Име на проект: |
Заедно за просперитетна заедница |
Имплементирано од: |
Водечка организација: Институт за истражување и анализа на политики Ромалитико Партнери: РЕДИ, Ромаверзитас, Romano Avazi |
Поддржано од: |
УСАИД |
Локација: |
Северна Македонија со таргет од 17 општини во 8 региони |
Период на имплементација: |
06.2021 - 06.2024 |
Краток опис: |
Целта на проектот е да се подобри вклученоста и стандардот на живот на Ромите во ромските заедници во 17 општини во Северна Македонија. Зајакнување на самостојноста на ромските заедници во земјата ќе се обезбеди преку развој на најмалку 100 локални акции во заедницата, кои се насочени кон потребите за вклучување на ромската заедница. Влијанието и одржливоста на овие настојувања ќе се зајакнат со партиципативниот пристап во реализацијата на акциите на заедницата, што вклучува ангажирање на неколку релевантни локални групи, засегнати страни, со различни капацитети и мандати, за соработка и имплементација. Крајниот резултат на овие заеднички активности ќе биде воспоставување на локални и одржливи системи за развој на самостојна заедница во 17 општини низ целата држава. Проектот, исто така, ќе го поддржи развојот на капацитетите за самоодржливост на целните групи преку обезбедување поддршка, обука и менторство на локалните ресурсни организации во усвојувањето на нови и иновативни механизми за мобилизација на ресурсите за подобрување на квалитетот и одржливоста на активностите на заедницата. Акцијата, исто така, ќе има за цел да ги зголеми капацитетите на ромската заедница за ефикасно решавање на предизвиците во заедницата, да ги зголеми нивните капацитети за развој и реализација на акциите за развој на заедницата и да воспостави и промовира иновативни механизми за мобилизација на ресурсите за поддршка на гореспоменатите работи. Целите на проектот се: Цел на проектот 1 - Зголемен заеднички ангажман на локалните актери за да го водат локалниот развој. Резултат 1.1: Членовите на локалната заедница активно вклучени во решавањето на прашањата на заедницата. Следниве активности ќе се спроведат во рамките на Резултатот 1.1: Резултат 1.2: Зајакната каталитичка улога на локални ресурсни организациите (ЛРО) Следниве активности ќе се спроведат во рамките на Резултатот 1.2: Цел на проектот 2 - Функционирање на локални системи за развој на самостојна заедница Резултат 2.1: Развиени иновативни механизми за мобилизација на ресурсите 2.1.1. Мапирање на примери за добри практики при собирање средства за спроведени локални акции. Резултат 2.3: Подобрена мобилизација на ресурсите за локален развој. 2.3.1. Развој на механизми за унапредување на општествената одговорност кај бизнис заедницата и ромската дијаспора. Резултат 2.4: Зголемена посветеност на локалните самоуправи (ЛС) и други клучни засегнати страни во развојот на ромските заедници 2.4.1. Остварување на редовни состаноци помеѓу локални активисти, ЛРО, бизнис заедница и ЛС за координација во реализација на акциите на локалната заедница. |
Веб сајт: |
www.romalitico.org |
Лице за контакт: |
Суад Скендери |
Име на проект: |
Генерална поддршка и граѓанско општество за Интеграција на Ромите – Втора фаза |
Имплементирано од: |
Институт за истражување и анализа на политики Ромалитико |
Поддржано од: |
Канцеларија за Ромски Иницијативи, Фондација Отворено Општество Берлин |
Локација: |
Северна Македонија |
Период на имплементација: |
01.01.2021 – 31.12.2022 |
Краток опис: |
Главната цел на проектот е Инклузија на Ромите во јавните политики во Република Македонија. - Одржување на Владата на РМ одговорна за спроведување на Националната Стратегија за Роми и обезбедување на повисоко ниво на имплементација на активностите поврзани со Националните Акциони планови за Роми; - Зголемување на реализацијата на националниот буџет според планираниот буџет и зголемување на буџетот на годишно ниво; - Зголемување на учеството на ромската заедница во претстојниот попис на населението и нивно активно учество на локалните избори - Следење на имплементацијата на принципот за соодветна и правична застапеност во јавна администрација. - Канализирање на интересите на ромската заедница во процесот на ЕУ интеграција |
