Одржан прв заеднички состанок на РОМАКТЕД II структурата со општинските контакт точки

Денес, 1 септември 2021 во рамките на втората фаза на РОМАКТЕД програмата „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ се одржа првиот заеднички состанок меѓу структурите на оваа програма.

На состанокот учествуваа фасилитаторите и општинските контакт точки од 15 општини кои се дел од втората фаза на РОМАКТЕД структурата ( Берово, Битола, Делчево, Кочани, Крива Паланка, Дебар, Гостивар, Струмица, Шуто Оризари, Тетово, Штип, Кичево, Прилеп, Виница и Велес).

Во рамки на состанокот беа разменети информации во однос на процесот на формирање на Локалната акциска група, Институционалната работна група и Општинската работна група како дел од структурата на оваа програма. Исто така националниот тим за поддршка (РОМАЛИТИКО и програмската канцеларија на Советот на Европа) сподели клучни информации и препораки во фазата на поставување на структурите

Основна цел на состанокот беше да се постави систем на меѓусебно координирање и информирање како и запознавање на фасилитаторите со општинските контакт точки.

Првата средба заврши со најава за индивидуални средби на националниот тим со фасилитаторите и општинските контакт точки како и со заедничка поддршка во процесот на имплементација.

РОМАКТЕД II програмата „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ започна да се имплементира во јануари 2021 и ќе трае до декември 2024, а истата е финансирана од Европската Унија и Советот на Европа и имплементирана од Советот на Европа.

Партнери и поддржувачи

   
   
     

Пронајдете не’

Контактирајте со нас

ул. Аминта трети (Ленинова) бр.33А/1-25,
1000 Скопје, Северна Македонија

+389 75 314 504

[email protected]