Реализирани поединечни средби со локалната структурата за поддршка на РОМАКТЕД II Програмата

Во периодот од 13 до 15 септември 2021 во рамки на втората фаза на РОМАКТЕД Програмата „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ одржани се 15 поединечни средби со локалната структура за поддршка на оваа програма составена од општинската контакт точка и фасилитаторот кои се поддршка за имплементација на програмата на локално ниво.

На средбите беа дискутирани статусот за формирање на Локалната акциска група и Институционалната работна група. Во овој дел беше разгледано прашањето околу користење на веќе постоечката структура во двете работни групи од првата фаза на програмата и нивно надополнување или ажурирање со нови членови согласно Прирачникот за развој на локалните ресурси, заедничко дејствување и јакнење на ромската заедница.

Исто така во рамки на средбите беа најавени динамиката и содржината на планираните активности на фасилитаторите согласно нивниот работен план. Во оваа насока уште еднаш беше потврдена поддршката на општините во процесот на имплементација на активностите од оваа програма.
Средбите се одржаа со локалната структура за поддршка во 15 општини кои се дел од втората фаза на РОМАКТЕД програмата: Берово, Битола, Делчево, Кочани, Крива Паланка, Дебар, Гостивар, Струмица, Шуто Оризари, Тетово, Штип, Прилеп, Кичево, Виница, Велес.

РОМАКТЕД II програмата „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ започна да се имплементира во јануари 2021 и ќе трае до декември 2024, а истата е финансирана од Европската Унија и Советот на Европа и имплементирана од Советот на Европа.

Партнери и поддржувачи

   
   
     

Пронајдете не’

Контактирајте со нас

ул. Аминта трети (Ленинова) бр.33А/1-25,
1000 Скопје, Северна Македонија

+389 75 314 504

[email protected]