Веб сајт: |
www.romalitico.org |
Лице за контакт: |
Елвис Шаќири |
Име на проект: |
|
Имплементирано од: |
Водечка организација: Институт за истражување и анализа на политики Ромалитико Партнери: РЕДИ, Ромаверзитас, Romano Avazi |
Поддржано од: |
УСАИД |
Локација: |
Северна Македонија со таргет од 20 општини |
Период на имплементација: |
11.01.2021 - 10.01.2024 |
Краток опис: |
Општа цел на проектот: Целта на проектот е да се намали дискриминацијата кон Ромите и да се подобри нивната инклузија во општеството. Специфични цели: Ромите имаат водечка улога во процесот на имплементацијата на националната стратегија Едно општество за сите и Националната стратегија за Ромите 2014 – 2020 и (нејзиното продолжение) како и во водењето на наредните чекори поврзани со Локалните акциони планови на Ромите и нивната инклузија. Преку процес на развој предводен од заедницата се имплементираат активности и иницијативи за човекови права за да се подобри инклузијата и намали дискриминацијата. Активности: Развој и следење на јавни политики А1.1. Запознавање на ромската заедница со стратегиите и тоа - „Едно општество за сите“, Стратегија за Роми, Стратегијата за Роми и локални акциони планови (ЛАП) за нивна имплементација А2.1 Застапување со релевантните органи и институции за вклучување на претставниците на ромската заедница во одлучувањето на локално и централно ниво. 3.1 Воспоставување нови и учество во постоечките коалиции на граѓански организации, активисти за човекови права, поддржувачи на заедницата и други засегнати страни на централно и локално ниво. А4.5 Имплементација на иницијативи засновани на прашања на ГО и лидерите на маргинализираните групи Зајакнати или започнати хабови за развој на заедницата (CLD). А1.1 Воспоставување на нови и зајакнување на функциите во постојните развојни центри предводени од заедницата (ЗЗР) во 20 општини низ државата. А2.1 Воспоставување механизми за пријавување прекршувања на човековите права А3.1 Обезбедување грантови за конкурентно избрани ГО и/или коалиции на ГО за спроведување на интервенции за решавање на приоритетите за човекови права. |
Веб сајт: |
www.romalitico.org |
Лице за контакт: |
Елвис Шаќири |
Име на проект: |
Промовирање на меѓукултурно разбирање, помирување и прифаќање |
Имплементирано од: |
Водечка организација: Институт за ромска култура во Албанија (ИРКА) Партнер: Институт за истражување и анализа на политики Ромалитико |
Поддржано од: |
Регионална канцеларија за младинска соработка (РКМС) |
Локација: |
Албанија и Северна Македонија |
Период на имплементација: |
23.02.2021 - 23.10.2021 |
Краток опис: |
Промовирање на прекуграничен интеркултурен дијалог помеѓу младите припадници на малцинствата и младите кои не се дел од малцинствата во Северна Македонија и Албанија, преку образование, процеси на градење на капацитети и младинска работа. ЦЕЛИ: 1. Идентификување и разменување добри практики во борбата против дискриминацијата на ранливите и маргинализираните заедници и промовирање на толеранцијата меѓу малцинствата во Албанија и Северна Македонија 2. Овозможување на млади од млацинствата и на млади кои не се дел од малцинствата од Албанија и Северна Македонија заеднички да развиваат, водат и спроведуваат квалитетни проекти во врска со меѓукултурното прифаќање и прекуграничната мобилност, преку придонес кон меѓукултурното прифаќање и диверзитет во локалните заедници. |
Web site: |
www.romalitico.org |
Лице за контакт: |
Надир Усеин |
Име на проект: |
Образование на деца Роми во време на Ковид |
Имплементирано од: |
Институт за истражување и анализа на политики Ромалитико |
Поддржано од: |
Ромски Едукативен Фонд |
Локација: |
Северна Македонија со таргет на Прилеп и Шуто Оризари |
Период на имплементација: |
01.04.2021 – 10.06.2021 |
Краток опис: |
