Ромите во Извештајот за напредокот на Европската Комисија за 2021 година

Европската Комисија го оценува одлагањето во официјалниот старт на преговорите за членство како негативен бидејќи носи сериозни последици врз кредибилитетот на ЕУ. Шефот на Делегацијата на ЕУ во земјата, Дејвид Гир, кој пред неколку дена го предаде Извештајот на ЕК за напредокот на земјата во процесот на евроинтеграцијата на претставници на Владата го потврди ставот дека Северна Македонија ги исполнува критериумите да ги почне преговорите за членство и дека одложувањето има негативно влијание врз кредибилитетот на ЕУ. Сепак во последниот извештај на ЕУ за напредокот на државата може да се забележат пофалби, но и критики за државата, јасно наглсувајќи дека билатералните прашања меѓу Софија и Скопје мора приоритетно да бидат решени. Европската Комисија очекува првата Меѓувладина конференција да се одржи што поскоро, штом се усвои преговарачката рамка од страна на Советот и пред крајот на оваа година.


Како и во секој претходен извештај така и овој Европската Комисија активно ја следи состојбата на ромската заедница во нашата држава. Во најголем дел околу 90% од податоците и заклучоците нотирани проилегуваат од работата на Извештајот во Сенка за 2021 година кој Институтот за истражување и анализа на политики - Ромалитико секоја година го публикува.


Од графикононот во кој се забележува колку пати се споменува ромската заедница може да се заклучи дека Европската Комисија има многу што да каже во однос на ромската заедница која живее во нашата земја. Во делот за работата на парламентот се забележува дека е отпочната работата на Интерпартиска парламентарна група за поддршка на правата на Ромите.


Во делот за правата на децата нотирано е дека податоците за ранливите групи како што се децата од ромската заедница дека и понатака треба да се унапредат со цел да се овозможи солидна анализа на оваа политиката. Дополнително укажуваат дека потребно е да се обезбедат дополнителни услуги и да се идентификуваат децата кои се жртви на дискриминација и сегрегација.



Во делот за заштита на малцинствата каде што најмногу се пишува за ромската заедница, Европската Комисија заклучува дека е постигнат ограничен напредок во вклучувањето на Ромите. Извештајот продолжува со укажување дека во тек е подготовка на новата Стратегија за Роми и дека Министерот без ресор како позиција повеќе не постои, но дека ангажиран е Советник на премиерот кој е одговорен за инклузијата на ромската заедница. Дополнително се нотира дека спроведувањето на стратегијата и соодветните акциони планови за образование, вработување, домување, родова еднаквост и здравство дека беше нецелосно.


Понатака во Извештајот за напредокот се забележува дека во учебната 2020/2021 година биле запишани 347 деца Роми на возраст од 6 години, што е 1,16% од вкупниот број деца запишани на училиште за прв пат. Исто така се нотира дека во градинките дека околу 90 деца Роми добиле субвенции од јавни фондови. Европската Комисија која се повикува на извештаи на граѓанските организации нотира годишната стапка на напуштање на образовниот процес по одделение за ромските деца во основно образование е 6% и за средно образование е 4%. Притоа се забележува дека не постојат системски и основни податоци за реинтеграција на деца кои не се запишани навреме на образование или го напуштиле образованието без да го завршат. Дополнително се забележуба дека ромските медијатори за образование се вклучени во Законот за основно образование, но не се предвидени во средно образование. Во однос на бариерите за следење на онлајн настава Европската Комисија Поголемиот нотира дека дел од децата Роми немаат пристап до техничка опрема за следење на образованието на далечина. Исто така, во извештајот се забележува дека сегрегацијата на децата Роми во училиштата останува висока.


Во однос на вработувањето на ромската заедница Европската Комисија во Извештајот нотира дека бројот на невработени Роми континуирано расте односно 13.703 Роми биле регистрирани како невработени во 2020 година, во споредба со 9.239 во 2019 година. Но, забележува дека бројот на Роми кои имаат корист од активните мерки за вработување е зголемен (431 во 2021 година наспроти 86 во 2020 година). Во извештајот се забележува дека потребно е воведување нови мерки со потаргетиран и афирмативен пристап за ромските корисници. Повикувајќи се на Регионалната анкета за Роми ЕК нотира дека 94% од Ромите се покриени со здравствено осигурување и дека 50% од маргинализираните Роми користат превентивни и куративни здравствени услуги. Исто така, нотирано е дека во 2020 година, 43% од починатите пред 65-годишна возраст биле Роми што е загрижувачки за животниот век на ромската заедница. Се забележува дека има 21 лиценциран ромски здравствен медијатор, но бројот се намалува поради кризата со КОВИД19. Во областа домување се нотира дека средствата за домување на Ромите беа значително скратени, пренасочувајќи ги за справување со кризата предизвикана од KОВИД19. Дополнително, во извештајот се истакнува дека не е јасно дали ќе продолжи поддршката на инфраструктурните проекти на локално ниво по заминувањето Министерот без ресор. Во однос за легализација на ромските населби е нотирано дека во некои општини е започнат овој процес, но во поголем дел од општините сè уште не се опфатени ромските населби со урбанистичките планови. Нотирано е дека новиот закон за социјални станови сеуште не е донесен и дека државниот буџет посветен за домување на Ромите не е целосно искористен.


