Главен проблем во општината е големата невработеност која  изнесува дури 46% од работоспособното население и заради  тоа се потребни интензивни активности да се подобрат  условите за нови вработувања 1 . Кај ромската заедница  според податоците за невработеност во текот на 2017та  година регистрирани се вкупно 144 невработени Роми од кои  35 се жени Ромки. Споредбено со 2003та  кога биле  регистрирани 452 Роми како невработени, може да се  заклучи дека невработеноста кај ромската заедница во оваа  општина е драстично намалена. На оваа бројка свое влијание  има и миграцијата како и поделбата на активни и пасивни  баратели на работа што не носи до заклучок дека сепак ова  не е реалната состојба на вработеноста на ромската заедница  во Виница.

Според податоците на Центарот за социјални  работи во Виница во 2017 година најголем број од  примателите на социјална помош се Ромите со вкупно 101, а  потоа следуваат Македонците со 75 приматели на ваква  помош. Поради ваквата лоша финансиска состојба голем  број на ромски семејства бараат подобри можности во  западно европските држави.

Кликнете тука за да ја прочитате целата анализа

Мултиетничкиот соживот во градот придонесува за  меѓусебна соработка и користење на повеќе јазици на  локално ниво. Зависно од местото на живеење голем дел од Ромите освен ромскиот јазик го користат Албанскиот и  Турскиот како мајчин јазик. Ромите од Тетово живеат главно  во урбано населени и мешани места, како Поток, Центар,  Горна Чаршија, Теќе итн. Населбата Красниќи е  единствената населба во Тетово каде што Ромите живеат во  бедни  услови  без  водоводна  и  канализациска инфраструктура.  Според последните податоци, Тетово е рангиран како град  со највисока стапка на невработеност во земјата.

Над 8  илјади граѓани се регистрирани како активни баратели на  работа.1 Според податоците на Министерство на Труд и  Социјална Политика, во центарот за вработување вкупно 13  917 граѓани се регистрирани како невработени во 2017-та, од  кои 3 186 или 22.8% се Македонци, 10 247 или 73.6%  Албанци, 286 или 2% Роми, 104 или 0.74% Турци, 29 или  0.2% Срби, и 63 или 0.4% Други.   Во последните 5 години (од 2013-та до 2017-та)  забележителен е фактот дека стапката за невработеност меѓу  ромската етничка заедница е зголемена за 100%, од 143  невработени Роми во 2013-та на 286 невработени во 2017-та.  Ваквиот тренд кај ромските семејства најчесто резултира со  заминување во странство за печалба во потрага на подобри  услови на живот надвор од границите на Македонија.   

Месечните приходи на едно просечно четиричлено ромско  семејство од Тетово се околу 150-250 евра, во зависност од  занимањето и бројот на вработени во семејството. Доколку  целото семејство е невработено тогаш во поголем број од  случаевите семејството зависи од месечните примања на  своите роднини од странство или пак од социјалната помош  која тешко ги покрива најосновни трошоци за живот.   Голем дел од ромите во Тетово се занимаваат со  традиционални занаети како што се ковачништво, браварија, столарија, градежништво,  лимарија,трговија, фризерство итн.

Кликнете тука за да ја прочитате целата анализа

Вклучувањето на Ромите на локално ниво претставува  вистински предизвик на локалната самоуправа, пред се поради  неподготвеноста на институциите на локално ниво да  одговорат на проблемите и предизвиците со кои Ромската  заедница се соочува.  Иако речиси во сите општини со  значително ромско население се изготвија Локални Акциони  Планови и се потпишаа Меморандуми за Соработка со  Општините, конкретните акции и резултати на локално  ниво за Ромското население се уште се далеку од оние кои  се посакувани.  Целта на овој документ за јавни политики е да ги  идентификува приоритетните проблеми со кои се соочува  Ромската заедница на локално ниво и даде низа препораки за  надминување на истите со цел вклучување на Ромите на  локално ниво.   

Општина Штип има усвоено документи кои се однесуваат на  потребите и проблемите на Ромите, а еден од позначајните е  Локалниот акционен план (ЛАП) за имплементација на  Декадата на Ромите во Штип. Покрај тоа што локалната  самоуправа на Општина Штип во своето досегашно работење  преземала низа мерки за подобрување на условите за домување  и урбан развој на т.н. ромски маала овие напори се недоволни.  Главните промени во областа на домувањето се направени во  дел на инфраструктурните решенија – асфалтирање на улици,  обезбедување на канализација, водовод и улично осветлување,  како и за подобрување на условите во основното училиште во  населбата. Според локалните НВО и  претставници на локалната  самоуправа1 домувањето и понатаму претставуваа еден од најгорливите проблеми со  кои се соочува Ромската Заедница.

