.

Тој долго време беше вклучен во невладиниот сектор како консултант за ИТ, волонтер и активист. Неговата работа вклучува градење веб-страници за различни компании, подготвување целосни решенија за веб-страници за е-трговија и работа на мобилни апликации за спречување на здравствени проблеми преку здрава исхрана. Тој ги користи своите технички знаења за да и помогне на ромската заедница да стане дел од ерата на дигитализацијата. Кенан планира да го прошири своето знаење за компјутерски науки со тоа што ќе се занимава со поле на управување со бизнисот, за да може да развие сопствен бизнис од корист на ромскиот народ.