Спроведени проекти

Име на проектот

“Граѓанско општество за Интеграција на Ромите 2020”

Период

Јануари 2019 – Декември 2020

Локација

Национално ниво – Македонија

Опис (цели и активности)

Главната цел на проектот е Инклузија на Ромите во јавните политики во Република Македонија.

- Одржување на Владата на РМ одговорна за спроведување на Националната Стратегија за Роми и обезбедување на повисоко ниво на имплементација на активностите поврзани со Националните Акциони планови за Роми;

- Зголемување на реализацијата на националниот буџет според планираниот буџет и зголемување на буџетот на годишно ниво;

- Поведување на постапка за изградба на социјална зграда во општина Шуто Оризари;

- Промена на методологијата за распределба на работните места во државна и јавна администрација.

Партнери

Ромски Граѓански Организации

Вид на ангажман

Водечка организација на проектот

Донатор

Канцеларија за Ромски Иницијативи, Фондација Отворено Општество Берлин



Име на проектот

Граѓанско општество за Интеграција на Ромите – Во сенка

Период

Ноември 2017 – Октомври 2018

Локација

Национално ниво – Македонија

Опис (цели и активности)

Главната цел на проектот е мониторирање во сенка на прогресот на имплементација на Стратегија за Роми и нејзините акциони планови. Проектот вклучува истражување и застапување со цел промена на политики за подобра ефикасност во имплементацијата на Стратегијата.

Учество во процесот на планирање и развој на оперативен план за делување со следните активности: планирање, следење, спроведување, координирање и извршување задачи во врска со потребите на проектот.

Партнери

Центар за Економски Анализи- ЦЕА

Вид на ангажман

Проект – репортирање, истражување и застапување

Донатор

Канцеларија за Ромски Иницијативи, Фондација Отворено Општество Будимпешта



Име на проектот

Помош на Велика Британија во ромските општини

Период

Ноември 2020 – Март 2021

Локација

Прилеп, Кочани, Виница, Гостивар, Куманово и Шуто Оризари

Опис (цели и активности)

Проектот во првата фаза имаше за цел обезбеди помош преку дистрибуција на хуманитарна помош во Прилеп, Кочани, Виница, Гостивар, Куманово. Во првата фаза беа доделени 225 пакети со храна и хигиенски производи односно во секоја општина беа доделени по 45 пакети. Во втората фаза овој проект имаше за цел да додели дезинфекциски материјали на Општина Шуто Оризари за потребите на детската градинка, двете училишта и општинската зграда и улиците.

Партнери

/

Вид на ангажман

Проект

Донатор

Амбасада на Велика Британија



Име на проектот

Со Ромите во Западен Балкан

Период

Мај – Септември 2019, Мај – Декември 2020

Локација

Северна Македонија

Опис (цели и активности)

Општата цел на проектот е да се обезбеди соработка и промовирање на нови политики за Ромите во Западен Балкан и предлози на алтернативни политики со посебен фокус на антициганизмот

Партнери

Централен совет на Синти и Роми од Германија

Вид на ангажман

Проект

Донатор

Министерство за надворешни работи на СР Германија

Партнери и поддржувачи

   
   
     

Пронајдете не’

Контактирајте со нас

ул. Мајаковски бр. 12/1-18,
1000 Скопје, Северна Македонија

+389 75 314 504

[email protected]