Истражување на јавното мислење кај ромите за парламентарните избори 2014

Во ова истражување се прикажани резултатите од испитувањето на јавното мислење, кое го спроведе Ромалитико. Истражувањето се состоеше од испитување на јавното мислење, преку интернет анкета со прашања поврзани за парламентарните избори и довербата во ромските политички партии. Испитувањето на јавното мислење е направено преку online анкета во периодот 14 ноември – 18 април 2014 г. на примерок од 350 испитаници.

Интернет (онлајн)  анкетирањето претставува еден од најновите и најмодерните истражувачки алатки за јавното мнение. Анкетите го испитуваат мнението на различни теми во зависност на темата и интересот на истражувањата. Најчесто овие анкети го истражуваат мнението за здравство, економија и политика за да генерира различна дескриптивна и  каузална статистика.

Ромалитико за прв пат спроведе онлајн анкета за да го испита јавното мислење на Ромите во Република Македонија за ромските политички партии и нивното досегашно дејствување. Примарна цел на оваа анкета е да го увиди мислењето на ромската средна класа, бидејќи токму оваа група е двигател на промените во општеството  и помалу подложна на изборни манипулации. Првичната претпоставка, која се базира на веќе претходни истражувања  (Ncube, 2011); (Dunlap, 2008), беше дека токму онаа популација што има пристап до интерент всушност ја претставува т.н ромска средна класа. Ромалитико со ова истражување внесе нова димензија во политичката состојба на ромскиот електорат кои се од заедничка важност за јавноста и ромските политички партии. Анализирањето на овие резултати исто така има за цел да произведи дебата и фокус на партиите и нивното очекување во следните парламентарни избори.

Целото истражување можете да го сименте во Word верзија
ИСТРАЖУВАЊЕ НА ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ КАЈ РОМИТЕ ЗА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ 2014

Партнери и поддржувачи

   
   
     

Пронајдете не’

Контактирајте со нас

ул. Аминта трети (Ленинова) бр.33А/1-25,
1000 Скопје, Северна Македонија

+389 75 314 504

[email protected]