Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико ќе даде поддршка за вработување на две медицински сестри. За таа цел, Ромалитико финансиски поддржан од Канцеларијата за Ромски иницијативи Фондација Отворено Општество – РИО Берлин, објавува ПОВИК за ангажирање на две медицински сестри што ќе работат во Здравствен Дом Скопје – Скопје.
Потребни квалификации
- Завршено минимум средно стручно (медицинско) образование
- Стекната лиценца за работа како медицинска сестра
Потребни вештини:
- Компјутерски вештини и познавање на системот „Мој термин“
- Уредно водење на медицинска документација
- Испорака на квалитетна нега и тријажа на пациенти
Лични карактеристики:
- висок степен на лична организираност
- способност за менаџирање со време
- способност за тимска работа
- развиени интерперсонални вештини
- висока флексибилност и адаптибилност
- Познавањето на ромски јазик ќе се смета за предност
НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИИТЕ
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV), на следната email адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., со задолжителна назнака „Оглас за медицинска сестра “. Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Краен рок за доставување на апликациите е 27 јануари 2023 година до 16:30 часот. Сите дополнителни појаснувања може да се добијат преку адресата на е-пошта на Институт за Истражување и Анализа на Политики - Ромалитико, на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..