Во однос на лицата без документи се забележува дека и покрај тоа што е донесен е Законот за лица кои не се регистрирани во матичната книга на родените имплементацијата оди многу бавно. При што се наведува дека од околу 700 Роми без лична карта, поднесени се 202 барања, од кои изводи од матичната книга на родените се издадени само на 92 баратели, што е прилично мал број. Се нотира дека девојките Ромки остануваат особено ранливи, често поради невработеноста и раните бракови и дека не постојат систематски мерки од државните институции за решавање на прашањето за децата на улица. Се забележува дека приоритетните активности идентификувани на семинарите за Роми во ноември 2019 година се умерено третирани, а одговорностите за следење и известување остануваат нејасни. Додека за спроведувањето на приоритетите од Познанската декларација се нотира дека останува задоволителна. Во однос на справувањето со КОВИД19 во Извештајот се укажува дека се воведени се збир на хуманитарни мерки со цел да се обезбеди поддршка за време на пандемијата на најмаргинализираните Роми.


Во делот за регуларна и нерегуларна миграција се забележува дека околу 259 бегалци од Косово, претежно Роми, од кои 14 со статус на бегалец, 122 под супсидијарна заштита и 123 толерирани, претставуваат ранлив сегмент на општеството и имаат потреба од одржливо решение. Дополнително се нотира дека помеѓу јануари и декември 2020 година, 23 косовски Роми ја загубија дополнителната заштита. Ваквите практики ги поткопуваат можностите за изнаоѓање трајни решенија за преостанатите бегалци од Косово и затворање на ова долгогодишно прашање.
Во делот за јавно здравје се нагласува дека здравствените нееднаквости се третираат преку програмата за активна здравствена заштита со што се овозможува на неколку целни групи пристап до здравствената заштита, вклучително и ромската заедница.


Во Поглавје 19 кој се однесува на социјална политика и вработување се нотира дека вработувањето на Роми е поддржано со Шемата за гарантирана минимална помош која главно има за цел да се справи со ефектите од пандемијата КОВИД19 за што Владата усвоила неколку пакети на привремени социо-економски мерки. Дополнително се укажува дека бројот на Роми кои имаат корист од активните мерки за вработување е 241 од вкупно 6303. Критериумите за учество во активните шеми за вработување треба да се ревидираат за да се обезбеди зголемено учество на ранливите луѓе, вклучително и Ромите.


Во Поглавје 26 ко се однесува на образование и култура се забележува дека се доделени стипендии на ученици Роми и дека процентот на студенти Роми запишани на високообразовните институции е зголемен во последните три години од 42% на 48%. Како и тоа дека се ангажирани ромски образовни медијатори за поддршка на учениците Роми во основното образование на локално ниво.


Во делот за препораки во делот за фундаменталните права се укажува на државата дека е потребно подобрување на квалитетот на услугите во заедницата за да се идентификуваат децата во ризик и да се обезбеди соодветна поддршка на ранливите категории деца, особено децата жртви на насилство, децата Роми и децата со пречки во развојот. Во Поглавје 19 се препорачува да се продолжи со имплементација на мерки за активирање за долгорочно и ниско квалификувани невработени лица, вклучително и жени, лица со попреченост и Роми, и да обезбеди соодветно следење и евалуација на таквите мерки. Во Поглавје 26 се препорачува на земјата да го подобри на пристапот до квалитетно образование за сите, особено за децата со попреченост и децата од ромските заедници, и зголемување на запишувањето во предучилишна возраст.


Согледувајќи ги сите забелешки кои Европската Комисија ги има во својот извештај, а се однесуваат на ромската заедница која живее во државата може да констатираме има статус кво во инклузијата на ромската заедница, при што поголем дел од забелешките укажуваат на сериозни отстапки на тоа како државата гледа на состојбата на ромската заедница. Загружува фактот што се забележува дека дел од нотираното се повторува во низа од претходните во извештаите за напредокот на земјата без притоа да се преземат посериозни чекори од државата за решавање на нотираните предизвици од страна на Европската Комисија.

Партнери и поддржувачи

   
   
     

Пронајдете не’

Контактирајте со нас

ул. Аминта трети (Ленинова) бр.33А/1-25,
1000 Скопје, Северна Македонија

+389 75 314 504

[email protected]