Оттука особено е загрижувачка состојбата со  бездомништвото на околу 50 семејства како и вклучувањето на ромското маало Св. Недела  во ДУП каде што бројни ромски семејства не се приклучени во мрежите на електрична  енергија, водовод и канализација.  Општината и Министерството за Транспорт иако ветија  изградба на социјални станови, Ромските семејства сеуште живеат во супстандардни  услови. Вработувањето е втор проблем по важност кој се јавува кај ромската заедница.  Иако релативната бројка е мала (поради малиот број на Роми кои се евидентираат во   агенцијата за вработување), сепак е двапати поголема во однос на останатите заедници.   

Кликнете тука за да ја прочитате целата анализа

Во отсуство на соодветен буџет на општината Шуто  Оризари, унапредувањето на позицијата на Ромската  заедница претставува сериозен предизвик поради  неможноста на локалните власти да привлечат средства за  реализација на проекти и активности.  Општина Шуто  Оризари во изминатиот период имаше Локален  Економски План 2014 -2020, меѓутоа политичката криза и  другите приоритети придонесе процесот на усвојување на  новите ЛАП да биде позабавено. Шуто Оризари е единствената ромска општината каде што  е сконцентрирано 50% од вкупното ромско население.  

Генерално околу 80% од населението е  претприемачки  ориентирано и функционира во т.н. сив сектор, при што  голем број од нив се и корисници на социјална помош.   Во однос на проблемите со кои Ромската заедница се  соочува, во рамки на работилницата 1 со локалните  претставници, реконструкцијата и санацијата на улици,  патишта, атмосферска и фекална канализација, како и  развој на локалната економија се идентификувани како  клучни приоритети на кои треба да работи општината. Покрај тоа што локалната самоуправа на  Општина Шуто Оризари во своето досегашно работење имаше преземено одредени  инфраструктурни проекти од доменот на водоснабдување и асфалтирање на одредени споредни  улици, сеуште одредени делови од ромските населби не се поврзани со водовод и канализација.    Во изминатиот период, голем број Роми имаат побарано азил во земјите од Западна Европа и се  почесто младите Роми излезот го гледаат на овој начин.

Поради големиот наплив на азиланти од  Македонија, голем број Роми се вратени и истите се надвор од системот на социјална заштита,  образование, вработување поради тоа што изгубиле дел од своите права.   Невработеноста е исто така голем проблем како и функционирањето во сивиот сектор, при што  истото се јавува како проблем за генерирање на приходи од страна на општинските власти.  Целта  на овој документ за јавни политики е да ги идентификува приоритетните проблеми со кои се  соочува Ромската заедница во Шуто Оризари и да даде препораки за надминување на истите со  цел вклучување на Ромите на локално ниво.   

Кликнете тука за да ја прочитате целата анализа

Општина Прилеп веќе неколку години наназад го санира  проблемот со водоснабдувањето. Иако општина Прилеп има  многу да понуди како економски така и туристички, сепак  градот сеуште се справува со неасфалтирани улици и  проблеми со осветлување. Генерално гледано најголем  проблем во општината е слабата инфраструктура.   Како што е веќе процентуално напоменето, оваа општина  има вкупно околу 4,433 граѓани Роми, што ја прави втора  општина по населеност на Роми во Република Македонија  покрај општината Шуто Оризари.

Оваа бројка на население  од Роми претставува голем потенцијал генерално за  општината. Ромите во општина Прилеп активно учествуваат  во општествените текови на локално ниво. Прилеп исто така  има повеќе Ромски граѓански организации кои се во  постојан контакт со заедницата и се посветени за  подобрување на квалитетот на животот на Ромите во  општината.  Во општината има мал број други Роми кои се вработени во  локалните институции. Образованието не е на високо ниво и  се забележува како еден од главните проблеми на Ромите во  оваа  општина.  Сегрегираните  Паралелки сеуште  претставуваат еден од најсериозните предизвици во  образованието на локално ниво. Ромите во Прилеп живеат  во урбана средина. Состојбата кај домувањето на Ромите во  Прилеп исто така претставува голем предизвик поради тоа  што живеалиштата не се регистрирани во рамките на  деталните урбанистички планови на општината. Сепак се  предвидува ревидиран план за домување во кој ги вклучува  и Ромите. Состојбата со здравството на Ромите во општина  Прилеп е сериозен проблем затоа што Ромите во населбите немаат пристап до здравствени  услуги иако проектот за здравствени медијатори ја покрива општина Прилеп.

