Програмата за економски развој се фокусира на креирање на јавни политики за политики за вработување и формализација на неформалната економија, вклучување на интересите на Ромите во фондовите на ЕУ, мониторинг на државниот буџет и локалниот буџет, како и промоција на политики за економски развој на Ромската заедница. Нашата цел да креираме висококвалитетни истражувања, политики базирани на докази и да ги застапуваме интересите на Ромската заедница.
Стратешка цел: Канализирање на приоритетите на Ромите во националната и ЕУ агенда преку таргетирани и мејнстрим политики. | ||||
Приоритетна Област | Вработување Цел на приоритет: Зголемување на вработеноста на Ромите во Република Македонија
Приоритетна област | Економски развој на заедницата Цел на приоритет: Локален економски развој на Ромската заедница
Специфична цел: Носење на политики за рамномерен регионален развој и вклучување на Ромите во постоечките стратегии за Локален економски развој |
![]() |
Буџетското издвојување на државата за Ромската заедница во однос на интеграција е на многу ниско ниво и се движи од 290,000 до 750,000 евра реализиран буџет на годишно ниво. Покрај тоа што буџетот е премногу мал за постигнување на видливи промени кај Ромската заедница, истиот не се реализира според планот на почетокот на годината и дополнително се крати при ребаланс на буџетот. Капиталните расходи за поддршка на инфраструктурата на Ромската заедница се многу ниски и државата покрај “стандардното“ издвојување во рамките на 4-те приоритети од Националната стратегија не издвојува дополнителни средства. Од досегашните анализи, идентификувани се неколку причини и тоа:
ИПА фондовите претставуваат можност за директна поддршка на Ромската заедница во унапредување на нивната положба. Досегашната распределба на ИПА фондовите се одвива преку “надворешно“ дефинирање на потребите, без притоа да се земат реалните потреби на Ромската заедница. Како резултат на тоа ефектот од програмите и финансирањето од ИПА фондовите е мал врз Ромската заедница. Дополнително, административните бариери и слабиот капацитет на Ромските НВО и институциите да ги апсорбираат фондовите придонесува за пропуштање на можноста за решавање на одредено прашање од заедницата. |
||
Стратешка цел: Искористување на фондовите (државниот буџет и финансирањето на ЕУ) за директна поддршка на Ромите | ||||
Приоритетна област | Државниот буџет Цел на приоритет: Државниот буџет ги поддржува приоритетите на Ромите
Приоритетна област | ЕУ фондови Цел на приоритет: Цел на приоритетот: Доследно искористување на ИПА фондовите
|
![]() |
Невработеноста на Ромите во последните три години како удел во вкупната евидентираната невработеност се зголемила од 4 % во 2015 на 6.3% во 2017, и 9 .0% во 2019 година. Ваквата состојба укажува дека постоечките активности во рамките на активните мерки за вработување не придонесуваат во намалување на невработеноста на Ромите. Од досегашните анализи произлегуваат неколку причини:
Постоечките политики и инвестиции во делот на економија и претприемништво генерално се во поддршка на големите бизниси и стимулираат одредени сегменти како што се млади и ИТ сектор. Во оваа насока постоечките политики не ги вклучува интересите на Ромскиот неформален и формален бизнис сектор. Бизнис окружувањето на ромските претприемачи и понатаму е недоволно развиено во поглед на инфраструктура, пристап до финансии, стимулирачки мерки и политики за бизниси. Иако постојат одредени политики кои се актуелни преку Фондот за иновации и активните мерки за вработување, истите во мала мера се искористени од страна на Ромските претприемачи. Главни причини за ваквата состојба се:
|
||