Позиција: Финансиски менаџер
Место: Скопје, Република Северна Македонија
Работен јазик: Македонски јазик
Работно време: 8 работни часа дневно
Рок за аплицирање: 23 јануари 2023
Тип на договор: Определено
Работниот ангажман ќе започне во текот на февруари 2023.
Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико објавува Јавен повик за ангажирање на финансиски менаџер.
Ангажираниот финансиски менаџер ќе врши активности во рамки на административно-фининасиската канцеларија на Ромалитико на ниво на повеќе проекти.
Опис на одговорности и задачи:
Собирање и евиденција на комплетната финансиска документација;
Евиденција на трошоци по буџетски ставки;
Подготовка финансиски извештаи;
Материјално и книговодствено работење;
Следење на македонското сметководство и меѓународните сметководствени стандарди;
Организирање и спроведување на ревизии;
Подготвување на пресметки и поддршка во процес на јавни набавки;
Предвидување проблеми и ризици во спроведувањето на проектите;
Прием на документи и соодветно архивирање;
Набавка на материјали и услуги, според воспоставените правила за финансиско и административно работење во организацијата;
Подготовка на налози за исплата, плаќања, банкови усогласувања, водење даноци;
Комуникација и дневно работење со банка, сметководство, авторска агенција и комуникација со партнери и соработници за финансиско-административни прашања.
КВАЛИФИКАЦИИ
Кандидатите кои ќе аплицираат на повикот треба да ги поседуваат следните квалификации:
Завршено минимум високо образование (додипломски студии) од областа на општествените науки или други области дополнети со искуство во соодветната област;
Стекнато минимум 2 година работно искуство во финансиско менаџирање на програми/проекти;
Познавање на сметководствениот и даночниот систем во земјата;
Поседување на вештини за раководење со финансии на проект, известување и други административни вештини;
Напредно познавање на Microsoft Office (Word, Excel, Power Point) и интернет алатки;
Претходно работно искуство во програми или проекти финансирани од страна на УСАИД ќе се смета за дополнителна предност.
ДОСТАВУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИИ
Кандидатите за финансиски менаџер треба да ги достават следните документи:
CV
Мотивациско писмо
Листа на референци (работодавачи) за контакт
Документите за пријавување треба да се достават по електронски пат на е-маил адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., најдоцна до 23 јануари 2023 година со наслов „Апликација за финансиски менаџер“
СЕЛЕКЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
Селекцијата на подобните кандидати за финансиски менаџер ќе ја врши комисија креирана од страна на Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико.
Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико го почитува начелото на еднаков третман и недискриминација во одлуките.
КРИТЕРИУМИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА
Исполнување на условите на повикот
Квалитетот на доставените документи
Освоени поени на интервјуто
Само подобни кандидати ќе бидат повикани на интервју.
За одлуката за селекција на кандидатите ќе бидат известени само кандидатите кои ќе бидат повикани на интервју. Институтот Ромалитико го задржува правото да не ги извести одбиените кандидати за причините за нивно одбивање.
Дополнителни информации за повикот можете да добиете во просториите на Институтот Ромалитико во Скопје на адреса (Аминта Трети 33А/1-25), или на тел: 075/314-504, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот или електронски на е-маил адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.