Според достапните податоци за општина Прилеп може да се забележи дека општината има  усвоено локални акциони планови за Ромите во периодот 2017 – 2020. Иако проблемите на  Ромите се меѓусебно поврзани како во повеќето општини во територијата на Република  Македонија, најургентниот фокус се насочува кон легализацијата на домовите во  населбата ’Тризла’, здравството и пристап до здравствените услуги и инфраструктура  односно елементарните услови за живот во населбите каде што се населени Ромите.3  Граѓанските организации веќе одамна реагираат за  поголема ангажираност на локалната  самоуправа за решавање на проблемите со кои се соочуваат Ромите. Во контекстот на оваа  општина и покрај донесените акциони планови за Ромите, тие немаат буџети за реализација.  Истото беше забележано како препорака од страна на граѓанските организации за  продолжување на иницијативата за поддршка на Ромите 2020 а воедно и препораки  поврзани со здравствените услуги, инфраструктурните потреби како што се осветлување,  канализација и други потреби.

Важно да се напомене дека во рамки на општината постои  скриена структурна дискриминација која граѓаните Роми најчесто ја пријавуваат во  локалните граѓански организации. Генерално, општина Прилеп се труди да ги намали  проблемите на сите граѓани вклучително и проблемите на Ромите во општината. Покрај  донесените локални планови органите на општината се повеќе фокусирани во насока на  решавање на суштинските проблеми со кои се соочува општината во целост без посебен  акцент на потребите на Ромите..   Согласно статутот на Општината формирани се девет комисии чија работа и ингеренции се  детално опишани во истиот: 5  :  

  • Комисија за финансирање, буџет и локален економски развој
  • Комисија за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина
  • Комисија за општествени дејности и правата на децата
  • Комисија за Статут и прописи
  • Комисија за одбележување на значајни настани, личности и празници
  • Комисија за елементарни непогоди
  • Комисија за месна самоуправа
  • Комисија за родова еднаквост
  • Комисија за мандатни прашања, избори и именување

Според условите за работење, комисиите имаат различен опфат на работа и учесници во  овие комисии. Советниците учествуваат во овие комисии заедно со експерти на локално  ниво кои се консултираат за изнаоѓање на решенија за проблемите на граѓаните.

Кликнете тука за да ја прочитате целата анализа

Како во сите општини така и во Куманово постојат многу  фактори кои влијаат на структурата на населението. Овие  податоци се базираат на пописот на населението од 2002  година. Куманово претставува еден од крстопатите во државата  којшто е поврзан со источниот дел на државата а воедно и со  Република Србија на север. Општина Куманово генерално се  соочува со слични проблеми како многу од останатите големи  општини во Република Македонија.   

Како што е веќе напоменето, во Куманово живеат вкупно околу  4,256 граѓани Роми, што ја прави оваа општина една од  најнаселените општини со Роми во државата покрај  општината Шуто Оризари . Оваа бројка претставува голем  потенцијал за општината генерално. Куманово е една од  општините кадешто има консекутивно обезбедува барем еден  советник Ром во Советот на општината. Во последниот  мандат, според резултатите, во Советот на општината има  двајца советници Роми.1 Со овој факт се укажува дека Ромите  во општина Куманово активно учествуваат во општествените  текови на локално ниво. Покрај овој капацитет, Куманово исто  така има повеќе Ромски граѓански организации кои се во  постојан контакт со заедницата и се посветени за подобрување  на квалитетот на животот на Ромите во општината.  Покрај овие резултати и фактот дека општина Куманово е една  од понаселените општини со Роми во државата, Куманово  нема референт Ром.