Главната развојна цел на проектот е да се постигне вклучување на децата Роми во раното детско образование преку навремена реакција за креирање безбедна средина во градинките, подобрување на пристапот, посетеноста и достигнувањата на учениците Роми во основното образование и подобрување на резултатот во средно образование на матуранти Роми за положена државна матура и процесот за запишување на факултет. |
Web site: |
www.romalitico.org |
Лице за контакт: |
Суад Скендери |
Име на проект: |
Миграциски триалог на Балканот |
Имплементирано од: |
Водечка организација: СОВЕТ ЗА БЕГАЛЦИ БАДЕН - ВИРТЕМБЕРГ Партнер: Институт за истражување и анализа на политики Ромалитико |
Поддржано од: |
Еразмус + |
Локација: |
Северна Македонија, Србија и Германија |
Период на имплементација: |
09.2020 – 02.2022 |
Краток опис: |
Со воспоставување мрежа помеѓу вклучените страни во советувањето и помагањето на бегалците и мигрантите во Германија и организациите од ромската заедница во Србија и Северна Македонија, нашиот проект ќе промовира социјална вклученост и разновидност преку подобрување на квалитетот на информациите достапни за оние кои се вклучени во советувањето и едукација на мигранти и потенцијални мигранти од ромската заедница во Србија и Северна Македонија, во врска со миграцијата во Германија. Со давање точни и ажурирани информации во врска со законската рамка за миграција во Германија ќе се помогне во борбата против гласините и лажните вести во врска со ова прашање. Проектот исто така ќе понуди можност да се обезбедат повратни информации до надлежните актери во Германија во врска со искуствата и прашањата на ромската заедница во справувањето со процесот на миграција во Германија, како и искуствата на дискриминација. Исто така, ќе помогне во едукација на релевантни актери во Германија (како и пошироката јавност) во врска со состојбата на Ромите во овие земји, подигање на свеста за прашања како сегрегација, дискриминација и расизам. Со тоа, проектот ќе придонесе кон помагање на процесот на интеграција на луѓето со мигрантско потекло во Германија. Проектот треба да се осврне и на прашањето за враќање на мигрантите. |
Web site: |
www.romalitico.org |
Лице за контакт: |
Алберт Мемети |
Име на проект: |
ROMACTED II Phase Programm |
Имплементирано од: |
Институт за истражување и анализа на политики Ромалитико |
Поддржано од: |
Совет на Европа |
Локација: |
Северна Македонија |
Период на имплементација: |
01.05.2021 – 30.11.2024 |
Краток опис: |
Главната цел на проектот, според Повикот за предлози (CfP), е подобрување на локалната демократија, отчетност, инклузивност и одговорност кон ромските граѓани и подобрена испорака на услуги. Проектот ќе има за цел да ги постигне следниве резултати (како што е наведено во CfP): - Зајакнување на капацитетот на локалните власти за извршување на своите улоги и одговорности на ефективен и ефикасен начин кога станува збор за дизајнирање и спроведување на планови, политики и проекти, особено активни мерки за вклучување кои ја подобруваат интеграцијата на Ромите; - Поддршка на воспоставување и спроведување на механизми и процеси кои промовираат и обезбедуваат стандарди на добро управување и сопственост од страна на локалните власти и администрациите на ефективни напори за интегриран развој што опфаќаат образование, вработување, здравствена заштита, домување, урбан развој и култура; - Опремување на локалните власти со алатки, знаења и вештини кои ќе им овозможат да ги надминат предизвиците и бариерите со кои често се соочуваат кога станува збор за земање во предвид на потребите на Ромите, така што тие ќе станат повеќе ориентирани кон граѓаните, одговорни и отчетни; - Подобрување на ефикасноста, ефективноста и одржливоста на локалните политики, мерките и испораката на услуги; - Поддршка на соработката меѓу општините кои сакаат да дизајнираат и спроведат заеднички конкретни мерки и проекти за интеграција. - Ублажување на ефектите од Ковид19 со посебен фокус на градење локални стратегии и одговор на заедницата предводена од граѓаните. |
Web site: |
www.romalitico.org |
Лице за контакт: |
Мерсиха Усеин |