Прирачникот има за цел на корисниците од ромската заедница да им даде преглед на информации за можностите на остварување на нивните права кои произлегуваат од сферата на вработување, правната и здравствената заштита и пристапот до домување. Во насока на забрзувањето на процесите на вклучување на Ромите во општеството овој прирачник е понуден како алатка со можност за информирање на темите кои се обработуваат. Темите кои се обработуваат, содржат посебен осврт на ромската популација и на жената Ромка. Прирачникот содржи четири теми, накратко е прикажана моменталната состојба на ромската заедница за наведените теми и се дадени одговири на најчестите прашања со кои се соочува ромската заедница. Прирачникот е во форма на „прашање – одговор“ (П - Прашање; О - Одговор) како практични примери, на јазик прилагоден и разбирлив за целната група за посебните теми. Прирачникот е наменет за ромската популација, со цел да се зголеми степенот на информираност и да обезбеди практични совети во надминување одредени проблеми во доменот на вработување, правната и здравствената заштита и пристапот до домување. Овој прирачник е подготвен во рамките на проектот „Зголемување на учеството на жените Ромки на пазарот на трудот“, финансиран од Европската Унија во рамките на Програмата ИПА за развој на човечките ресурси, а спроведуван од МРФП, во партнерство со организациите: НВО КХАМ – Делчево, Микрокредитна фондација Хоризонти и ХДЗР Месечина од Гостивар....  

Стратегијата за Ромите во РМ 2014-2020 (оттука па натаму стратегијата) е континуитет на претходната стратегија која го опфаќаше периодот 2005-2015 година. Оваа стратегија е преточена во пет акциски планови 1 , за исто толку приоритети идентификувани во овој национален стратешки документ. Исполнувањето на стратегијата и на националните акциски планови се во надлежност на ресорните министерства во согласност со приоритетните области, но значаен дел од идентификуваните и очекувани резултати кои се вклучени во плановите се активности кои се или биле планирани да се спроведуваат од граѓанските организации. Следењето и степенот на исполнетост на овие планови според стратегијата се дефинирани да бидат во рамки на Националното координативно тело за имплементација на Стратегијата за Ромите (НКТ), како структура што треба да ја следи и насочува имплементацијата на стратегиите и политиките за социјална инклузија и интеграција на Ромите. Во однос на буџетските импликации врз буџетот на РМ, четири ресорни министерства (Министерство за труд и социјална политика, Министерство за транспорт и врски, Министерство за образование и наука, Министерство за здравство) како и Министерот без ресор одговорен за проведување на Стратегијата за Ромите (како национален координатор) со средства од Буџетот на РМ, спроведуваат буџетска потпрограма со назив Поддршка на имплементација на стратегијата за Ромите. Дополнително кај некои пак буџетски корисници се јавуваат и потпрограми кои се во рамки на приоритетите (како на пример Министерство за образование со потпрограма Проект за поддршка на средното образование на Ромите, Министерство за транспорт и Врски потпрограма изградба на социјални станови, итн.). Висината на буџетите за потпрограмите варира од година на година, меѓутоа со нагорен тренд во однос на апсолутната вредност на издвоените средства. Изворите за финансирање произлегуваат од основниот буџет на РМ и донации...  

И по осмиот изборен циклус од независноста на Република Македонија, спроведувајќи различни изборни модели вклучително мнозински, пропорционален и мешовит модел, интересен е фактот дека Ромската заедница отсекогаш добива еден или двајца политички претставници во Парламентот на Македонија. Освен претставници во Парламентот, другите политички партии имаа за цел да обезбедат различни места на институционално и одлучувачко ниво. Овие резултати ја позиционираат Ромската заедница во Македонија во понапредна положба за разлика од други држави од соседството и пошироко. Сепак во деветтиот изборен циклус во 2016та, Ромите имаа тројца кандидати на листите за пратеници. Ова е прв пат, каде што тројца ромски кандидати учествуваат во парламентарни избори. Покрај тоа, овој изборен циклус како и претходните, натпреварот се води помеѓу двете најголеми Македонски партии. СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ повторно се клучните коалициски партнери на сите Ромски политички партии. Иако Ромите имаат седум активни политички партии, ниту една од нив нема одлучено да се наптреварува независно на парламентарни и локални избори. По однос на дебатата дали Ромите може да освојат мандат или не, истите треба да ја преиспитаат можноста да склучат коалиции и по изборите кои ќе бидат засновани врз основа на нивната програма и интересот на избирачите. Сепак, најважно на овие избори е зрелоста и политичката култура за три правила: Користете го вашето право на глас, Гласајте според свој избор, Не го продавајте Вашиот глас...  

Нејасното разбирање и примена на правата и обврските кои ги имаат невработените кои се евидентираат во регистрите на АВРМ создаваат пречки и конфузија кај невработените лица кои имаат интерес да поднесат барање за користење на некоја од активните мерки за вработување.

Релативното ниското ниво на информираност кај невработените лица укажува на потребата за усогласување на регулативата, ставовите на различните чинители, како и поголема информираност за можностите, правата и обврските на невработените лица.

Постои недостаток на партнерскиот однос на невработените лица и центрите за вработување каде центрите нема да се гледаат едноставно како место каде невработените треба да се пријавуваат (техника или обврска), туку место каде лицата кои сакаат да најдат работа, а имаат потешкотии за вклучување на пазарот на труд ќе работат на процесот на нивно унапредување на капацитети, вештини, и насочување за вклучување на пазарот на труд.

Повеќе информации можете да најдете во анализата за 
Запознаеност на невработените за процесот на евиденција на невработените и можностите за користење на услугите и програмите и мерките за вработување или во 
документот со кратки заклучоци и наоди од истражувањето.

 

Партнери и поддржувачи

     

Пронајдете не’

Контактирајте со нас

Димитрие Чупоски 25/1
1000 Скопје, Северна Македонија

[email protected]