Од друга страна, ромскиот јазик е во  службена употреба на седниците на Советот на општина  Куманово.2 Образованието е не е на високо ниво во споредба  со останатите заедници во општината. Како еден од  најглавните проблеми во Куманово посочен од страна на  граѓанските организации и советници е вработувањето. Нема  ниту еден Ром вработен во локалната самоуправа ниту во  администрацијата, иако веќе има дипломирани и  квалификувани Роми. Сите други заедници се застапени во  локалните институциите. 3 Ромите во Куманово живеат во  урбана средина. Состојбата на домување на Ромите во Куманово исто така претставува голем предизвик поради тоа што сеуште постојат населби кои се населени со Роми а се со  субстандардни услови за живот. Се забележува мал прогрес во легализацијата на живеалиштата,  но сепак предизвикот останувазатоа што ромските населби не се вклучени во деталните  урбанистички планови.

Ситуацијата со здравството на Ромите во општина Куманово е сериозен  проблем затоа што Ромите во населбите немаат пристап до здравствени услуги. Проектот за  здравствени медијатори не ја покрива општина Куманово4. Покрај наведените проблеми постојат  дополнителни проблеми кои го отежнуваат животот на Ромите во општината. Во контекстот на  проблемите се додаваат и дискриминацијата и лицата без лична документација. Во општината  сеуште постои скриена структурна дискриминација која често граѓаните ја пријавуваат во  локалните граѓански организации.  Според достапните податоци за општина Куманово може да се забележи дека општината нема  усвоено локални акциони планови за Ромите во периодот 2017 – 2020. Иако проблемите на  Ромите се меѓусебно поврзани како во повеќето општини во територијата на Република  Македонија, најургентниот фокус се насочува кон легализацијата на домовите во  населбата ’Средорек’, зголемување на нивото на образовани Роми, здравство и пристап до  здравствените услуги и инфраструктура односно елементарни услови за живот во населбите каде  што се населени Ромите.

Граѓанските организации веќе одамна реагираат и бараат поголема  ангажираност на локалната самоуправа за решавање на проблемите со кои се соочуваат Ромите.,  Во буџетот на општината, за Ромите не се предвидени посебни буџетски линии за реализација  односно за подобрување на квалитетот на нивниот живот  Генерално, општина Куманово се труди да ги намали проблемите на сите граѓани вклучително и  проблемите на Ромите во општината. Органите на општината често се фокусирани на  генералните проблеми на општината без директен фокус или план за потребите на Ромите.  Советот како главен орган на општината е поделен во постојани комисии кои се креирани според  потребите на општината. Овие комисии се креирани според статутот на општината и нивната  работа и ингеренции се детално опишани во истиот. Според статутот постојат 13 комисии5  за  различни сфери од општествениот живот на жителите во општината и тоа:  

  • Комисија за мандатни прашања, избори и именувања
  • Комисија за финансирање и Буџет
  • Комисија за локален економски развој
  • Комисија за урбанизам
  • Комисија за комунални дејности
  • Kомисија за заштита на животната средина и природата
  • Комисија за образование, култура и спорт
  • Комисија за социјална, детска и здравствена заштита
  • Комисија за статут и прописи
  • Комисија за месна самоуправа
  • Комисија за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија
  • Комисија за еднакви можности помеѓу мажите и жените
  • Комисија за безбедност, безбедност во сообраќајот и противпожарна заштита

Според условите за работење, комисиите имаат различен опфат на работа и учесници во овие  комисии. Советниците учествуваат во овие комисии заедно со експерти на локално ниво кои се  консултираат за изнаоѓање на решенија за проблемите на граѓаните.

Кликнете тука за да ја прочитате целата анализа

Во отсуство на јавни политики за Ромите на локално  ниво , не постои можност за систематско  спроведување на активности за решавање на  проблемите на Ромите и според тоа соодветно  планирање и издвојување на буџет за Ромите во  општина Кочани.  Општина Кочани во изминатиот  период имаше Локален акционен план 2010 -2015,  меѓутоа политичката криза и другите приоритети  придонесе процесот на усвојување на новите ЛАП да  биде позабавено. Според бројот на Ромско население Општина Кочани  е  седма по ред на национално ниво, каде што  локалното  население сочинува 5.13%, иако  неофицијалните податоци од страна на НВО,  укажуваат на бројка од 2.300 жители Роми.  

