ОПШТИНА ШТИП - ПРЕДИЗВИЦИ И МОЖНИ РЕШЕНИЈА ЗА ПРОБЛЕМИТЕ СО КОИ СЕ СООЧУВААТ РОМИТЕ

Вклучувањето на Ромите на локално ниво претставува вистински предизвик на локалната самоуправа, пред се поради неподготвеноста на институциите на локално ниво да одговорат на проблемите и предизвиците со кои Ромската заедница се соочува. Иако речиси во сите општини со значително ромско население се изготвија Локални Акциони Планови и се потпишаа Меморандуми за Соработка со Општините, конкретните акции и резултати на локално ниво за Ромското население се уште се далеку од оние кои се посакувани. Целта на овој документ за јавни политики е да ги идентификува приоритетните проблеми со кои се соочува Ромската заедница на локално ниво и даде низа препораки за надминување на истите со цел вклучување на Ромите на локално ниво. Општина Штип има усвоено документи кои се однесуваат на потребите и проблемите на Ромите, а еден од позначајните е Локалниот акционен план (ЛАП) за имплементација на Декадата на Ромите во Штип. Покрај тоа што локалната самоуправа на Општина Штип во своето досегашно работење преземала низа мерки за подобрување на условите за домување и урбан развој на т.н. ромски маала овие напори се недоволни. Главните промени во областа на домувањето се направени во дел на инфраструктурните решенија – асфалтирање на улици, обезбедување на канализација, водовод и улично осветлување, како и за подобрување на условите во основното училиште во населбата. ...  

Партнери и поддржувачи

     

Пронајдете не’

Контактирајте со нас

Димитрие Чупоски 25/1
1000 Скопје, Северна Македонија

[email protected]