Ромските општествени фактори вклучувајќи ги политичките партии од двата спектри, невладините организации и сите други групи едногласно ќе ги поддржат уставните измени затоа што Ромите се Европски граѓани и се сѐ поблиску до остварувањето на Европскиот сон. За Ромите никогаш немало ниту ќе има алтернатива на интеграцијата на државата во Европската Унија.

Нашето макотрпно заложување и лобирање за Европска иднина се остварува со видливи резултати. Ромските граѓански организации постојано се во контакт со Брисел и застапуваат за реформите потребни за да Република Северна Македонија денес биде со статус кандидат за приклучување кон Европското семејство.

Истото треба да го направат и Ромските политички партии за надминувањето на предизвикот за интеграција на државата во Европската Унија. Ромските политички партии треба да ја разберат потребата за одлучност и единство за гласање на уставните измени кои претставуваат главна и единствена кочница за интеграција предизвик, а со тоа се свесни и лојални на идејата за интеграцијата на државата во Европската Унија.

Поддршката кон ЕУ интеграција на Северна Македонија може да биде корисна за ромските политички партии поради неколку причини и тоа:

Подобрување на заштитата на човековите права: Европската Унија има ригорозен систем за заштита на човековите права. Со интеграција на Северна Македонија во ЕУ, правата на сите граѓани вклучително и на ромската заедница ќе бидат подобро заштитени. Ова заштита вклучува не само политички туки и социјални, економски и културни права.

Подобрување на животниот стандард: Членството во ЕУ носи значителни инверстиции и економски развој. Ова може да допринесе до подобрување на животниот стандард, можности за вработување и подобри услуги со кои директно би бенефитирала ромската заедница

Поголемо политичко влијание: Во ЕУ, помалите заедници (националности) може да имаат значително влијание, посебно доколку си дадат поддршка помеѓу себе. Ромските политички партии потенцијално би можеле да го искористат во своја полза, а со тоа би ги подобриле политиките од кои може да бенефитира заедницата.

Пристап до финансирање: ЕУ нуди различни програми за финансирање кои се насочени на намалување на економскиот и социјалниот јаз помеѓу земјите членки. Овие фондови би можеле да се искористат во подобрување на условите на Ромите во Северна Македонија.

Мобилност и образовни можности: Со зачленување на ЕУ се отвора и можноста за слободно движење и подобри можности за вработување, образование и личен развој на ромската заедница.

Сепак важно е да се напомене дека овие потенцијални бенефиции зависат од ефективната имплементација на стандардите и регулациите на ЕУ, вклучително и способноста на Ромските политички партии ефективно да ги застапуваат интересите на ромската заедница на национално и ниво на ЕУ