Мнозинство од Ромското население како мајчин јазик  го говори турскиот јазик, и токму поради тоа  значителен број се идентификуваат и како Турци.   Во однос на проблемите со кои Ромската заедница се  соочува, во рамки на работилницата1 со локалните  претставници, инфраструктурата, вработувањето и  домувањето  беа идентификувани како најприоритетни  области каде општината треба се  фокусира во наредниот период.  И покрај тоа што локалната самоуправа на Општина  Кочани во своето досегашно работење презела низа мерки за подобрување на условите за  подобрување на инфраструктура преку асфалтирање на улици, сеуште околу 30% од  улиците не се асфалтирани дури и некои делови од ромските населби не се поврзани со  водовод и канализација.

Вработувањето е втор проблем по важност кој се јавува кај ромската заедница, особено во  јавниот сектор каде што се вработени помалку од 1%.   Целта на овој документ за јавни политики е да ги идентификува приоритетните проблеми  со кои се соочува Ромската заедница во Кочани и даде препораки за надминување на истите  со цел вклучување на Ромите на локално ниво.    

Кликнете тука за да ја прочитате целата анализа

Од 2002 година, голем број фактори влијаат врз структурата  на населението во општината, особено во последните  неколку години кога жители од различни етнички заедници  се обидуваат да имигрираат во Западна Европа. Со текот на  годините, општината вложува максимални напори за да го  задржи своето население во Гостивар преку зголемување на  економските можности кои имаат за цел да создадат подобар  квалитет на живот.   

Демографски, општината е дом за 2.237 граѓани Роми,  според последните резултати од пописот на население 2002  година. Оваа бројка се предвидува да варира со мала маргина  која е предизвикана од push и pull факторите на миграција,  економската сигурност и други додатни фактори кои  генерално влијаат на општата популација на општината.  Ромите во општина Гостивар неколку години по ред на  локалните избори обезбедувале мобилизација на гласачкото  тело за изгласување на кандидат за советник Ром кој е  вклучен во листи на Македонски политички партии.2 Во  последните три состави Советот на општината Ромската  заедница имала барем еден советник Ром, иако според бројот  на ромскиот електорат во општината граѓаните Роми имаат  капацитет за барем двајца советници.

Покрај овој факт,  најголемиот импакт врз Ромската заедница го имаат  граѓанските организации, односно постојаната посветеност  и напор на секторот за подобрување на ситуацијата на  Ромите во општината.  Според достапните податоци за општина Гостивар може да  се забележи дека проблемите на Ромите се меѓусебно поврзани.  Покрај  наведените  проблеми постојат  дополнителни проблеми кои го отежнуваат животот на Ромите во општината. Во  контекстот на проблемите се додаваат и дискриминацијата и лицата без лична  документација. Во општината сеуште постои скриена структурна дискриминација која  често граѓаните ја пријавуваат во локалните граѓански организации. Додека пак проблемот  со лицата без лична документација претставува спрега за практикување на правата како  граѓани во општината. Со овој проблем всушност лицата фантоми неможат да се стекнат со  право на образование, здравствени услуги вработување и често пати истите лица се субјект  на дискриминација.

Во целост, општина Гостивар вложува напори за хармонизација на проблемите и изнаоѓање  на решенија. Органите на општината често се фокусирани на генералните проблеми на  општината без специфичен фокус или директна агенда за потребите на Ромите.  Организацијата и работењето на советот како главен орган на општината го регулираат  постојани комисии кои се креирани според потребата на општината. Овие комисии се  креирани според статутот на општината и нивната работа и ингеренции се детално опишани  во истиот. Според статутот постојат десет (10) комисии за различни сфери од  општествениот живот на жителите во општината и тоа:  

  • Комисија за склучување на бракови
  • Комисија за утврдување на пазарната вредност на недвижниот имот
  • Комисиja за мандатни прашања, избори и именувања
  • Комисија за финансии и економски развој
  • Комисија за планирање и уредување на просторот и заштита на животна средина и природа
  • Комисија за комунални работи и сообраќај
  • Комисија за јавни дејности
  • Комисија за нормативно-правни прашања
  • Комисија за еднакви можности помеѓу половите
  • Комисија за односи меѓу заедниците

Комисиите, составени од советниците во Советот на општината и експерти, работат на  изнаоѓање на решенија за локалните проблеми, но може да се забележи дека Ромското  прашење не е во фокусот на нивната работа како такво иако истото се провлекува низ  нивната работа со исклучок на Комисијата за односи меѓу заедниците.

