Мисија и Визија

МИСИЈА

 Мисијата на Ромалитико е да промовира динамично отворено општество преку анализи, истражувања базирани на докази и застапување за влијание врз јавните политики, односот на моќта и распределбата на ресурсите за Ромите во Република Македонија и Европа.

 

ВИЗИЈА

Визијата на Ромалитико е да се стреми да ја предизвика статус-кво состојбата и да ја унапреди положбата на Ромите во Европа.

ПРИНЦИПИ И ВРЕДНОСТИ

Институтот за истражување и анализа на политики Ромалитико уште од формирањето се заснова на тимската работа, соработката и партнерствата кои ги изгради во процесот на застапување и консултирање со останатите општествени субјекти во државата и надвор. Институтот е посветен кон промовирање на динамично отворено општество преку анализи, истражувања, консултации и тренинг за јавни политики кои ги таргетира Ромите во Република Македонија и пошироко. Институтот има за цел комплементарно да придонесе во развојот на политичката култура кај ромската заедница вклучувајќи ја во јавни дебати за сегашните и идните политички и социо-економски процеси. Според погоре напишаното, Ромалитико во периодот 2019 – 2022 ќе ги застапува и промовира следните принципи и вредности:

 

Релевантност и иновативност

Ромалитико се стреми да обезбеди на пошироката јавност нови брзи, квалитетни, решенија и информации по однос на ромското прашање. Исто така, преку своите анализи се стреми да допринесе кон нови пристапи за застапување.

 

Транспарентност и
независност

Ромалитико е непартиски и независен Институт од национални и меѓународни институции кој има за цел да понуди политички решенија без политичка припадност. Институтот е посветен на транспарентност во однос на управувањето со финансиските средства. Преку својата веб страница и преку другите јавни гласила ги објавува сите релевантни информации за својата работа.



 

 

Инклузивност и
партнерство

Ромалитико како Институт промовира дијалог помеѓу сите засегнати страни кои на било кој начин се вклучени во процесите и имаат за цел да придонесат за подобрување на состојбата на Ромите. 

 

 

 

 

 

Меѓу секторски и долгорочни решенија

Ромалитико има за цел да промовира нов мултидисциплинарен начин на стратешко планирање на политиките во областите право, економија и политика.

Партнери и поддржувачи

   
   
     

Пронајдете не’

Контактирајте со нас

ул. Мајаковски бр. 12/1-18,
1000 Скопје, Северна Македонија

+389 75 314 504

[email protected]