Извештај во сенка – Спроведувањето на Стратегијата за Роми во Р. Македонија за 2017 година

Стратегијата за Ромите во РМ 2014-2020 (оттука па натаму стратегијата) е континуитет на претходната стратегија која го опфаќаше периодот 2005-2015 година. Оваа стратегија е преточена во пет акциски планови 1 , за исто толку приоритети идентификувани во овој национален стратешки документ. Исполнувањето на стратегијата и на националните акциски планови се во надлежност на ресорните министерства во согласност со приоритетните области, но значаен дел од идентификуваните и очекувани резултати кои се вклучени во плановите се активности кои се или биле планирани да се спроведуваат од граѓанските организации. Следењето и степенот на исполнетост на овие планови според стратегијата се дефинирани да бидат во рамки на Националното координативно тело за имплементација на Стратегијата за Ромите (НКТ), како структура што треба да ја следи и насочува имплементацијата на стратегиите и политиките за социјална инклузија и интеграција на Ромите. Во однос на буџетските импликации врз буџетот на РМ, четири ресорни министерства (Министерство за труд и социјална политика, Министерство за транспорт и врски, Министерство за образование и наука, Министерство за здравство) како и Министерот без ресор одговорен за проведување на Стратегијата за Ромите (како национален координатор) со средства од Буџетот на РМ, спроведуваат буџетска потпрограма со назив Поддршка на имплементација на стратегијата за Ромите. Дополнително кај некои пак буџетски корисници се јавуваат и потпрограми кои се во рамки на приоритетите (како на пример Министерство за образование со потпрограма Проект за поддршка на средното образование на Ромите, Министерство за транспорт и Врски потпрограма изградба на социјални станови, итн.). Висината на буџетите за потпрограмите варира од година на година, меѓутоа со нагорен тренд во однос на апсолутната вредност на издвоените средства. Изворите за финансирање произлегуваат од основниот буџет на РМ и донации...  

Партнери и поддржувачи

     

Пронајдете не’

Контактирајте со нас

Димитрие Чупоски 25/1
1000 Скопје, Северна Македонија

[email protected]