Институтот за истражување и aнализа на политики – РОМАЛИТИКО, во рамки на Проектот на УСАИД за инклузија на Ромите објавува повик за учество на претставници од граѓански организации на обука за партиципативно буџетирање.

Во текот на обуката учесниците ќе се стекнат со знаења и практични вештини за буџетските процеси и застапување на локални политики за финансирање на програми и иницијативи за подобрување на состојбата на Ромската заедница на локално ниво. Обуката ќе има теоретски дел, но исто така ќе има практични вежби и работа во групи.

Внимание ќе се посвети на можностите на граѓанските организации за активно учество во локалните буџетски процеси, на концептот на партиципативно буџетирање и можноста за негова примена во буџетските процеси во Република Северна Македонија.

Се очекува од учесниците на обуката да бидат бидат вклучени во мониторирање на локалните буџетски процеси и застапување пред надлежните институции во своите општини.

Обуката е предвидено да се одржи во живо, во согласност со протоколите на Владата на РСМ за организирање настани, а точната локација и времето на обуката ќе бидат дополнително утврдени. Организаторот ги покрива сите трошоци за обуката.

Право на учество преку свои претставници имаат сите граѓански организации на територија на Република Северна Македонија, а предност ќе имаат оние организации кои работат во областа на унапредување на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво.

Сите заинтересирани треба да пополнат пријава за учество најдоцна до 25.10.2021 година.

Прочитајте го повикот тука.

ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ: ЗАЕДНО ЗА ПРОСПЕРИТЕТНА ЗАЕДНИЦА

 

Позиција: Мониторинг офицер

Место: Скопје, Република Северна Македонија

Работен јазик: Македонски јазик

Рок за аплицирање: 10 септември 2021

Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико во рамките на проектот насловен: Заедно за просперитетна заедница, финансиран од УСАИД – Северна Македонија кој се спроведува во партнерство со организациите ЗГ „Иницијатива за Економски Развој на Ромите - РЕДИ“, Организација за јакнење и организирање на ромската заедница “Романо Авази” и Здружение на граѓани “Ромаверзитас” објавува Јавен повик за ангажирање на мониторинг офицер.

Општата цел на проектот „Заедно за просперитетна заедница“ е да воспостави одржливи системи и да развие капацитети на ромската заедница, така што заедницата ќе може да планира, финансира и спроведува решенија за сопствените развојни предизвици и приоритети.

Проектот ќе ја поддржи ромската заедница во 17 општини во Северна Македонија во спроведување на најмалку 100 акции на локалната ниво, кои ќе бидат насочени кон приоритетните потреби на Ромите. Овие активности ќе бидат идентификувани и приоретизирани преку сеопфатен партиципативен пристап, вклучувајќи различни групи на засегнати страни, како што се граѓани, приватен сектор, локални самоуправи, јавни институции, граѓански организации, локални лидери и други формални и неформални групи на граѓани. Проектот исто така ќе го поддржи развојот на капацитетите на засегнатите страни во заедницата преку обуки, менторство и вклучување во иновативни механизми за мобилизација на ресурси.

 

Опис на одговорности и задачи

  • Мониторинг офицерот треба да воспостави методологија за следење на индикаторите за постигнување на резултатите
  • Мониторинг офицерот треба да ги мониторира резултатите на проектот и исполнувањето на истите
  • Мониторинг офицерот квалитативнo и квантитативнo да ги мери индикаторите за постигнувањето на резултатите
  • Мониторинг офицерот треба да обезбеди поддршка и координација на напорите на тимот согласно планот за работа на проектот.
  • Мониторинг офицерот треба да планира, организира, координира и контролира прибирање на податоци, обработка на податоци и известување за индикаторите и резултатите
  • Мониторинг офицерот треба редовно да комуницира со проектниот директор и партнерите како и засегнатите страни за статусот на имплементација на проектот.

 

Квалификации

Кандидатите кои ќе аплицираат на повикот треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • Завршено минимум високо образование (додипломски студии) од областа на општествените науки или други области дополнети со искуство во соодветната област
  • Стекнато минимум 1 година работно искуство во мониторинг на програми/проекти
  • Напредно познавање на Microsoft Office (Word, Excel, Power Point) и интернет алатки
  • Одлично познавање на Англиски јазик
  • Претходно работно искуство во програми или проекти финансирани од страна на УСАИД ќе се смета за дополнителна предност

 

Доставување на апликации

Кандидатите за мониторинг офицер треба да ги достават следните документи:

  • CV
  • Мотивациско писмо
  • Листа на референци (работодавачи) за контакт

Документите за пријавување треба да се достават по електронски пат на е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., најдоцна до 10 септември 2021 година со наслов „Апликација за мониторинг офицер“

 

Селекција на кандидатите

Селекцијата на подобните кандидати за проектен менаџер ќе ја врши комисија креирана од страна на Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико.

Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико го почитува начелото на еднаков третман и недискриминација во одлуките.

 

Критериуми за селекција

  • Исполнување на условите на повикот
  • Квалитетот на доставените документи
  • Освоени поени на интервјуто

Само подобни кандидати ќе бидат повикани на интервју.

За одлуката за селекција на кандидатите ќе бидат известени само кандидатите кои ќе бидат повикани на интервју. Институтот Ромалитико го задржува правото да не ги извести одбиените кандидати за причините за нивно одбивање.

Дополнителни информации за повикот можете да добиете во просториите на Институтот Ромалитико во Скопје на адреса (Аминта Трети 33а 1/25) , или на тел: 075/314-504, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот или електронски на е-маил адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Прочитајте го повикот тука.

ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ: ЗАЕДНО ЗА ПРОСПЕРИТЕТНА ЗАЕДНИЦА

 

Позиција: Комуникациски офицер

Место: Скопје, Република Северна Македонија

Работен јазик: Македонски јазик

Рок за аплицирање: 31 јули 2021

Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико во рамките на проектот насловен: Заедно за просперитетна заедница, финансиран од УСАИД – Северна Македонија кој се спроведува во партнерство со организациите ЗГ „Иницијатива за Економски Развој на Ромите - РЕДИ“, Организација за јакнење и организирање на ромската заедница “Романо Авази” и Здружение на граѓани “Ромаверзитас” објавува Јавен повик за ангажирање на комуникациски офицер.

Општата цел на проектот „Заедно за просперитетна заедница“ е да воспостави одржливи системи и да развие капацитети на ромската заедница, така што заедницата ќе може да планира, финансира и спроведува решенија за сопствените развојни предизвици и приоритети.

Проектот ќе ја поддржи ромската заедница во 17 општини во Северна Македонија во спроведување на најмалку 100 акции на локалната ниво, кои ќе бидат насочени кон приоритетните потреби на Ромите. Овие активности ќе бидат идентификувани и приоретизирани преку сеопфатен партиципативен пристап, вклучувајќи различни групи на засегнати страни, како што се граѓани, приватен сектор, локални самоуправи, јавни институции, граѓански организации, локални лидери и други формални и неформални групи на граѓани. Проектот исто така ќе го поддржи развојот на капацитетите на засегнатите страни во заедницата преку обуки, менторство и вклучување во иновативни механизми за мобилизација на ресурси.

 

Опис на одговорности и задачи

  • Комуникацискиот офицер треба да го следи планот за брендирање на проектот
  • Комуникацискиот офицер треба да ги следи правилата за видливост на проектот
  • Комуникацискиот офицер треба обезбеди поддршка и координација на напорите на тимот согласно планот за работа на проектот.
  • Комуникацискиот офицер треба редовно да комуницира со проектниот директор и партнерите како и засегнатите страни за статусот на имплементација на проектот
  • Комуникацискиот офицер треба да ги користи сите механизми за промоција на проектот

 

Квалификации

Кандидатите кои ќе аплицираат на повикот треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • Завршено минимум високо образование (додипломски студии) или да е во тек на додипломски студии од областа на компјутерски науки или други области дополнети со искуство во соодветната област
  • Стекнато минимум 1 година работно искуство во односи со јавноста и комуникација на програми/проекти
  • Напредно познавање на Microsoft Office (Word, Excel, Power Point), Adobe (Premiere, Illustrator, Photoshop), CMS и интернет алатки
  • Одлично познавање на Англиски јазик
  • Претходно работно искуство во програми или проекти финансирани од страна на УСАИД ќе се смета за дополнителна предност

 

Доставување на апликации

Кандидатите за комуникациски офицер треба да ги достават следните документи:

  • CV
  • Мотивациско писмо
  • Листа на референци (работодавачи) за контакт

Документите за пријавување треба да се достават по електронски пат на е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., најдоцна до 25 јули 2021 година со наслов „Апликација за комуникациски офицер “

 

Селекција на кандидатите

Селекцијата на подобните кандидати за проектен менаџер ќе ја врши комисија креирана од страна на Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико

Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико го почитува начелото на еднаков третман и недискриминација во одлуките.

 

Критериуми за селекција

  • Исполнување на условите на повикот
  • Квалитетот на доставените документи
  • Освоени поени на интервјуто

Само подобни кандидати ќе бидат повикани на интервју.

За одлуката за селекција на кандидатите ќе бидат известени само кандидатите кои ќе бидат повикани на интервју. Институтот Ромалитико го задржува правото да не ги извести одбиените кандидати за причините за нивно одбивање.

Дополнителни информации за повикот можете да добиете во просториите на Институтот Ромалитико во Скопје на адреса (Аминта Трети 33а 1/25) , или на тел: 075/314-504, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот или електронски на е-маил адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Прочитајте го повикот тука.

ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ: ЗАЕДНО ЗА ПРОСПЕРИТЕТНА ЗАЕДНИЦА

 

Позиција: Три (3) проектни менаџери

Место: Скопје, Република Северна Македонија

Работен јазик: Македонски јазик

Работно време: 8 работни часа дневно

Рок за аплицирање: 31 јули 2021

Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико во рамките на проектот насловен: Заедно за просперитетна заедница, финансиран од УСАИД – Северна Македонија кој се спроведува во партнерство со организациите ЗГ „Иницијатива за Економски Развој на Ромите - РЕДИ“, Организација за јакнење и организирање на ромската заедница “Романо Авази” и Здружение на граѓани “Ромаверзитас” објавува Јавен повик за ангажирање на три (3) проектни менаџери.

Општата цел на проектот „Заедно за просперитетна заедница“ е да воспостави одржливи системи и да развие капацитети на ромската заедница, така што заедницата ќе може да планира, финансира и спроведува решенија за сопствените развојни предизвици и приоритети.

Проектот ќе ја поддржи ромската заедница во 17 општини во Северна Македонија во спроведување на најмалку 100 акции на локалната ниво, кои ќе бидат насочени кон приоритетните потреби на Ромите. Овие активности ќе бидат идентификувани и приоретизирани преку сеопфатен партиципативен пристап, вклучувајќи различни групи на засегнати страни, како што се граѓани, приватен сектор, локални самоуправи, јавни институции, граѓански организации, локални лидери и други формални и неформални групи на граѓани. Проектот исто така ќе го поддржи развојот на капацитетите на засегнатите страни во заедницата преку обуки, менторство и вклучување во иновативни механизми за мобилизација на ресурси.

 

Опис на одговорности и задачи

 

  • Проектните менаџери треба да планираат, да ги имплементираат и успешно да ги извршуваат активностите во согласност со проектот и дефинираните рокови.
  • Проектните менаџери треба да обезбедат поддршка и координација на напорите на тимот согласно планот за работа на проектот.
  • Проектните менаџери треба да извршуваат планирање на активности и целосна документациска комуникација.
  • Проектните менаџери треба да подготвуваат агенда, состаноци и записницни од состаноци.
  • Проектните менаџери треба да подготвуваат проектна документација, планови и извештаи во согласност со проектот.
  • Проектните менаџери треба да планираат, организираат, координираат и контролираат прибирање на податоци, обработка на податоци и известување за истите
  • Проектните менаџери треба да подготвуваат и координираат со тендерска документација за набавки потребни во проектот.
  • Проектните менаџери треба редовно да комуницираат со проектниот директор и партнерите како и засегнатите страни за статусот на имплементација на проектот.
  • Проектните менаџери треба извршуваат и други активности поврзани со имплементација на проектот.

 

Квалификации

Кандидатите кои ќе аплицираат на повикот треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • Завршено минимум високо образование (додипломски студии) од областа на општествените науки или други области дополнети со искуство во соодветната област
  • Стекнато минимум 2 години работно искуство во менаџирање на програми/проекти
  • Поседување на вештини за раководење со проект, мобилизирање на средства, известување и други административни вештини
  • Напредно познавање на Microsoft Office (Word, Excel, Power Point) и интернет алатки
  • Одлично познавање на Англиски јазик
  • Претходно работно искуство во програми или проекти финансирани од страна на УСАИД ќе се смета за дополнителна предност

 

Доставување на апликации

Кандидатите за проектен менаџер треба да ги достават следните документи:

  • CV
  • Мотивациско писмо
  • Листа на референци (работодавачи) за контакт

Документите за пријавување треба да се достават по електронски пат на е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., најдоцна до 25 јули 2021 година со наслов „Апликација за проектен менаџер“

 

Селекција на кандидатите

Селекцијата на подобните кандидати за проектен менаџер ќе ја врши комисија креирана од страна на Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико

Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико го почитува начелото на еднаков третман и недискриминација во одлуките.

 

Критериуми за селекција

  • Исполнување на условите на повикот
  • Квалитетот на доставените документи
  • Освоени поени на интервјуто

Само подобни кандидати ќе бидат повикани на интервју.

За одлуката за селекција на кандидатите ќе бидат известени само кандидатите кои ќе бидат повикани на интервју. Институтот Ромалитико го задржува правото да не ги извести одбиените кандидати за причините за нивно одбивање.

Дополнителни информации за повикот можете да добиете во просториите на Институтот Ромалитико во Скопје на адреса (Аминта Трети 33а 1/25), или на тел: 075/314-504, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот или електронски на е-маил адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Прочитајте го повикот тука.

Партнери и поддржувачи

   
   
     

Пронајдете не’

Контактирајте со нас

ул. Мајаковски бр. 12/1-18,
1000 Скопје, Северна Македонија

+389 75 314 504

[email protected]