Координативна средба со министерот Филипче во врска со КОВИД активности во рамки на РОМАКТЕД II Програмата

Денес 22 септември 2021 во рамки на втората фаза на програмата РОМАКТЕД се одржа координативна средба со министерот за здравство Венко Филипче. На средбата покрај Националниот тим за поддршка на имплементација на РОМАКТЕД II Програмата (Ромалитико и Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје) учествуваа и оперативната директорка Лејла Дервишагиќ и програмската директорка Каталин Тамуш во канцеларијата на Советот на Европа во Скопје.

На почетокот на средбата беше презентирана програмата како и активностите кои се тек а се однесуваат на процесот на  вакцинација. Имајќи предвид дека една од новите компоненти на програмата за Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво е и Ковид 19, беа дискутирани и активности кои би можеле да бидат реализирани во текот на имплементацијата на програмата.

Министерот Филипче даде целосна поддршка за спроведувањето на оваа активност преку директно вклучување на мобилни тимови на локално ниво за реализација на вакцинацијата како и информативни сесии за важноста од вакцинацијата. Исто така тој посочи и други важни програми за кои е потребна заедничка соработка во насока на подигнување на здравствената свест и овозможување на подобар пристап до услугите на здравствениот систем за Ромите во Северна Македонија.

Главниот фокус на оваа средба беше овозможување на поддршка и подготвеност на Министерството за здравство во реализацијата на процесот на вакцинација и овозможување на поддршка во процесот на информирање и зајакнување на свеста за заштита на личното и јавното здравје на ромската заедница.

Втората фаза на РОМАКТЕД II програмаta е финансирана од Европската Унија и Советот на Европа и имплементирана од Советот на Европа.

 

Партнери и поддржувачи

   
   
     

Пронајдете не’

Контактирајте со нас

ул. Аминта трети (Ленинова) бр.33А/1-25,
1000 Скопје, Северна Македонија

+389 75 314 504

[email protected]