Кликнете тука за да ја прочитате целата анализа

Како во сите општини така и во Делчево постојат многу  фактори кои влијаат на структурата на населението. Овие  податоци се базираат на пописот на населението од 2002  година. Оваа општина со години наназад пробува да го  искористи економскиот и туристички потенцијал со кој би  го решил најгорливиот проблем во општината, а тоа е  вработувањето.  Според демографските податоци оваа општина има околу  651 граѓани Роми, според последните резултати од пописот  на население 2002 година . Оваа бројка се разбира се  променува затоа што трендовите за миграција поради  економска или образовна цел ги привлекува граѓаните да  имигрираат а најчесто емигрираат во Скопје како главен  град.

Покрај овие фактори генерално влијаат повеќе фактори  на општата популација на општината. Ромите во општина  Делчево активно учествуваат во општествените текови на  локално ниво. Често пати при избори нивната мобилизација  резултирала со многу позитивни резултати и голема  отвореност и соработка со граѓанскиот сектор. Нивниот  капацитет како електорат го искористија во неколку наврати  пришто Делчево е една од општините која има референт Ром во администрацијата.  Oпштина Делчево има повеќе граѓански организации меѓу  кои и Ромски кои имаат големо влијание врз заединицата.  

Нивните напори заедно со соработката на локалните власти  генерираа многу позитивни резултати во годините наназад.  Како еден од позитивните примери што може да се забележи  е посветеноста на општината за подобрување на квалитетот  на живот на Ромите во општина Делчево. Важно е да се  напомене дека Делчево има усвоено локални акциони  планови за Ромите во периодот 2017 – 2020. Покрај ова општината исто така учествува за  организирање на прославата на меѓународниот ден на Ромите – 8ми Април. Општината исто  така во соработка со граѓанскиот сектор издвојува финансиски средства за двајца ученици,  еден од основно и еден од средно училиште. Исто така треба да се напомене фактот дека  општина Делчево е една од неколкуте општини кои го воведуваат изучувањето на Ромскиот  јазик како изборен предмет во училиштата.

Општината покрај инвестирањето во учениците Роми, исто така издвојува финансиски средства за културни настани поврзани со Ромската  заедница. Покрај вработениот референт Ром во локалните институции има вработено и други лица Роми.  Образованието е на високо ниво затоа што опфатот на деца вклучени во образовниот процес  во општината изнесува 100%. Што го прави Делчево една од ретките општини со таков  резултат на вклученост на деца во образовниот систем. Ромите во Делчево живеат во урбана  средина.  Генерално состојбата на домување на Ромите во Делчево е добра, општината има донесено  ревидиран план за домување во кој ги вклучува и Ромите.   

Состојбата со здравството на Ромите во општина Делчево е малку поразлична, иако генерално  сите имаат пристап до здравствени услуги, Ромите имаат значајно најлоша здравствена  состојба во општината. Проектот за здравствени медијатори не ја покрива општина Делчево. Според достапните податоци за општина Делчево може да се забележи дека проблемите на  Ромите се меѓусебно поврзани. Покрај проблемите во здравството, домувањето,  вработувањето и образованието постојат дополнителни проблеми кои го отежнуваат животот  на Ромите во општината.

Во контекстот на проблемите се додаваат и генерално  идентификуваните проблеми на национално ниво како што е дискриминацијата. Во општината  сеуште постои скриена структурна дискриминација која често граѓаните ја пријавуваат во  локалните граѓански организации.   Во целост, општина Делчево се труди да ги намали проблемите на сите граѓани вклучително  и проблемите на Ромите во општината. Органите на општината често се фокусирани на  генералните проблеми на општината без директен фокус или план за потребите на Ромите.  Советот како главен орган на општината е поделен во постојани комисии кои се креирани  според потребите на општината. Овие комисии се креирани според статутот на општината и  нивната работа и ингеренции се детално опишани во истиот.

Според статутот постојат седум  (7) комисии  за различни сфери од општествениот живот на жителите во општината и тоа:  

  • Комисија за верификација, мандатни прашања, избори и именувања  
  • Комисија за еднакви можности  
  • Комисија за финансии, буџет и ЛЕР  
  • Комисија за јавни дејности  
  • Комисија за комунални работи и сообраќај  
  • Комисија за урбанизам, планирање и уредување на просторот и заштита на животната  средина и прородата  
  • Комисија за статут и прописи  

Според дејноста, комисиите имаат различен домен на работа и учесници во овие комисии.  Советниците учествуваат во овие комисии заедно со експерти на локално ниво кои работат во  насока на изнаоѓање на решенија за проблемите на граѓаните. Според наведените комисии  може да се забележи дека Ромското прашање е застапено во нивната работа.

