ОПШТИНА КОЧАНИ - ПРЕДИЗВИЦИ И МОЖНИ РЕШЕНИЈА ЗА ПРОБЛЕМИТЕ СО КОИ СЕ СООЧУВААТ РОМИТЕ

Ромската населба во Кочани е вклучена во ДУП на општината, меѓутоа пренаселеноста и проширувањето на живеалиштата не е во согласност со стандардите и поради тоа не постои можност за урбан развој на Ромската заедница. Околу 95% од Ромското население е концентрирано и живее во 8 улици кои се меѓусебно поврзани. Во општината, одреден број ромски живеалишта не се легално приклучени со водоводната и канализационата мрежа и нема пробиен пат до делови од населбата. Особено внимание треба да се посвети на веќе постојните дивоградби во ромската заедница, односно во овој контекст да се направат сите потребни активности со цел да се помогне на населението за овозможување услови за легализација на нивните градби. Исто така многу значајна компонента во овој домен претставува соработката со населението во насока на елиминирање на појавата на дивоградби. Во услови на дожд и лоши временски непогоди, земјиштето се лизга и предизвикува значителни материјални штети кај дел од ромското население.
Проблемот со домувањето на 25 ромски семејства кои живеат во старата касарна во супстандардни услови не е решен со години. Објектот е многу стар пред целосно распаѓање, а покрај тоа дворот се користи за отпад на ѓубре, кој влијание на здравјето на децата. Во овој “центар за сместување“ постои само една чешма и еден монтажен тоалет...
 

Партнери и поддржувачи

     

Пронајдете не’

Контактирајте со нас

Димитрие Чупоски 25/1
1000 Скопје, Северна Македонија

[email protected]