Кликнете тука за да ја прочитате целата анализа

Според пописот, бројката на Ромите во Општината изнесува  3.500 но според проценките на локалните НВО оваа бројка е  поголема. Најголем број на Роми живеат во Топаана каде  што според проценките на локалните НВО (Сумнал) околу  4500-5000 граѓани се од Ромската национала припадност.

Голем број на Ромски семејства во Општината се соочуваат  со проблеми од областа на домувањето што веќе долго време  е  позната карактеристика на Општина Чаир. Иако во  последните години во делот каде што живее Ромското  население направени се повеќе инфраструктурни зафати,  инсталирани водоводни и канализациски мрежи, уредувани  тротоари и слично, сепак долготрајниот процес на  транзиција на општеството предизвика осиромашување на  најголем број граѓани. Ромите како најранлива група се  најмногу зафатени од ваквиот бран на осиромашување.

Кликнете тука за да ја прочитате целата анализа

Како и во останатите градови во Република Македонија така  и во Битола ромската заедница се среќава со голем број на  проблеми во нивниот секојдневен живот. Ромските населби  сеуште се соочуваат со недостаток на инфраструктура, без  вода, струја и елементарни услови за живот во постојана  борба со сиромаштија и дискриминација.

Дополнителен  проблем во делот на домување е тоа што Ромите коишто  живеат во населбата Баир во Битола сеуште не се во можност  да ги легализираат своите живеалишта кои се дивоградби  бидејќи општината сеуште нема изработено детален  урабнистички план за овој дел од градот. Ромската заедница  во населбата Баир се соочува и со сегрегација во  образовниот процес, имено после подолг период на  сегрегација во ОУ “Ѓорѓи Сугарев”, Европскиот Центар за  Правата на Ромите од Будимпешта покрена постапка пред  надлежниот суд во Скопје за овој случај.

Кликнете тука за да ја прочитате целата анализа

Општина Берово е сместенa во најисточниот дел на  Република Македонија на самата граница со Република  Бугарија, со вкупно население од 13,941 жители од кои 459  се Роми. Унапредувањето на позицијата на Ромската  заедница  претставува сериозен предизвик пред се поради  немањето на доволно работни места во општината, при што  се случува лица со високо образование да работат на  позиции каде што е потребно средно образование.

Ваквиот феномен е причина младите да се иселуваат од  општината  и излезот да го бараат во главниот град или пак  во земјите на ЕУ. Додека, не-ромското население емигрира  на легален начин со набавка на бугарски пасоши, Ромите  излезот го барат во барањето на азил во западноевропските  земји. Во поново време со појавување на посреднички  агенции за работа во странство, се поголем број на  квалификувани Роми ја искористуваат оваа можност за  подобар живот надвор од Македонија.     Во однос на проблемите со кои Ромската заедница се  соочува, во рамки на работилницата 1 со локалните  претставници, невработеноста и сиромаштијата се   идентификувани како клучни приоритети на кои треба да  работи општината.

Предизвиците се уште поголеми имајќи ја во предвид структурата на  локалната економија како и идниот потенција. Во изминатиот период, локалната  самоуправа ја подобри инфраструктура во ромските населби преку изградба на улици,  водоводна мрежа и потпорни ѕидови. Дополнително, околу 14 социјални станови се  распределени за Ромите.   Невработеноста е еден од најголемите проблеми, особено невработеноста на младите чија  стапка на невработеност е 67%.  Кога станува збор за Ромите, невработеноста изнесува  околу 10% (137 Невработени). 

Потенцијалите за развој на општината главно се гледаат во  развој на туризмот, мала, лесна и незагадувачка прехранбена индустрија и планско  користење на шумските ресурси, кои може да генерираат вработување.   Целта на овој документ за јавни политики е да ги идентификува приоритетните проблеми  со кои се соочува Ромската заедница во Берово и да даде препораки за надминување на  истите со цел вклучување на Ромите на локално ниво.

Кликнете тука за да ја прочитате целата анализа